LJUBAV, SMRT I SNOVI

Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
 
PrijemČesto Postavljana PitanjaTražiRegistruj sePristupi
LJUBAV, SMRT I SNOVI - Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
Tema "Za goste i putnike" - otvorena je za komentare virtuelnih putnika. Svi vi koji lutate netom ovde možete ostaviti svoja mišljenja o ovom forumu, postaviti pitanja ili napisati bilo šta.
Svi forumi su dostupni i bez registracionog naloga, ako ste kreativni, ako volite da pišete, dođite, ako ne, čitajte.
Molim one, koji misle da im je nešto ukradeno da se jave u temama koje su otvorene za goste i putnike, te kažu ko, šta i gde je kopirao njihovo.
Rubrika Erotikon je zaključana zbog dece i net manijaka, dozvolu za pristup tražite od administratora foruma !

Delite | 
 

 marcela

Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Ići dole 
Idi na stranu : Prethodni  1, 2, 3, 4, 5  Sledeći
AutorPoruka
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 9:00 am

и уште еднаш...

СĖ УШТЕ СУМ НА ЛИНИЈА
МЕЃУ ДЕНОТ И НОЌТА
СЕДНАТА ВО АГОЛОТ НА ЧАСОТ
ШТО НЕУМОРНО КРУЖИ ОКОЛУ
ЦЕНТАРОТ НА СВЕТОТ.
МОЛЧАМ...
И ЗБОР НЕ УМЕАМ ДА ПРОНАЈДАМ...
СКРИЕН Е, И ЗАКЛУЧЕН НАДВОР
ОД МЕНЕ, РАДОСТИ СОБИРА
ТОЈ НЕКАДЕ, ОД НЕКОЈА ТУЃА
ГРАДИНА СО ЦВЕЌЕ. А ЈАС,
ВЕНЕАМ И ГРАДИ ПОЛНАМ СО
БОЛОВИ ТЕШКИ, ОД ТИЕ НЕПРАВДИ
ОД ТИЕ ...
И ПРАШИНЕСТА МРЕЖА ЗАТВАРА
ПОГЛЕД МОЈ,
И НЕ ДОЗВОЛУВА ДА ВИДАМ ЗРАК,
И НЕ ДАВА ДА ЧУЈАМ ПОЈ,
И НЕ ДАВА ДА ДОПРАМ БИЛО
ОД ЖИВОТОТ СЛАДЕН...
НЕМА НАДЕЖ И НЕМА СТРАВ ОД
УТРЕ....ОТИ...
ПОРАКА ДОБИ СРЦЕТО МОЕ,
ДОНЕСЕНА ВО ЧАСОТ МЕЃУ
ДЕНОТ И НОЌТА, ВО ЧАСОТ КОГА
СТОЈАМ НА ЖИЦА, ВО ЧАСОТ НА
ПРЕМИНОТ ОД ДЕН ВО НОЌ, ГЛУВА...
- ТИ СИ ДОМ НА ОСАМЕНИ СНИ...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 9:01 am

денеска...

ДЕНЕСКА СУМ
ГЛОБАЛНО РАЗГЛОБЕНА ОД
НЕТРАНСПАРЕНТНОСТА НА
ФИЛОЗОФСКО – ДЕМОКРАТСКИТЕ
ФРОНТОВИ...
ОД БЕДНИ И БОГАТИ СЛОГАНИ
УМЕТНИЧКО – МАРГИНАЛНИ,
КОНФУЗНО ИЗГЛАСАНИ,
ЗА ДОБРОТО НА ЕСТЕТИКАТА,
ЗА ДОБРОТО НА НЕВЕРОЈАТНОСТА,
И БРОДОЛОМСТВОТО НА СВЕСТА
ЧИТАТЕЛСКА...
ДЕНЕСКА СУМ
ШОРАНТНО ВОДЕНА ОД
ПУЛСОТ НА СРЦЕВИТЕ НАПАДИ
И РАСХОДУВАНИТЕ МОЗОЦИ
НА ДЕКАДЕНТНИТЕ ТРИУМФИ НАД
ПИСМОТО СПАКУВАНО ВО ХАРТИЈА
СМЕШНО НАСЛИКАНА СО ТЕЛА И
НЕКУЛТНИ ЛИНИИ СКАРЛЕТНИ…
ВПРЕВЕЗ ЗА ОЧИТЕ ДУХОВНИ…

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 9:02 am

ден...


И ОВОЈ ДЕН
МИСТЕРИЧЕН,
ЗАБЛУДЕН,
ЗАТВОРЕН...

И ОВOЈ ДЕН
ЗАУТРЕН,
ЗАДЕНЕТ,
ЗАПЛАДНЕТ,
ЗАВРШЕН....

И ОВОЈ ДЕН
МИР ДУШЕВЕН,
БАКНЕЖ ГАЛЕЖЕН,
НАСМЕВ ШЕПОТЕН,
БЕСКРАЕН...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 9:04 am

ти...

ЗАСОЛНАТИ СНИ ПОД СТРЕИ
СРОНАТИ, СТАРИ...
ЗАБЛУДЕНИ ОД СОНЧЕВИ ЛАЧИ
УТИНСКИ,
ЛЕЛЕАВО ТРЕПЕРАТ И ЅУНАТ
РАЗВИГОРНО,
НАДЕЖНО...
ЗАРУМЕНЕТИ ОД МИСЛИТЕ ЛЕФТЕРНИ,
ЗАВЕДЕНИ ОД ЗБОРОВИТЕ ЉУБОВНИ,
ЗАСТАНАЛЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОЖД
БАКНЕЖИ, ГРОМОВИТИ ПРЕГРАТКИ....
ЗАМАЕНИ, УМОРНИ ОД ТАНЦОВИ ЧЕКОРИ
НА ЗЕМСКИТЕ РАЈСКИ СЛАДОСТИ...
ЗБИРААТ МАГЛА ОД ПОГЛЕД ЗАСЛЕПЕН,
И БЕСКОНЕЧНО ЗАКЛУЧЕН ВО
ЗЕНИЦИТЕ НА СОНЦЕТО И СЈАЈОТ ЅВЕЗДЕН
СОБРАНИ ОД НЕБОТО ТВОЕ...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 9:05 am

тишинам...

ТИВКО СУШТЕСТВУВАМ,
ДОДЕКА СЕ ПРИБЛИЖУВАМ
ДО ТИШИНАТА
ОД СОПСТВЕНОТО ПОСТОЕЊЕ.
ЈАС СУМ ДРУГОСТ...
ТИШИНА ВО МЕНЕ,
ГЛАСНА ТИШИНА
УНИФОРМИРАНА,
СЕКОЈДНЕВНА,
ПОСТОЈАНА...
МОРЕ ИГРИВО,
СЕНТИМЕНТАЛНО АКУСТИЧНО,
ТЕМАТСКИ РАЗНОВИДНО,
МОРФОЛОШКИ АПСТРАКТНО...
ЧЕКОРАМ ТИВКО,
НЕ БУДАМ СПОМЕНИ,
ОСТАРЕНИ ЛЕТА И ДНИ
ЗАСТОЈАНИ ВО ОДАИ МАЛИ...
ТИВКО ПАТУВАМ ПО
БЕЛИ, НЕНАПИШАНИ СТРАНИЦИ
ЧУДЕСНО СПОКОЈНИ, А
ОСАМЕНИ... ТИШИНАМ
И ЗАВЕДУВАМ СВРЗНИЦИ
ОД УТРАТА РОДЕНИ, А
ОСАМЕНИ...ТИШИНАМ
И ЖЕЛНЕАМ ДА НАРУШАМ
ГЛАСНИ СПОКОИ, ДОДАДАМ
ВРЕМИЊА И МЕСТА,
ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА,
НА ТРАГИТЕ НОВИ,
НА ЛИЦАТА СЕМАНТИЧКИ
КОНЦЕПТУАЛНИ... ТИШИНАМ
ДОДЕКА ПРЕПОЗНАВАМ ЧЕКОРИ
ТИВКИ, СВОИ...ЈАЗИЧНО КОДИРАНИ
ОД ЗВУКОТ НА ВРАТАТА И
ЧЕКОРИТЕ ТВОИ...


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 9:08 am

која сум?

ЈАС СУМ ....
А, КОЈА СУМ ...?
А, ШТО СУМ...?
ЖЕНА ОД ХАРТИЈА,
ПЕРО ОД ПТИЦА СОКОЛИЦА,
МАСТИЛНИЦА ВО СТАКЛЕНКА?
... МОЖЕБИ СУМ СРЦЕВИНА
ОД МОЛИВ СТИСНАТ В РАКА,
ИЛ СУМ ЗБОР НАПИШАН
СПОМЕНИ ШТО ЗАРОБУВА,
СКИЦА ЖИВОТНА И ПРЕТСТАВА
АПСТРАКТНА НА СРЕЌА
НЕЧИЈА И СЕЧИЈА, САМО МОЈА НЕ...
ИЛ СУМ НАРАЦИЈА И КРЕАЦИЈА
ОД СЕКВЕНЦИ АВТОРСКИ,
СТРУКТУРА СЕМАНТИЧКИ ДЛАБОКА,
МЕТАФОРА ГРАФИЧКА...
...
ШТО СУМ ЈАС?
ПУЛСИРАЊЕ?
ДАМАРЕЊЕ?
ПОЕТСКИ ЗДИВ?
ДОМ ЗБОРОВЕН?
....
...КОЈА СУМ?
[center][center]
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 9:10 am

фикција или...

Пред мене стои фиктивниот лист, бел по боја, толку бел што црното што треба да се впие во него нема да може да преживее ни некоку часа. Сакам да го оставам таму, сакам да го истоварам од својата душа, да не ме боли веќе, да не ми тежи веќе. Си велам: доста беше дружењето со него, со црното. Потрошив многу време носејќи го в пегратки ко мало дете, пеленаче. Време е да го иставам од таму, од топлината на моите гради и да го пуштам само да си оди, на неколку чекори подалеку од мене. А моите гради зажеднеа по воздух и нежност од виорот што со упор се витка околу мене, дојден од далеку, испратен од здивот на усните твои.
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 9:12 am

огледало...

В РАЦЕ ДРЖАМ ОГЛЕДАЛО.
НЕ!
ЈА ДРЖАМ ДУШАВА МОЈА...
И ВО НЕА ВИДУВАМ ЛИЦА МНОГУ.
ЛИЦА ЉУБЕНИ,
ЛИЦА ОДЉУБЕНИ...
И СЕНИШНО ТРЕПЕРАМ ОД
ЈАНЅИ СТУДЕНИ ШТО КО
ЈАЗЛИ МЕ ТЕГНАТ И ГУШАТ...
...
И СЕНИШНО ТРЕПЕРАМ ОД
ОЧИ СТУДЕНИ НА ОНИЕ ШТО
ВОДИТЕ ОДАМНА ГИ БЕА ПОНЕЛЕ
И ИЗМИЛЕ НИВНИ ОДРАЗИ НА СРЕЌНИЦИ...
....
СТИНЕАМ....И БОЛУВАМ....И ВО СОНИШНИ
ДИГРЕСИИ СЕ ДАВАМ....И ЧУВСТВУВАМ....
....
ЧУВСТУВАМ....
НЕКОЈ МИ ПОДАДЕ РАКА...НЕ ЕДНА, ДВЕ
...И ПРЕГРАТКИ ОТВОРИ И СВЕТОВИ МОИ
СТУДЕНИ ЗАТВОРИ.....
....
И УКРАДЕ ОГНОВИ ПРОМЕТЕЈСКИ И
ГИ ЗАПАЛИ НИВ ДЛАБОКИ В ДУШАВА
МОЈА ОСАМЕНА....И ОГЛЕДАЛА СКРИ...
ОД ОЧИТЕ МОИ, ГАЛЕБИ СИНИ РОДИ....

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   14/11/2010, 4:11 pm

[b]монолог на една непозната жена

родилни болки ја завиваат утробата
на душава моја, катаден, катавечер,
грч мисли, грч ромол дождовен, грч
желби за раѓање на моето ново...
а пустина се стори надежта, кога
на календарот животен погледнав,
рано е, видов... сè уште рано за убави
нешта, за прегратка мирисна, за..
....песна приспивна...сè уште рано за
милувки и насмевки нежни, трепетни...
ако! - си довикнувам тивко, нечујно,
„биди добро“, слушна ти многупати...
...издржи!...
издржи и не реви по секој час одминат,
по секое зајдисонце, по секој молк месечев.
не воскреснувај патила испатени,
на молитви за празнини непотполнети...
не коленичи пред текстови ненапишани,
пред зборови бели, хартиени...
погледни! - часовникот неуморен όд врви и
бесшумно порака ти праќа низ етерот
од птици исполнет... и жици за алишата
наполнети од вредна домаќинка... издржи...
... биди добра! – ечат тие пренесувачи на
еха фрлени во понорот на потребата,
во бездните поробени, со мрежи пајакови
исплетени... таму, каде орхидеи засадени беа
и прсти печат за препознавање оставени
врз градбата, во сопственост на иднината...
таму...каде те чека спорадична среќа...но само
ти биди добра.............................................
и не врти грб на таа со љубов врата отворена
отисоците на која видливи се... и никој не успеал
да ги избрише, за „чиста“ да биде............................
.


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   21/11/2010, 12:21 pm

некога...

некогаш...или барем еднаш
кога бурите на моите немири
ќе ме понесат како лист хартија
испишана со твоите траги
со боја сребрена ко ѕвездите небесни,
земи го листот сув, со раката и доближи го
до срецето, слушни ги шепотите,
и неуморните чекори осаменички
по улиците на градот...
таму некаде низ редовите е душата
што сонува и на очекувањата се радува
што светлина носи од одблесокот на
твоите очи, што успева да преживее
од погледот и допирот на рацете твои...
обоена со најнежни емоции
преживува денови, доживува ноќи
морни осамени и става крилја пламени
да достаса до брегови далечни,
до извори маѓични,
до усни волшебни,
до прегратки топли,
судени...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   21/11/2010, 12:24 pm

Распуштена страст ***



кодирани мисли
декодирани емоции
расплетени чувства
сплетени татнежи
одрази постмодерни
слики стари
цветови суви
црвено-морничави
голицкаат свест
грицкаат зборови
нишанат цели
орбитално поставени
смешно нацртани
бурлескно комични
театрски неодржливи
шетаат стокмени
низ улици долги со
избришани патокази
курзивно болдирани
временски трансформирани
реално адаптирани
виртуелно актуелизирани
потреби непотребно
документирани ...
...
допираат срца
полеваат очи
отвараат усни
шират раце
растат високо
коренито – незаборавно...
онироманти
огнено потребни
да визуелизираат перцепции
длабоки владеачки
апокалиптично залудени
од страсти полудени...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   21/11/2010, 12:25 pm

......

биографски празнини
излез побарале во
здивот со траги
зад себе... од
пулсирања,
дамарења,
бидувања,
милувања,
убедувања,
толкувања...
биографски полнежи
влез откриле во
трагите нежност
оставени....врз
избришани
спомени,
диво изникнати
во предели питоми...
заведени,
од мирисот,
обликот,
почетокот и
крајот
на хоризонтот
фиктивно реален
помамен,
незаборавен....

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   21/11/2010, 12:29 pm

монолог на една непозната жена

родилни болки ја завиваат утробата
на душава моја, катаден, катавечер,
грч мисли, грч ромол дождовен, грч
желби за раѓање на моето ново...
а пустина се стори надежта, кога
на календарот животен погледнав,
рано е, видов... сè уште рано за убави
нешта, за прегратка мирисна, за..
....песна приспивна...сè уште рано за
милувки и насмевки нежни, трепетни...
ако! - си довикнувам тивко, нечујно,
„биди добро“, слушна ти многупати...
...издржи!...
издржи и не реви по секој час одминат,
по секое зајдисонце, по секој молк месечев.
не воскреснувај патила испатени,
на молитви за празнини непотполнети...
не коленичи пред текстови ненапишани,
пред зборови бели, хартиени...
погледни! - часовникот неуморен όд врви и
бесшумно порака ти праќа низ етерот
од птици исполнет... и жици за алишата
наполнети од вредна домаќинка... издржи...
... биди добра! – ечат тие пренесувачи на
еха фрлени во понорот на потребата,
во бездните поробени, со мрежи пајакови
исплетени... таму, каде орхидеи засадени беа
и прсти печат за препознавање оставени
врз градбата, во сопственост на иднината...
таму...каде те чека спорадична среќа...но само
ти биди добра.............................................
и не врти грб на таа со љубов врата отворена
отисоците на која видливи се... и никој не успеал
да ги избрише, за „чиста“ да биде.............................

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   23/11/2010, 12:29 am

минување...


времето минува гледајќи низ прозорецот
спие над него, се буди под него, заминува
блиску до него, останува недалеку од него.
сонува за надворешни слики и лица на
минувачи, случајни патувачи по улици долги.
сонува за себе во часови тивко што се движат
кога стрелки се поклопуваат, кога некој
мисли на друг. и кога сака да истрча надвор
преку мостови над реки бујни, кога размислува
да прескокне ограда и се нурне во вода длабока,
тивко, за да не чуе никој во утрата рани, без
сонце и магла врз просторот чудно облеани.
и престана да се плаши од играта шах...
од крајот со мат...од солзите собрани во аглите
на будните очи што уловени ко срни беа од
стрелец упорен, а сега далеку отиден...безадресен,
во лов нов, на некои лилести цветови и
млади разиграни слапови од коси црни, диви.
загледано во точките на зенитот од погледот
невин, а бескрајно гладен...за нови и нови
семи од разни текстовни паралели и црвени
бои, предмети и секунди неброени...
... остана времето да минува и заминува со лицето
нацртано врз бескрајноста и мирувањето...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   23/11/2010, 12:30 am

мрежа...


лудило, нестварност, пајаци
на сите страни...плетат мрежи...
лавиринти, магични кругови...
траги непознати, а само едно
светло в рака, а само една мисла
во мене, во тебе, во нас...
посакавме да го посееме дрвото
на животот, го украдовме него од
едемот, од таму каде удобно му било.
се осозна тоа, почна да реви за времето
свое дамнешно... да вреви и викоти
со глас безгласен, а сите околу – глуви
и долу и горе, и мажи и жени, столбови
од камен исклесани, а со кожа обуени
- победа! – победа! пламтат гласовите
многу, од малкуте движечки креации,
а малкуте вистински нефрустрирачки,
антропогени анимации од кревки меса
и пајакови пипала бескрајни... и сизиф е
поблизу од нив... и диоген е поблизу од
нив... од ветрот што седум кругови врти
околу вечниот оган. од крвта што девет
кругови пие од изворот на животот,
од помнењето за лудилото и губењето
на боите од погледот кон сонцето и
ѕидот со тантела искината од ногата
на една непозната жена... со глава фрлена
врз долините на понорот страсти...
со гради истакнати напред ко скица од
цртеж што допрва треба да се роди...
и болна потреба по допирот на кошулата
симната и префрлена преку десното рамо...
зарем убавината е единствената двополова
андрогина? зар она што е внатре е пусто и
празно, свесно – несвесно и опасно?
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   23/11/2010, 12:32 am

некогаш...


некогаш...или барем еднаш
кога бурите на моите немири
ќе ме понесат како лист хартија
испишана со твоите траги
со боја сребрена ко ѕвездите небесни,
земи го листот сув, со раката и доближи го
до срецето, слушни ги шепотите,
и неуморните чекори осаменички
по улиците на градот...
таму некаде низ редовите е душата
што сонува и на очекувањата се радува
што светлина носи од одблесокот на
твоите очи, што успева да преживее
од погледот и допирот на рацете твои...
обоена со најнежни емоции
преживува денови, доживува ноќи
морни осамени и става крилја пламени
да достаса до брегови далечни,
до извори маѓични,
до усни волшебни,
до прегратки топли,
судени...

Nazad na vrh Ići dole
meseceva rosa

avatar

Ženski
Broj poruka : 14292
Location : u jutrima koja sanjare...
Datum upisa : 25.08.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   25/11/2010, 11:27 pm

marcela ::
волим кад киша долази
волим њен меки додир
по уснама мојима
по окицама и прстима
то је додир твој
пољубац твој
поглед твој...
волим кад мој кишобран
скривен у чошку чека
а ја правим се да не видим га
и одлазим ван
да осетим
пољупце твоје
...останем тако
дуго ван...
да бидем с тобом
љубави моја...



____________________________________________
Tamo gde je ljubav nikad nije mrak...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   4/12/2010, 12:59 pm

родена за...

се родив играч на улоги да сум,
необични, чудесно идеалистичи,
надреалистички, авантуристички...
донкихотска руба на себе носам и
гордо со крената глава во оклоп
урнебесно идеалистички се
занесувам дека победничка сум...
што среќавам лица на среќници,
што вдахнувам романтични вибрации,
што замислувам рацио конотации од
илузорни конфронтации во светот
ирационален, мистично наивен...
и спокојно си патувам и рефлексии
упатувам ... хоризонти целам, цели
низ правта барам од стапалки временски
нејасни, а сепак емотивно стресни...оти
романтичар сум бесен во кожа од невидлив
спокој... див опортунист и заводлив илузионист...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   4/12/2010, 1:06 pm

господе...


господе, те барам не знам по којпат
вечерва, а те барав и вчера, но ти...ти
не се јави и не се појави од скришноста
своја, не ме удостои со поглед еден...
а јас, јас, пак сум таму, во квадратот на
мојата осаменост и надежам дека некогаш
тебе ќе те сретнам... погледни господе
таму долу, таму во зрното човечко, таму
каде студот одаите ги полни, таму каде
никој нема, освен самотијата и немотијата...
и господе, знам, ти не доаѓаш....умен си, а и
нема каде да се задржиш, каде да здивнеш и
одмориш години свои, каде да заблескаш низ
зборовите и насмевките....оти нив одамна ги нема,
мртвата смрт ги украла, ги однела и понела некаде
господе...
и трае еднаквоста, трае како времето трајно што е,
трае, трае, трае....
легната на подот, сплотена со хоризонталата негова
не може да допре до вертикалата, да порасне, да...
...прости ми господе, да живот заживее, преживее,
одживее... а воздухот го има, а сонцето го има, а мене,
па и мене ме има... некаде нацртана врз ѕидовите бели
врз прозорските стакла, врз обликот на вратата влезна,
врз сето земно и сето неземно.... во љубовта, во здивот,
во постоењето и задоволството од него.... господе...
a ти погледни....можеби ќе се сетиш на онаа што
на чудесен начин молитвела за тебе, за љубовта, за
занесот од неа.... за боите на ѕуницата... за песната
на поетите жители во неа... означена од знакот мисловен,
од сеќавањето и навраќањето на дните под неа скриени, во
постела легнати, во прегратки заштитени од невремињата
разни... темни.... крадачи на среќата...свиткани во прамените
коса разлеана низ прстите, низ образите, низ градите....низ...
животот...господе....само таму....

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   4/12/2010, 1:07 pm

вечерва...


вечерва ...
трепет сум,
зрак кристален,
звук азурен од
школка излезен...
жетварка сум на
класјата љубов
посеани во душата
твоја разбранувана...
и милувка, и насмевка,
и воздишка врела
украдена низ играта
на мисли трепетни,
и среќа, и вртлог внатрешен,
задреман на бреговите
од животот разбразден...
вечерва сум мост
на желбите и зрно
живот во тебе посеанo...
вечерва сум повеќе
од вчера...
зрак сончев сум,
силен неспокој што
сака тагата да му
ја украде на погледот
твој на прозорецот
залепен...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   4/12/2010, 1:10 pm

песна...

оваа е песна за зраците од сребро
вткаени во твоите густи коси,
за очите твои длабоки ко морето
светско, што во себе ѕвазди скрило,
за усните твои, вриежи небесни
со вкус на портокал зрел...
...ги крадам од некаде зборовите силни
за со нив да те изградам и допирам
и ветришта сопрам што студено болат,
кога утрото е безнадежно празно,
кога денот се шири од соголеноста
на мислите обременети со тебе,
кога ноќта очи не склопува и
сон не сонува, зашто не те допира...
...ги купувам од некаде надежите
за со нив да ги задоволам потребите
од боите на тетовираната фантазија,
од мирисот на утринското кафе,
од топлината на прегратката што
брзо заминува по друмиштата долги,
од тебе, патнику низ мојот свет мал,
создаден само за тебе ....
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   4/12/2010, 1:12 pm

подарок...



закотвени во морето мисловно
гласовите пловат безпредметно, низ
текстовен полнеж со мртви идеи...
се затскриваат и се лажат едни со други
за раз-бирањето и раз-ликувањето,
за промените и домените на пловидбата
што долго трае... за почетоците и
краевите без интерпункциски знаци...
а само колебливо – употребливи целини
виорат низводно, удираат во карпести
студенила, белеат ветришта тивки, се
смеат бесшумно и монолошки дебатираат
за лицата исцртани со линии тенки
сместени на бреговите два, уловени од
сончевите зраци, невидливи од хоризонтот,
од крилјата на албатросот кој летајќи
должини скратува и небеса достасува,
бесмислени траектории сковува во име
на разликите од репликите недоречени...
... тишината наеднаш се стишува...
бојот гласовен концептуален станува,
од невидлив во видлив премина, се слеа
со знаците јазично кодирани, блиски до
мислите невидливи, а длабоко присутни...
секој миг, секој час од денот недооден,
месеците недогледни, годините идни...
лицата лика добија, линиите полнеж остварија,
опачините скриени останаа за погледот
на другиот до мене... разгален од милувањата
и допирањата на текстовните приказни
сонливи - со љубов подарени ...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   4/12/2010, 1:14 pm

пишувам...


пишувам за да преживеам,
живеам за да ме читаш
зашто, едноставно е...
не ги сакам сеќавањата
тие се надвор од бидувањата
од потребата и желбата по
ликата твоја, по милоста, по
радоста од семата за мене без
дилема, а само длабока теорема,
....биди добро мила ...
не ги сакам дните облечени во бои
сиви и длабоко варијабилни, од
изнемоштени чекања и механички
надевања по постоењето ....и
фрлањето на погледот зажарен,
отварањето страници без
здивот оставен таму ...
ги сакам зраците утрински,
тие се бидувањето и раѓањето,
дијагонални мрежи што нè поврзуваат
и спојуваат линиите на чекањето,
ги сакам мислите твои силни ко
бродови океански, ковертирани
и адресирани до душава игрива,
оставени на прагот нејзин да ги
чува од сенките на преживеаните
невиности...сенилно диви...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   4/12/2010, 9:27 pm

душо...


мислата повторно те мисли,
а сонот повторно сонува, иако
е денот разбуден, од топла постела
стркалан, со домашни обувки обуен.
часовникот стрелките ги движи и
низ прозорецот погледнува да ми те
дочека... како од автомбилот врата
затвараш и поглед фрлаш кон влезот
од одаите на душава моја, жар опожарена.
...ти знаеш дека без тебе не можам, ден
да преденам, ноќ да доноќам...
и сè така се нижат часовите во лудиот
вртеж на времето магливо, неуморно...
и сè така се везат редовите со твоите
бои црвени од душата и крвта создани,
да ги стоплат студовите и исушат солзите
што поројно се тркалаат низ бреговите и
им пркосат на дождовите што плачат
надвор од мене...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   12/12/2010, 11:43 pm

ѕвона...



го слушам ѕвекото на ѕвоната
што ја слават љубовта родена
во време на летната сончевина,
во време на силната врела убавина.
и радосна сум и среќна сум
што животот, восхит за мене стана...
од насмевката твоја едниствена...
поширока од крилјата на албатросот бел,
подлабока од океанската длабочина,
попривлечна од елдорадо во окото
на неуморниот трагач по златниот рај,
посензуална од мирисот на морската
вода и маината на островот пуст...
а душава ми е полнеж од твоите
очи со боја на чоколаден прелив,
и усните сладост од вкусот на
медовината што само кај тебе успева,
и рацеве, трепет од допирот на твоите
преграби силни, а меки ко памукот бел,
а мисливе, тие се свилен плаш кој ја завил
душава моја и гордо ја шета низ улиците
на градот во кој царуваат сните...
а ѕвоната продолжуваат да ѕвонат
и да повикуваат на ноќна слава...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   12/12/2010, 11:45 pm

ден...


и овој ден е како секој друг ден,
опијанет од силните сончеви зраци,
зачинет со врелото утринско кафе,
разбуден, а сè уште мрзелив да стане
од топлата постела и умилно й се насмевне
на празната коцкеста осаменост...
а надвор светот шумоли и вреви,
и се движи и празнува, екстатично орно,
а внатре тивка зашеметеност царува со
предметите без прав и траги од прстите наши,
без жарта од опојниот мирис на цвеќето,
без азурот на небото испрекршенo во сите бои,
без жега, без ѕвезди, без радости, без...
а со отсутноста на дишењето и треперењето
на дамарите, на срцето, на душата, на усните,
а со очи полни од просторот неисполнет,
а со мисла отапена од здодевноста на ноќта,
а со...
возбудата од раѓањето на Венера и Марс,
a со создавањето и насладата од животот,
со убавината негова, со радоста од заборавот
на тагата и мермерните мисли исклесани врз плочата
од времето поминато...
а со симнувањето на завесата од прозорецот и
бројките на календарот што ништo не биле,
и со мирисот на твоето постоење во моето цело,
и со треперот на раката додека ти го вари кафето,
и со насмевкaтa на усните додека ти посакуваат
убаво утро и убав божествен ден мое мило...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   12/12/2010, 11:46 pm

одредени...



во рацеве ми лежи умов, тетеравец
нелогичен, а филозофско практичен,
да мисловно интензивира и мотивира
бесконечна актуализација на сеопштата
животна доминација...откако ти, се всели
со јуристички – носива, каузална конотација,
и стана доминанта и апсолутна варијанта
на сите небесни и телесни аналогии.
читач и гаталец на мислети мои, на
желбите што живуркаа во бедрата нескротливи,
мироносец на сите бранувања и војувања
со љубовта и страста чијшто извор си ти
кротителу на непознатите и за мене духови.
си расправам за тебе, а се бранам од себе,
со тантал војувам, предавство да не чини
гордиевски јазли одврзувам саде ноќ, саде ден,
да поминам низ нив и дојдам до тебе богу
на можните стварности...богу со стрела в рака
и тело на војник предводник во битката со
човекот во мене - опседнат со тебе...а тоа само
илузија е, спорадична илузија од целата
реална и бесконечната вселенска материјалност
од, ти и јас....јас и ти....соѕвездија на овие наши
небесни простори....родени да сме космосмички
потреби – одредени од сите сили надземни...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   12/12/2010, 11:47 pm

дозволи ми...



дозволи ми да го вдишувам
мирисот на твојата коса, долго,
долго, долго, долго...
дозволи ми да го вдишувам
огнот од твоите усни, долго,
долго, долго, долго...
и не вели ништо и не крши ја
играта на пламените црвени,
и не мисли ништо и не плови низ
брановите на тивката река...
само дозволи ми да создавам
музика во ритмот на ѕвездите
морски, што сега во нас населени се,
само дозволи ми да изградам
замок од среќа во кој ќе те скријам
и ги чувам мирисите етерични,
само дозволи ми во него да наредам
огледала безброј и низ нив да се
огледува смеата твоја и љубовта моја
кога на прсти се напрега да ги дофати
усните и прегрне крилјата раскрилени,
птицо од рајот побегната – посетител
на долината на желбите мои бескрајни...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   12/12/2010, 11:48 pm

тајна...



во очите ти пишува - тајна
во душата ти пишува - тајна
врз усните ти спие - тајна...
насекаде во ареалот околу тебе
зрачи - тајна...
можеби, тоа е она што
сакаш да биде видено,
да биде знак твој овоземен.
оружје против опиумот магичен
што го изготвува алхемијата
со силите на универзумот
низ кој плови мислата моја...
и нека биде – тајна
и нека биде – недофат
и нека биде – неумор
и нека биде – неспокој...
сè до уморот од осамата
сè до муграта во црвено
сè до ноќта во понорот
сè до допирот на погледот
што од некаде те познава
што од секогаш те има
што од утре ќе те ужива
во домот свој небесен
во пламенот свој незгаснат
во душата своја благодетна
во таа, што за едно се родила,
тајната да ти ја растајни во
со себе да те восхити и радост
животна ти подари...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   12/12/2010, 11:49 pm

некаде ...


горе сум, на брегот од
битисувањето...
ги ловам
мислите
заеднички
со прсти ко мрежа рибарска,
а таму маглини
во небитието
скриени,
во коцки мраз
стопени.
ја горат обезличеноста
од потребата
за живот...
ги врзуваат денот и ноќта
заедно
во желбите,
во трептежот,
во душата...
во мене,
за тебе.
а јас те засолнувам во
мислите шетачу низ
моите сни,
те оставам таков каков
што си,
свој,
единствен,
препознатлив,
те засолнувам од желбите
заѕидани во неспокојот,
за да не те вознемируваат,
полудуваат,
одредуваат кој да си,
милино шепотна...
и горе сум во понорот
ѕвезден,
сама со сонот во дланки
запленет...
и горе сум – сама сум...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   16/12/2010, 11:35 pm

зошто?


ах, ти сакаш да знаеш зошто
те копнеам вечерва?
зошто со зборовите те цртам
и со музиката споредувам?
ах, милино, тоа не можам
да ти го кажам. не вечерва
оти ноќта тајните не ги чува,
на ветрот му ги дарува...
ќе го почекам утрото што
на хоризонтот нежно лежи
и нему ќе му дошепнам
зошто по тебе копнеам, на
зраците распукани ко нар зрел,
ним ќе им ја откријам тајната моја,
на боите од виножитото и
капките утринска роса – кристална,
што амброзија се на душава моја
кога очи отварам, па добро утро
кажувам – и поздравот го
испраќам во кутивче со мирис
на сон и блажен неспокој...
ах, ти сакаше да знаеш зошто
те копнеам вечерва?
дочекај го утрото, тоа ќе ти
каже зошто си мој неспокој...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   16/12/2010, 11:37 pm

убавина...



до куферот од излогот, стои
шамија од свила исткајана...
минувачи многу, погледнуваат
се насмевнуваат и блажено
заминуваат без да ѕирнат и
ја погалат убоста нејзина.
до неа црвено ташниче и синџир
од некаков привид на скапоцен
камен ко река извира и сенсот
го надополнува, и чевли, и цвет,
и уште неколку детали полегнале
на сите страни, магично привлечни.
кармин - црвен, ракавици – бели...
парфем и чорапи од чипка...
страст од хармонија фрлена во
избледена сликовита колонија
на уметници, анти-радикали со
безимена и здивена фантазија
оградена во златесто – платинеста
рамка и прав од времиња стари...
и, сето стои собуено, а необуено
во азурот на окото што трепери
и смалаксува од плимата и огнот
во боите родени, и жарта на залезот
или влезот низ портите на сончевината,
на месечината и пантомимата на
животот артист, без актери идеалисти,
само со една случајна убавина,
фатална нежност и, рака – гулабица
што шамија дофати и сонот го
разбуди и во себе досели... а денот
смалакса и нежно й се насмевна на
таа чудесно осаменичка лика
родена од недрата на космичката
длабока истоштена сладост...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   16/12/2010, 11:37 pm

ангел...



јас ангел бескрилен сум,
а летам по линии светлински
и слетувам врз светови лелеави
од уморта на безредието чедно,
и снага одмарам од темни зрна
в очи посеани, в душа проголтани...
од сенки брановити, од копја
стреловити на оружјеносец млад...
летам бестелесно, пеам безгласно,
за да ме видиш и чуеш со душата
своја, оти темното ме открива, оти
светлото ме покрива и соголува,
а јас, само за летот неполетен знам,
за стоењето во место и гледањето
во хоризонтот на светот пред мене
што далечен е, и само за ветрот што
твоите прамени ги виори и кине парче
од душата ти, да мене ме дарува,
израдува и крилја нови ми роди, па
сето што не било, сега да биде...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   16/12/2010, 11:38 pm

ѕвона...



го слушам ѕвекотот на ѕвоната
што ја слават љубовта родена
во време на летната сончевина,
во време на силната врела убавина.
и радосна сум и среќна сум
што животот, восхит за мене стана...
од насмевката твоја единствена...
поширока од крилјата на албатросот бел,
подлабока од океанската длабочина,
попривлечна од елдорадо во окото
на неуморниот трагач по златниот рај,
посензуална од мирисот на морската
вода и маината на островот пуст...
а душава ми е полнеж од твоите
очи со боја на чоколаден прелив,
и усните сладост од вкусот на
медовината што само кај тебе успева,
и рацеве, трепет од допирот на твоите
преграби силни, а меки ко памукот бел,
а мисливе, тие се свилен плаш кој ја завил
душава моја и гордо ја шета низ улиците
на градот во кој царуваат сните...
а ѕвоната продолжуваат да ѕвонат
и да повикуваат на ноќна слава...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   19/12/2010, 10:57 am

***


... Од стиховите на ноќта, ти богу
олтари градиш врз земните небесни гори...

... Луди сенки, трчајте кон желбите празни...
Ти што си?
Благослов?
Создавање?
... Слегуваш ли од небо, доаѓаш
ли од пекол Милино?

... Ти вулкан си што во мене расне...
немирен ѕвер што јачи, трепет
на немата слика...

...нека завесите на светот нас во
уморен сон нè фрлат...

... Згасни ја ламбата
и темнината нека нè скрие!...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:09 pm

- ти не знеш...

ти не знаеш
што има во мене,
која сум,
колку прав има налепено
на моите стапала од дните жедни,
низ кои ветришта сум одела,
со какви сили сум се борела,
од какви судови сум осудувана,
со какви црнила соочувала,
со какви немири спојувала,
со колку дни празни, недогледни
војувала.
ти не знаеш,
каква струи ме кршат,
раснебитуваат,
кога гледам во недогледот,
кога дишам од просторот
длабок низ кој ечат празнините
меѓу тебе и мене.
ти не знаеш
какви товари во себе носам,
колку е голема мислата моја,
колку е топла љубовта моја,
колку посакувам да изгорам,
тогаш кога ќе ги склопам очите,
тогаш кога сонувам,
тогаш кога ќе видам дека
празно е.
ти не знаеш,
колку се долги патеките виугави
низ кои маратонски чекорам
во надеж дека причина постои
нов ден да пречекам
без куфер – илузии
без страв од јазлите морнарски
кои ги стегаат моите погледи,
кои ги јармат моите желби,
кои ќе ветат инаквост
доколку стиховите ти кажат
колку сонцето ми недостига,
и дните некои со копнеж обоени
и, никогаш нема да се повтори:
- ти не знеш...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:11 pm

~ти~

и повтор нов ден
и повтор нови надежи
и повтор нови желби
а сė исто е
и денот не е нов
и надежите не се нови
и желбите не се нови
само датите менливи се
само соништата свежи се
само насмевката посилна е
од она што вчера беа,
од она што денеска се,
од она што утре ќе бидат,
парчиња душа кои
за тебе денот го дишат
за тебе живеат
за тебе се радуваат
ти што ново утре си
ти што љубов си
ти што сонце си
ти ...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:12 pm

~скали~

месечината тивко низ скалите слегува.
јас немо гледам во чекорот што доаѓа
немам радост, немам тага, немам емоции.
не знам што треба да чувствувам кога гледам,
како месечината слегува низ скалите.
само во дланки си погледнувам и сакам
да прочитам што длабнатините кажуваат.
дали и тие, како и душата сė подлабоки се,
дали и тие, нежноста од себе, како птици
во ноќта, од кафез беа ја ослободиле...
го кревам погледот што тркалест станува
и во бои азурни се потопува, а само едно
црно поле ништо не може да го совлада.
ништо не може да го улови додека плови
низ брановите од водите солени...
со манири пиратски, тоа краде сė што може
украдено да е. ги краде линиите отиснати
на усните твои. ги краде ѕвездите заробени
во погледот твој. ги краде воздишките пламени
од бакнежот твој. те краде тебе, мил мој.
и сега трепeт станувам, и нежност, и вулкан
кој за запир не знае... и добро ми е, јас
едно знам, повторно жива сум... додека гледам,
како месечината тивко низ скалите слегува.

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:13 pm

исповед на една птица

дозволи ми да се напија од вкусот на твоите очи.
дозволи ми да ги заробам нив во погледот мој,
да ги поврзам световите што се разнишале на сите страни.
дозволи ми од нив да го украдам сјајот на ѕвездите
за да го спречам вриежот што сака да ме попари,
што жерави низ моите крвни линии...

кога би знаела што посакувам повеќе,
дал мирисот ил вкусот на пламенот од цигарата
што ги магли нив... би посегнала
да го вдишам, голтнам и исчезнам засекогаш.
да се опијанам и се нурнам во наборите
на минатото за да станам посвежа утрово
во прегработ на твоите очи.

тие ме носат некаде надвор од самата себе,
таму каде се распослале бродовите на заминување,
таму каде се наоѓа лулката врзана за
тешките гранки на старото дрво,
каде твоите раце го тегнат јажето,
ме фрлаат и повтор пречекуваат...
ја следам линијата на твојот поглед,
ме води до поимот време
заборавен од мене кога сум до тебе.

во нив го здогледувам цветот
негуван во глуво доба, свеж од нашите
милувања. во тој поглед го барам своето утре
спакувано во стаклена ваза
и букетот набран од твоите црни очи...
во нив го барам виножитото што после
танцот на дождот остана да гостува и
се протега на диванот на којшто
со часови седевме, за да пловиме
низ разбрануваното море на страста...

дозволи ми да го гризнам мирисот на твоите очи
и го почувствувам азурот што се лелее над островот
од она што не сакаме да сме, осамени души;
да го погалам мекиот сјај, оној што ме претвара во птица...
гласник од светот на бескрајната љубов...




Poslednji izmenio marcela dana 13/5/2011, 8:15 pm, izmenjeno ukupno 1 puta
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:14 pm

~еве ме~

еве ме, некаде сум, а
каде, не знам... се губам.
заминувањето ме најде како
со сламени мисли пакувам
изрази со љубов кодирани
од времето
кога ти ги дарував дните,
кога под кожа ми се вовлече,
кога ти пеев низ стиховите,
кога не знаев за поимот време,
кога ниту мракот не ми пречеше,
а само далечината од тебе до мене,
со сочувство ме гледаше...
еве ме, тука сум, се пронајдов.
а, дали таа сум?
каде одлета птицата од плиш
што во крвта ми се вовлече?
каде се изгуби приказната нераскажана,
за жената од маалото
што посака да биде разгалена
откако ги сретна чекорите во кои
ја препозна песната на душата,
откако во нив се препозна себе...
еве ме, тука сум, растреперена
додека ги бројам празните часови
насобрани на подот, а оставени од
сонот заклучен во дланките што
далеку се...
да ме вознемируваат,
да ме допираат,
да ми прорекуваат надежи лажни
дека жешко е во зима,
дека ладно е во лете,
и дека некаде помеѓу, повторно
ќе те најдам тебе, до себе...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:16 pm

~иреална оптика~

извртени концепти на едно присуство,
фиктивни, беспросторни, делумно реални,
ме оградија во рамка со искривени свести,
ме фиксираа и оформија по вкусови нечии,
а јас премалувам, тивко, бавно исчезнувам,
се оддалечувам...
соочена со празнотијата на утробата јазична,
со неможноста да ја разбудам речта,
со неможноста да ја разнебитам јадта
која празнината во мене ја обликува
која битието го пресликува низ очите
на оној што повторно гледа
се оддалечувам...
...и допирам отворени порти на друг свет
каде дијалогот лебди над речта,
каде постои можност за разбирање,
каде мислите минуваат низ себе,
а јас, јас ги разбирам без да сфатам
што е тоа што сė уште клаустрофобично
ме тресе, додека на ликот од сонот помислувам,
додека отсутноста во мене ја заживувам и,
оптичките илузии во човек ги преобликувам,
во креација без шаблон, без резон...
...и најпосле сфаќам, тоа сум јас во себе,
моето расцепкано јас, што еднаш се препозна
во ликот, алка во синџирот од немири искован
во глувоста на ноќта и денот песоклив,
додека стоев на прагот од сопственоста
убедена во нераскинливоста на битијата
што будалесто ја заменија стварноста и нечии
реплики станаа..
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:17 pm

~поглед~

кршливо е сė освен дождот,
надојден одненадеж со чекор
нежен – мачкин, не можам да
го пречекам, да му речам: добредојде.
a го гледам. го дишам. се смирувам.
го допирам и си мислам: ете вака
се чувствуваат тие што голтаат реки
и, тие што пишуваат песни пливајќи
во водите зборовни, недогледни.
понекогаш посакувам, јас да сум
голтач, и поет, и пливач низ силните
води зборовни, да си поиграм со
нивните огнови и се изгорам од нив.
и гламња станам. да ме снема, исчезнам.
а ти, што не можеш крилја да рашириш
срцето да ти стане вител ко песок во бура
оти не ја препозна жената што на патот
ја сретна со поглед сведнат...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:18 pm

~причина~

која е причината за болката на главата,
за брзината на светлината,
за брзината на мислата,
за брзината на ветрот?
која е причината што низ мене тие патуваат,
ме осветлуваат,
ме вознемируваат,
ме растреперуваат?
која е причината што пристигаат до далечна точка,
од каде се насмевнуваат,
и отпоздравуваат?
која е причината што јас секогаш без одговори сум?

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:19 pm

~~птица~~

правам сė за да не заспијам.
ги молчам песните што ме треперат,
ги полнам очите со поглед сончев,
ги раѓам ѕуниците од водите солени,
го галам молчаливиот облак на самотијата.
правам сė за да не заспијам,
а да не ги вознемирам
сите ноти,
сите зраци,
сите бои,
сите тишини,
кои доволни не се, да ги дофатат птиците
кои го крстосуваат небото,
кои се допираат во недопирот,
кои се разгалуваат од моќта своја,
кои ме повикуваат да бидам – нивна
робинка и сила – јас која правам сė за да не заспијам!


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:21 pm

верувам...

верувам. му верувам на секој збор,
на секоја буква без естетика, а со
силна етика од душата земена
што рабови држи да не пукнат,
додека песната од срце ја крадат
пред да побегне со чекори илјада, и
далечини создаде, додека прескокнува
преку некакви облици во најразлични
пози! и да! јас верувам. му верувам на
секој израз што во себе те содржи,
на секој детал уметнички во кој си ти,
на секој звук, мелодија, блуз рапсодија,
во кои си ти. јас верувам и храбро нурнивам
во длабочините на стиховите, родени само
за тебе тогаш, кога далеку некаде си.
верувам. му верувам на времето кое
бранови меѓу нас распостила и со нив
ја покрива правта додека чекориш
врз асфалтот врел и нови насоки гледаш.
верувам. му верувам на денот што
бескорисно се троши, додека римувам
стихови од букви неестетски, а трепетни
и диви, и нескротливи ко коњаник осамен
кој сака да ги достаса зраците сончеви пред
денот да ги скрие во ноќта, пред песната да
остане без тебе, пред јас да заспијам и те
однесам некаде со себе... далеку од тебе!

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:22 pm

што си?

ловец сум на воздишките што
пред да заминеш ги заробив и
во свилени платни ги задомив
за, со мене да си кога далеку си.
ги гушкам и во нив барам
превод на твоите соништа
за да разберам, за да сфатам
дали бегалец си, ил заробеник
во занданата на мислата моја.
и не можам сė да декодирам,
сите знаци, бои и шепоти тивки.
мирисните мисли ме шеметат
тие, кои од твојата кожа украдени
ги исполнија полињата мозочни...
а јас стравувам да ги допрам
и се изгубам во сликата магична
што секоја вечер пред очи ми
доаѓа и нежно ме допира, милува
и загатка нова поставува: ти што си,
бегалец ил заробеник на мислата
моја копнежлива... што си?

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:24 pm

нејасен трептеж...

времето бавно танцува,
продолжено,
варијабилно во форма на
лак и стрела...
секој чекор познат е,
на иста песна извежбан,
со исти ноти растреперен,
со исти раце околу телото.
го оправдува постоењето,
ја брани смислата што длабока е,
без да го крене погледот од
врвот на своите зашилени чевли
и погледне некаде во хоризонтот,
каде лежерно одмараат емоциите
што прилепени за асфалтот жежок
им побегнале на ритамот и
здивот ноќен, а сплетени во дланките
што ги раздвиживаат бедрата и
замислените линии светлина,
вкопани длабоко со лакот и стрелата
што избиваат од оваа песна.


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:25 pm

мит...

ноќните мириси го полнат градот,
тој вдишува длабоко и вели едно, ах
од милините многу...
коцките улични блескаат од тој опој див,
клупите полни со разговорени лица се
што игрите на денот во усниот нотес
запишани, низ смеа ги декодираат и манифестираат
пред очите на месечевиот сјај...
низ патеките, по некој чекор љубовен
тивко се протркалува без да размислува
за времето што покрај него шумно заминува.
и сė е толку топло и мило, што уморта заспива
и некаде на ѕидот градски, со боја запишува
одговори без контекст и разумен код...
и ова би била ефтина ноќна шема,
и бурлеска за врвната бајата тема,
за совршенството без богови,
за совршенството земно,
што само една, гравитациска ротација
длабоката празнина исплашено ја отфрла,
за да се заборави митот, за една вљубена жена...


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:26 pm

ништо...

и што после сė?
после потопот и арката на ное?
после земјотресот и пукнатините?
после цунамито и големите бранови?
после тебе и твоите авантури?
и што после сė?
ништо не остана!
ниту гулаб со зелено гранче.
ниту ѕид рамен со фотографија насмеана.
ниту зрно песок и надеж за живот.
ниту мир во крвта и сон безгрижен.
и тогаш, и таму, и сега и овде
човекот исчезна!


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1450
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:27 pm

~~~~~~~

мистерија.
во недостиг на попаметна работа
режирам драма со тема за која
не сум размислувала,
а со мирис на домашна одаја
и живот бајат.
се вртам низ просторот
ко ловец во гора матна,
ловам улоги,
ставам маски врз лица запоставени.
чудно остарени.
од нив бришам траги од вчера останати.
зборови во ум им ставам,
ги обучувам, доучувам на денот лански
да не мислат.
и катаден исто.
момент вистински чекаме.
ко чудо невидено
пред очите на денот да се појавиме.
јас и тие,
улогите што срамежливо
под нозе си гледаат
а надежно треперат,
дека видени ќе бидат од очи стотина
што пристигнале пред летната жега
да уживаат во
радоста на лудоста моја,
која, кога нема идеја
за животот сака да раскажува и
драми без конфликти и
длабоки прашања,
на сцена поставува...

Nazad na vrh Ići dole
Sponsored content




PočaljiNaslov: Re: marcela   

Nazad na vrh Ići dole
 
marcela
Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Nazad na vrh 
Strana 2 od 5Idi na stranu : Prethodni  1, 2, 3, 4, 5  Sledeći

Dozvole ovog foruma:Ne možete odgovarati na teme u ovom forumu
LJUBAV, SMRT I SNOVI :: Naša autorska dela- piše se i čita u temama ispod naslovne :: Poezija-
Skoči na: