LJUBAV, SMRT I SNOVI

Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
 
PrijemFAQ - Često Postavljana PitanjaTražiRegistruj sePristupi
LJUBAV, SMRT I SNOVI - Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
Tema "Za goste i putnike" - otvorena je za komentare virtuelnih putnika. Svi vi koji lutate netom ovde možete ostaviti svoja mišljenja o ovom forumu, postaviti pitanja ili napisati bilo šta.
Svi forumi su dostupni i bez registracionog naloga, ako ste kreativni, ako volite da pišete, dođite, ako ne, čitajte.
Molim one, koji misle da im je nešto ukradeno da se jave u temama koje su otvorene za goste i putnike, te kažu ko, šta i gde je kopirao njihovo.
Rubrika Erotikon je zaključana zbog dece i net manijaka, dozvolu za pristup tražite od administratora foruma !

Share | 
 

 marcela

Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Ići dole 
Idi na stranu : Prethodni  1, 2, 3, 4, 5  Sledeći
AutorPoruka
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   6/7/2012, 11:01 pm

поглед изгладнет
зборови убавина
пат до душата

.....

не свртувај се
некаде постојам за
првпат - постојам

.....

убаво ми е
кога кружам во себе
мирисам на сон

.....
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   6/7/2012, 11:10 pm

се случи
... се случи туѓата приказна
да затропа на мојата врата
си замина
... си замина од мене
сонце мое кое те чував ко ангел
украден од процепот
меѓу јавето и сонот
... стојам на прагот од
времето
... долго, долго, најдолго
и неуморно
опрост за тебе барам,
да имаш ден убав, насмеан
оној што го немавме
а за кој соневме
милино...
глуво е
... глас тивок слушам ...
далечен, а силен и твој
милино...
... ќе се вратам душо,
ќе се вратам
таму каде се спојуваат
денот и ноќта,
улиците меѓу тебе и мене,
линиите од дланките наши
... милино ...
ќе се вратам ♥

marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   6/7/2012, 11:14 pm

кружно размислувам
кога за тебе букви нижам.
коцкесто говорам
кога надежам и за рабовите
се држам, да не се изгубам
во пирамидалноста
на животот многуаголен
што ко ѕвезда аглеста
над мене стои и неспокои
собира, дели, множи
и онака блажено
ми дофрлува: „насмевни се ти,
непозната големино ...
не оди ваму-таму кога
равенката на животот сė уште
не ти е решена, а времето
зад аголот ѕирка и те очекува“
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   14/7/2012, 10:12 pm

таинствени немири.
уште потаинствени погледи
заробени во жолтото сандаче
покрај патот, во весникот.
кафето е веќе испиено.
одлучив.
весникот нема да го читам.
ќе се заштитам од немирите.
од сите мамења.
одлучив.
ќе го свиткам и
фрлам во аголот зад мојот грб.
погледите ме следат.
никој не ја разбира бавноста
на уметникот.
ја разбираат само брзината.
растењето.
блесокот.
за нив времето е дофат.
престиж.
бавноста им била страшна.
растеглива.
несилна пред времето.
бавноста никогаш не
завршувала.
траела.
била ко провев за да низ него се протне
минатото.
она што едвам преживеало во сеќавањата.
но тиe не знаат.
не знаат ништо за бавноста.
таа изгоре со брзите информации
во весниците зоробени во жолтото сандаче.
изгоре со пламенот
и огнот на прегрнатите болки
од осаменоста.
насилната осаменост и
одлуката
да се испие црното кафе без шеќер.
и без тебе.

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   14/7/2012, 10:13 pm

мириса на него.
не сум изненадена.
таква е поврзаноста.
без прашања
ти се вовлекуваат мирисите
егзистираат во тебе.
ги носиш насекаде.
ти се читаат на челото.
во зениците.
во недокажаните зборови.
мирисаш на портокалов цвет.
на величествениот пар танчари
кои играта своја ја набљудуваат
во огледалото зад себе.
мирисаш на шише виски
и отпушоци од цигарите
заборавени во пепелникот.
или можеби намерно заборавени
да мирисаат на него.
мирисаш на темнина.
на грч.
на допири од прстите.
на показалецот ставен врз усните
да ги замолчат пред да заплачат
од онаа ужасна работа.
заминувањето.

marcela

Nazad na vrh Ići dole
meseceva rosa

avatar

Ženski
Broj poruka : 23750
Location : u jutrima koja sanjare...
Datum upisa : 25.08.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   14/7/2012, 11:52 pm



Nekako osecam promenu u stihovima, i nekako mi delujes
srecna:)
Lepo je kad znas da ti je prijateljica obgrljena srecom hepi

____________________________________________
Tamo gde je ljubav nikad nije mrak...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   15/7/2012, 12:48 am

meseceva rosa ::


Nekako osecam promenu u stihovima, i nekako mi delujes
srecna:)
Lepo je kad znas da ti je prijateljica obgrljena srecom hepi



Jedan divan pozdrav za tebe moja draga meseceva rosa, ljubim te ...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   16/7/2012, 2:12 am

вечерва ...
посакав поет да сум.
започнав со тишината.
продолжив со мене.
те додадов тебе.
се сетив на дождот,
тој што ни недостасува,
а најмногу на снегот,
љубовта заедничка.
некаде со мислите ги
допрев усните кои
лепат од бакнежите
со мед напоени.
не ги заборавив ниту
гласовите тивки, па
врели од радостa
кога дланките треперат
од допирите.
навистина.
вечерва ...
посакав да ја соткајам
најубавата песна, љубовна.
онаа, која ја смислувам
кога ми недостигаш и
низ која сакам да ти шепнам,
дека добра сум и храбра сум,
а во себе тивко плачам
оти немоќна сум пред времето
и ѕидот невидлив - исправен
да ги подели нашите светови.
вечерва ...
посакав песна да составам
песна за да не занемам кога
низ шепот добра ноќ ти посакувам
и во сон те носам ...
вечерва ...
посакав, а не успеав
поет да сум ...

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   16/7/2012, 6:28 pm

сакам да не знам
за доаѓањата
за средбите
за заминувањата
за започнатите трепети
за изговорените зборови
за разменетите допири
сакам да не знам
за настаните
за плановите
за потребите
за заедничките вкусови
за идентичните мисли
за таинствените дупчиња
на нашите лица
што не’ прават посебни
сакам да не знам
за топлата прегратката
за моќта на насмевката
за убавината на љубовта
сакам да не знам
за вистината која патува
да ни ги зароби
душите во стиховите
испеани од птицата
во кафез која за мене ја
побара на пазар
а таа исчезна
љубов моја

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   17/7/2012, 9:53 pm

пишувам
пишувам со причина
за мене - важна
за другите не знам каква.
таква сум создадена
да стојам на другата
страна од улицата
меѓу процепите со трева
и по некој цвет,мал, проникнат
од асфалтот.
спроти мене - високи градби,
убави, цветни тераси
маси полни со смеа
свилени развиорени драперии
воздух што мириса на дом.
јас и времето – сме сојузници
во стоењето и недвижењето.
комфорно мируваме
меѓу бедните расфрлани камчиња
кои еден пат градат.
фенемонално незборовен.
од модерен до задоцнет.
интелигентно образовен, а
немоќен и заробен во
зближувањето на денот и ноќта
долу и горе.
префинет ко бринета од
насловна страна – ментално важна
за полнеж на гола фантазија.

marcela

Nazad na vrh Ići dole
meseceva rosa

avatar

Ženski
Broj poruka : 23750
Location : u jutrima koja sanjare...
Datum upisa : 25.08.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   17/7/2012, 10:09 pm


____________________________________________
Tamo gde je ljubav nikad nije mrak...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   17/7/2012, 10:54 pm

meseceva rosa ::

hepi
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   17/7/2012, 10:55 pm

ах тие чувства
чудесни –
волшебни.
изгладнети по
тебе самата
ти поминуваат низ
торзото
нозете
стапалата.
ти си посебна
смешна
љубена
вљубена.
се јавувааат беспрашално
на улица
кога влегуваш во автомобил
кога пешачиш
или одиш на лекар
со болка страшна.
понекогаш
те исцрпуваат
те паничат
те вознемируваат
те разнежнуваат.
со страст
ти ја грстат косата
те допираат по усните
по вратот и
дланките
те воздигнуваат
на високи петици обуваат
во црвени бои дотеруваат
распалуваат
разголуваат
и
пред да мигнеш
сфаќаш
...
чувствата
се само немо гушкање
на соголените
илузиите
што пловат
во последнатата
чаша
мартини

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2012, 9:08 pm

good bye или goodbye
сеедно ми е
уживам кога пишивам
и грешам.
некогаш намерно
некогаш ненамерно.
...
сеедно ми е
оти зборот со исто значење е
а јас сакам која грешам..
...
да. ќе речете.
ќе се насмевнете,
јаболчниците на образите
ќе ви се затегнат,
зацрвенат и
исполенат со неверување и
ќе продолжите да ме читате.
па ме замислувате како жена
која можеби некаде случајно
сте ја сретнале
кога наутро брзате да стасате на работа
кога се возите во градски автобус
или повикувате такси, а таму
седи таа и ви вели: повелет
заедно ќе патуваме.
седнувате и уште еднаш
сте исполнети со неверување.
од куртоазија ќе пропелтечите
благодарам
ќе се насмевнете шармантно и
задлабочите во смислување
асоцијации
кои наместо утринско кафе
ве будат и истовремено
интелектуално подигнуваат.
...
знаците се редат покрај вас
боите на трепкачите – побавно
го прават тоа.
сепак, вие
патувате и себеси се измачувате.
која е жената
случајно позната – а непозната,
со здив тивок – пригушен
која утрово низ мојот живот
пропатува
како сон од кружна илузија
воздивнувате и не верувате
во допирот на чудната
имагинација
којa утрово во бразање
ја оставивте во бањата
пред
настапот на креативната
урбана – фрустрација.

marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2012, 9:09 pm

ах, колку сум непослушна
кога сакам да сум слободна
и да ти побегнам,
ко птица - одлетам.
ти не знаеш што е убавина.
што значи сонцето на усните
да ти свети.
ти не знаеш, што е утринска свежина
со мирис на кафе и љубов зачинета.
таа тебе од очите и душата ти побегна,
за мене да ме засака и со врела
страст ме омаја.
....
а таа беше твоја светлина,
ѕвезда во очите твои
кога во неа се заљубив,
пред мене да ме заљуби
и тебе те изгуби на
пат по твоите беспатија.
и луди задоволства
по
кратки здолништа
нанижани по барови
и црвени кармини на лица уморни
од ноќи неспани.
со чорапи чипкани и мириси
измешани од мажи и жени.
...
ах, колку уживам кога сум
непослушна,
дива,
со коса расчешлана
развиорена
во дланките на ветрот
и животот
заробена.

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:18 pm

-----------------------------------------------------
во овие летни
горештини
ќе ги спалам
чадорите - хартиени,
поставени на автопатот
од сите несоници.
...
неколку дена
уживам во
своите развиорени коси,
во часовите
групно пеење
на песните
мисловно разбушавени,
во играњето
на танците од годините
заборавени.
во слатките зборови
од усните
распалени.
...
и додека ова трае
мајсторски шепотам
четириесет и неколку
годишни слога,
сленговски,
сложени,
алегорични,
метафорични.
и успешно ги спојувам во
смисловно - раскалашена
целина.
...
ах, колку умно
глумам мирнотија
кога пеам и
танцувам
на таа силно -
опасна убавина.
но умирам во себе
додека
се прашувам за својата
писменост
која таинствено
ја брише дождливата
интелигенција
пред да ја откривам
машината за пишување,
и на неа,
твојата насмевка
па доживувам
- градација.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:19 pm

ги сакам патувањата
ме возбудуваат.
во мене будат
гламурозни чувства.
...
купувам билет
седнувам на некое од
седиштата,
каде пред мене
утрово седел некој друг.
ги кревам завесите
погледот го кријам зад
црните очила за сонце
и безгрижно им се
доверувам на
противречните слики
кои паралелно
се менуваат без да ме
ужасуваат.
нема зборови,
нема истории,
трнливи приказни,
само преобразби на
задоволствата
досега скржаво затворени
во порите на заобиколните
патишта.
...
бели линии,
полни, па испрекинати -
мистично ги одделуваат
надежите на светот
надвор од себе.
тогаш си велам:
-ах, колку сакам да се изгубам,
да не се вратам
онаму каде ветрот
врело ги милува моите чекори,
каде виорот ги краде моите
бисерни зеници.
да се изгубам и да не се вратам
по вторпат на истата станица
каде здивот е
вечност.
...
знам - не се мамам
не измислувам
само сакам
животот да го поставам
над законот
без да објаснувам
и да патувам со копнежот
исцртан врз моите усни
пред да се распаднат и
писмо за времето поминато
остават.

marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:20 pm

разделбите...
и тие се дел од
возбудливото патување
чии амбиции се судриле
со диктатурата на животот.
ти се вовлекуваат во
записите, во
таинственоста на себето,
во љубовта
во осамeноста,
во конечноста,
во пријателствата,
во непријателствата,
во бесконечноста,
во смртта.
...
стаписано стоиш на
шанкот и си ја бараш сметката
од секоја доживеана промена,
од сите качувања и
симнувања на станиците
на кои понекогаш и не им ги
паметиш имињата.
...
сакаш да заминеш
но, се’ уште немоќно стоиш
и чекаш да ги почувствуваш
брановите кои си ги сонувал
додека си ги слушал
раскажувањата за нивната убавина.
...
но тие, раскажувачите,
не знаат што е тоа море
и што се тоа бранови
и што се тоа разделби,
зашто пред вас ко магла ја истураат
нечија доживеалица, а не вашата,
таа која боли
додека вкочането
чекориш
.....
стискајќи го со дланките
таинствениот
прирачник што за тебе го изготвил
живот од секоја - конечна
разделба...

p.s. посветена на сите тие што прерано ме напуштија без да ги прегрнам и им кажам колку ги сакам...
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:21 pm

ново утро – ново верување
напад на будност - живост
изблик на остроумност
интелигентно повторување
и цела година - глумење
на сите знаења, а незнаења.
...
месечариш кога се движиш
по истата патека ко планета
од креветот до кујната
среќен што си ја преживеал ноќта.
резонираш за колекцијата плочи
азбука на твојата душа – со едно delet
во временски музеј складирана
...
тоа те боли – ти се смешкаш
не се предаваш – се камуфлираш
мистично преживуваш - илузинираш
мртви ѕвезди симнуваш
...
со часови ја вртиш географијата
го бараш своето парче среќа
даваш се’ од себе – оставаш впечаток
дека се возиш по мазни патишта
налудничаво се радуваш на сите
зарабени поделености на луѓето,
алчно ја голташ тишината
и безумно танцуваш врз маргиналната
себе постојбина.
...
префинето уживаш во сета убавина
без страв од просечното препознавање
насликано врз универзалноста.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:22 pm

............................................

жената е
раскалашена,
немирна бура.
љубовна семантика.
скокотлива насмевка,
распален сјај во
погледот мажествен.
нежна симфонија
во часовите ноќни,
игрива трепетлика
и дива лавица
во наметка од свила.
...
жената е
утринска сончевина
насмевка и топол
нежен бран
галеж распален од
косите расплетени
ко далги на нечии брегови
сместени.
...
жената е
убавица
босонога кралица,
порочна,
и неопходна
ко здив. огнен
во немирот див
....
жената е
свет
единствен
и припаден на
единствениот
ловец
умешен во
екстазичните правила
да ја улови и
скроти.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:25 pm

*********************

седам – размислувам
се’ почесто го правам тоа
ко заробена во невидлива
драма.
размислувам за патувањата
кога сум во самотија.
-утре да заминам, си велам
во неговата куќа – никогаш
непосетена!
се уплашив – растреперив.
што е тоа?
омраза, моја или негова?
сакање, мое или негово?
вознемирено станувам
гласно крикнувам. не!
тоа е повеќе од тоа,
интелигенција со
медовина засладена и во
излогот на страста поставена.
чекорам и не седнувам
ко мачка се движам од мене до него.
јас мека и топла, тој студен и отсутен.
а беше жешко и спарно,
неспокојно и мистично
тоа посакување за заминување во
домот никогаш непосетен.
ја разниша душевната рамнотежа..
на хоризонтот нема видик
нема ништо освен подуени зборови
искинати парчиња облека
страст никому некорисна.
...
и снегулки врз кои тој со прст напиша:
сакањeто е моја работа, а ти
стисни ги вилиците и биди ми добра!
...
тоа беа неговите последни зборови...
снегулките ја покрија хартиената мисла
јас – повеќе не седам и не размислувам
за домот во кој никогаш немада да
добредојдам!

marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:26 pm

*********************

насекаде,
осамени патници -
антихерои,
натрупани – во соби
без прозорци
домуваат.
таа – сама,
животот је врти во
правец без насока.
не припаѓа таму,
не припаѓа онаму,
се движи во круг
талка,
праволиниски,
кривулесто,
бара свое засолништво.
наоѓа – тријаголник
од два пата и едно езеро.
се радува,
се смее ,
непрекинато виори
ко шумска самовила,
врз иглиците борови
танцува,
болка не сеќава.
...
во себе е дама,
ветровита убавица,
гулабица,
за многу недофатна
за него мистерија,
тивка напивка -
амброзија.
...
усните - жедни
неопитни да се сладат
од питкоста на
таа антропогена дива
залутана ко лик
од новела без сон,
...
онемено - осамена,
трчајќи по времето
....
недофат
...
исчезнува!.

marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:27 pm

&

уморна сум од пишување поезија
-љубовна.
уморна од твоите погледи
кои до мене не стасуваат,
уморна од невремето и времето
ниту за живот, ниту за среќа
-создадено.
уморна од славењето на илузијата
за убавината на ноќите
поминати во твоите прегратки
и зборови со волшебства напоени.
уморна од
твојата единственост.
уморна од морето мистика
низ кое пловиме без
да се дознае за потребата
која силно не’ врзува.
уморна да ја славам судбината
и врската папочна.
без која ниту јас сум жива – ниту ти жив
без тебе – со мене.
ах, колку сум само уморна од сите овие
непотребни умори....
кога треба среќна да бидам
и на дождот за тебе танцувам...
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:28 pm

&

женствено е да се има колекција:
високи потпетици,
ташни,
фустани,
бисери,
прстени -
веренички,
венчални.
наушници,
обожаватели непознати.
....
женствена сум и јас
....
имам колекција!
....
од писма и песни
до теба адресирани
никогаш по пошта испратени.
невидливи – а присутни
во сите мои немири.
...
родени во часови ноќни,
утрински,
попладневни.
....
секое со своја ѕвезда - судбинска
што ко сенка ги следи и благослови.
....
родени од утробата на моите потреби
да те имам и нишкам во прегратки,
на моите обли колкови и брегови тркалезни.
со светлина во мракот – ѕвездарам
и коренот на љубовта низ полињата
на страста го посевам, од ветришта - заштитувам.
...
женствена сум и јас
со мојата колекција
-единствена,
од насмевка сотворена.
тркалезна ко погледот
што
само до тебе допира.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:29 pm

животот почна да наликува на серија -
тв, турска, индиска, шпанска...
насекаде листи со програми од – до.
стануваш, - легнуваш
погледот само кон нив ти шета.
имаш страв нешто да не пропуштиш
се тенчиш,
сонуваш испревртени сни,
размислуваш кој ќе ти ја стегне раката
и ќе ти рече; - ти си мајски крт.
се збунуваш и
куферот во готовност го ставаш.
не знаеш која од адресите
залепени на него
повторно да ја употребиш.
се потиш
те гуши самотијата
која без име во тебе се изгубила.
љубов никаде нема.
таа одамана за пари се продала
и во некој бар опијането
дреме – а не видува дека
староста ја навалила,
здебелила
и со лоша шминка – маскирала.
---
ех, душо нашинска
ај, доста се движиш од нив до никаде
доста живееш во ограничени минути
кои секојпат до пола се повторуваат
и ништо не кажуваат.
....
ти не знаеш колку се убави облаците
одлетани над тебе
ниту гулабите со песна низ ветрот
родена.
ти не знаеш колку е убава твојата убавина
свежа ко утринско кафе и
мирисна ко кифличка со пекмез.
ти не знаеш дека тие лудости – ненаши
одамна зад решетки се ставени.
...
роди се
заблескај и
насмевни му се на секој мој стих.
потоа,
уживај во себе како да си крадец
на таинствен бакнеж
од жена – распојасана..
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:30 pm

……………………………………….

на неколку чекори од полноќ.
денот ми бега ко дете мало.
сакав да го дофатам,
заштитам,
но, се откажав.
доста е си реков,
нека созрее.
јас си се имам себе
тебе во мене
и што понатаму?
во нашите крила ќе долета
утре,
ќе прелета низ портата на
сите нови потреби,
ќе не’ заскокотка во длабочините
на скриените пориви,
ќе не’ разбранува,
и освежи ко олуја што ненадејно доаѓа.
седнати врз новостите расфрлани
под нашите тела безгрижни,
ќе гулабиме, додека утринското кафе го пиеме,
на сонцето му се смееме и
со нозете ги газиме старите
дрвени греди, криво поставени.
...
ех, мил мој саканику
јас сега ќе заминам и се одлепам
од типките на тастатурата
која ме притиска од сите страни.
ја сакам миризбата и
топлината која полека ме обзема
од одајата каде спокојно
ги читаш моите пишувања.
...
ќе ги спакувам овие нови стихови
во кутија со панделка
со боја огнена и
зачекорам внимателно,
да не те вознемирам додека во сните
– името мое го повикуваш.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/7/2012, 10:32 pm

&


си посакав мир.
сопствен,
мир – мирен,
затворен во зборот кружен.
...
кога посакував
силна се замислував,
дека ќе ги наткрилам
левата и десната страна
на телата во прегратка.
дека ќе ги заобиколам
бодежите од надежите.
дека тоа нема да сме ние,
ами некои љубени
од песните туѓи
кои пред спиење гладно
ги читам, за да заборавам.
...
си посакав убави,
недопрени мориња
за во нив, да ги потопам
сите пораки – ненапишани,
а тивко во себе – одговорени
за она што сум или не сум.
...
си посакав мир,
но не и тишина без музика,
без ритам и татнеж огнен,
без ноти и линии,
без муза и стихови,
без топлина и добрина.
на
јас без јас – вистинската
немирна танчарка
на твојата дланка од
далечините и длабочините
што се лизгаат меѓу нас ко капки
врз стаклената чаша
додека влажните усни
ги галат со блага
возбуда....
...
си посакав мир
со вкус на тутун и слатка
воздишка
-твоја.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
panonski galeb

avatar

Ženski
Broj poruka : 639
Location : negde u ravnici
Datum upisa : 23.02.2012

PočaljiNaslov: Re: marcela   5/8/2012, 6:30 pm

Nazad na vrh Ići dole
meseceva rosa

avatar

Ženski
Broj poruka : 23750
Location : u jutrima koja sanjare...
Datum upisa : 25.08.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   5/8/2012, 11:21 pm


____________________________________________
Tamo gde je ljubav nikad nije mrak...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   6/8/2012, 2:51 am

&

вечерва сакам да напишам
песна ...
и, да. по навика, љубовна,
немирна ....
но, поинаква од останатите
љубовни ...
зашто тие се исти со сите
други ...
мојата ќе биде кратка ко
средбата ...
топла и зајапурена ко
врелината ...
посмела од мене додека треперам
покрај тебе ...
и
едноставна.
...
навратив
да ги растерам
немирите
без да се свртам
и видам
што зад себе оставам
освен мислите
за тебе.
...
толку.

Marcela

Nazad na vrh Ići dole
meseceva rosa

avatar

Ženski
Broj poruka : 23750
Location : u jutrima koja sanjare...
Datum upisa : 25.08.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   15/9/2012, 11:57 pm

http://youtu.be/ZAzgEMsNGeI



____________________________________________
Tamo gde je ljubav nikad nije mrak...
Nazad na vrh Ići dole
Zar ptica

avatar

Ženski
Broj poruka : 21169
Godina : 41
Location : Vorteeeeeeex :)
Humor : Mama,sta znaci NORMALNO? To je program na ves masini ,duso.
Datum upisa : 24.11.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   16/9/2012, 10:35 am




____________________________________________
http://izpepela75.blogspot.com/

http://www.youtube.com/playlist?list=PL9829182DD3887760&feature=plcp

Opijam se dragi ali pijanica nisam....
Nazad na vrh Ići dole
http://lenka98.blogspot.com/
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   19/9/2012, 3:55 am



NAJLEPSE HVALA .... OD SRCA .... hepi
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   19/9/2012, 5:05 am

&

минута пред времето.
свет без време.
минута после времето.
свет без време.
ноќ.
на север – дремеж.
светот замира.
на југ – светлински колаж.
светот се отвара.
облици низ небото.
заруменети образи.
чувства.
придвижување на веѓите.
влага.
...
молковно проколнување.
зборовите не говорат.
насмевка.
тивок страв во него.
времето замира.
времето оживува.
далечините се блиски.
ритамот, ист.
нерамномерен.
демаскиран мистицизам.
насмевка.
дофатлива празнина.
знак.
невидливо видение.
шепот.
тивок немир во неа.
светлина.
...
...
свет без време.
отпечатени стапки.
свет со време.
времето чувствува.
минути.
...
marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   19/9/2012, 5:06 am

&

денес сум сина
птица.
вода.
небо.
немирна.
разбранувана.
нескротлива.
во моите длабочини -
скриени светови.
во моите зеници -
твоето сонце.
во моите височини -
вулкани.
врз крилјата заспиен -
хоризонт.
денес сум линија.
права.
испрекршена.
округла.
со поглед морнарски,
ги спојувам краевите на
световите.
ги дишам громовите и
свежите дождови.
ги тркалам кружниците и
спојувам огновите.
денес сум ковчег
маг - чувар на
тајни.
стасти.
неспокои.
денес сум сина.
зеница.
зенит.
златоуста шепотница.
стркалана до твоите усни.
закотвена врз твоите гради.
зажилена во твоите крви.
денес сум само с.
жена.
желница.
жигосана од печатот
жар – обоен.

marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   19/9/2012, 5:08 am

.не терај ме да зборувам.
.не вечерва.
.знам.
.чудно е тоа за мене.
.да не ги требам зборовите.
.моите чудесници.
.тие огномети што ме прават поинаква.
.знам.
.чудно е.
.да не ги очекувам ни твоите зборови.
.не вечерва.
.не сега кога ги поставив границите.
.на сите говори.
.не сега кога осознав.
.повеќе од се’ што ми треба.
.не сега кога копнеам.
.само за него.
.за.
.првиот говор.
.за.
.допирот на твоето постоење.
.те молам.
.биди тивок.
.прегрни ме.
.добро да бидам.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   19/9/2012, 5:10 am

.некои места.
.ги барате како петте минути во времето.
.ги требате како добрата судбина.
.ве гушат како љубовта.
.ве толчат како осаменоста.
.ви ја дивеат крвта.
.до возбуда.
.до.
.лудост.
.од.
.барањето.
.и.
.страдањето.
.од.
.сласта.
.и.
.страста.
.а нив - проклето ги нема.
...
.некои места – навистина ги нема.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
panonski galeb

avatar

Ženski
Broj poruka : 639
Location : negde u ravnici
Datum upisa : 23.02.2012

PočaljiNaslov: Re: marcela   22/9/2012, 11:58 am


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   1/10/2012, 4:31 pm

hepi
panonski galeb ::

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   7/10/2012, 3:18 pm

.што?
.ништо.
.зошто?
.затоа.
.и?
.одам.
.каде?
.некаде.
.остани.
.не можам.
.можеш.
.не сакам.
.јас сакам.
.всушност - те сакам.
.те требам онаква каква што си.
.со сите твои дилеми од ништо и затоа...
.можеби.
.не.
.сигурен?
.да..
.остани и не оди.
.амброзијо на моите сни.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   7/10/2012, 3:19 pm

&
.го проучуваше атласот на сопствените желби.
.некаде во центарот препозна лавина.
.врела. разбудена. проѕирна.
.посака да ја расплатни ко едро и замине во недогледот.
.се залепи за прозорското стакло и воздивна.
.светот беше некаде далеку.
.таа стоеше од другата страна на погледите.
...
.надвор од постоењето лееше дожд.
.и’ успеа да улови неколку капки, колку да почувствува.
.живот.
.да ја стиши препознаената Таа.
.седната врз куферот полн искри.
.а затворен веќе подолго време.
...
.замислено чекаше да се појави сопственикот.
.сличен на глетката спротивна од тоа пусто место.
...
.посака да е подалеку од животот кој со забрзани чекори.
.го напуштил запуштениот сатенски салон .
...
.стана.
.ги прегрнa разбрануваните топлини.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   7/10/2012, 3:20 pm

чекање.
...
или,
што е чекањето?
време.
трепение.
љубов,
почеток.
крај.
сценографија.
живот.
станица.
доаѓање.
заминување.
здодевност.
замореност.
несовршеност.
мир.
читање.
пиење кафе.
грицкање кроасан
во некое скриено сепаре
замаглено од пајажинестиот дим на цигарите
издуван од усни со кармин или тврди – машки,
маѓепсани од едно ало: доаѓам ....
...
утрото е врнежливо.
посипано со магла
мини здолништа
црни салонки
елегантни костими
и милиони надежи
кои не го мерат времето.
пред прашањето: - дали сум вљубен/а штом
немо се поклонувам пред
чакањето?
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   7/10/2012, 3:22 pm

&

колку е долг еден месец?
зависи...
некогаш е подолг од моите потреби
по тебе.
некогаш е покус од твоите (не)потреби
за мене.
тоа го знам.
и сакам да го променам и превртам.
во црно-бели кадри - го претворам
во архив - складирам – заборавам.
...
мислите почнав да ги позајмувам
ко топла супа на гладта и’ ги нудам, за
следното утро, рано да не ме будат,
мир и спокој ми остават
...
сакам да сонувам – долго, подолго
од првиот октомвриски ден, кога
изговорно мора да размислувам
за броевите,
за датите,
за годините,
за себе –
за времето кое минува со одблесокот
на секое следно утро.
без мене – без тој прв ден кој ќе биде предолг
ако останам да седам во мекоста на искрата
и не појдам кон арката, пред повторно да се запрашам:
колку е долг еден месец?
..
и зажалам за неисполнетото,
– само
наше време...
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   7/10/2012, 3:24 pm

.моќ = ноќ.
.невидлива.
.сеприсутна.
.претенциозна.
.мистериозна.
.каприциозна.
...
.сакана + возвишена.
.вдахновена.
.инспиративна.
.респективна.
.сензитивна.
...
= жена
..
maecela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   7/10/2012, 3:25 pm

&

јас читател сум
и вљубеник во се’ што се љуби.
ги пијам ко жедник стиховите
на поети познати и непознати.
ги љубам нивните стасти,
болови и копнежи.
ги оживувам во себе ко мои да се,
ги извикувам криците на имињата жарни.
...
јас читател сум
...
и поет сум – свој, најсвој.
љубам - љубов да дарувам
и
кованици од стихови ко ѓердани
врз телото на песните нижам.
во свила и возбуда ги облекувам
за убави да ми бидат,
за в душа рана ми пополнат,
пукотини залечат,
опекотини – стишат.
....
такви си ги сакам песните
убави да ми се....
радости в срце ми исполнат
и среќна ме сторат ...
барем тие, моите пишаници
без магли и темни илузии од фантазии
по љубов недадена
страдална,
крв обоена.
среќни ме сторат.
...
такви си ги сакам
убавина да ми се
...
убавина ко мојата убавина,
топлина ко она на срцево мое,
моќни ко жената Јас
похотни и страсни,
само на места поткршени
од тебе драги кој не осозна
...
љубов што значи да се дари ...
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   23/10/2012, 10:39 am

&

одненадеж ...
калдрмата засветли и заѕуни
од чекорите ...
следени од насмевката на сонцето
во погледот твој, божествен и само твој,
единствен ...
...
а тие, одамна заборавија на себе.
заборавија дека се живи и стварни.
одеа и се враќаа, се враќаа и заминуваа
испратени со куферите полни солзи.
...
ах, копнежу ...
дали позна во нив убавина ...
заробена, од времиња антички, со прав покриена.
дали позна божествена магија на мермер
безживотно поставена?
дали позна .....
...
денес,
треперам додека пишувам и музиката
на копнежот длабоко ја вдишувам.
и во себе, мигот го оживувам...
а тој,
обуен со високи потпетици и чорапи црни.
во фустан, скроен од копнежи и страсти,
со коси развиорени ко гривни
од ветрот подивени,
со насмевка расплатнена низ боите на карминот,
на бакнежи повикува ...
...
ах, денес,
треперам додека сликите назад ги повикувам
и со нежност воздивнувам ...
и се радувам што ...
... часовникот има поинаков од ... поинаку означува,
и не ми е важно тоа...
... и не сакам да видам
како времето го брои ....
...
среќна сум што
.... намерно, дома го заборавив ...
намерно, за да останам да живеам
во погледот твој ...
неоддолив.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   23/10/2012, 10:40 am

&

ах, чувствувам,
како се губам,
како лебдам и не постојам.
како мислите тло губат, а
срцето лудее и блажено танцува
од немирот во мене.
...
и
длабоко...
длабоко во него,
вулкан од растрепер блика,
и
длабоко ...
длабоко во него
нешто се случува.
...
и длабоко...
длабоко во него
сė е блажено,
необично, силно, изобилно и полно.
...
ах, признавам,
треперам штом те видам
и на тебе помислам,
двигателу на моите немири,
кој ги залуде сите дамари
покриени со плаштот на мирните сни.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   23/10/2012, 10:42 am

- и попатно, застанав до клавирот. посакав да, од мене ја родам најубавата музика, онаа која ќе ти каже дека постојам. јас. која сум посилна од ветрот. подива од гепардот. побрза од пантерот. понежна од цветот. јас. која сум таква какав што сум. без наивности и баналности посеани во дворот на моите зборови. jaс, koja сум богата во дарувањето љубезност на тие што копнеат по неа. јас. која сум само - жена која не знае да свири клавир. а сака да го прави тоа за тебе - убавино. marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2872
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   23/10/2012, 5:26 pm

* * *
ме разбуди денот
ме нахрани утрото
ме насмеа ветрот
ме разнежни дождот
ме оживеа песната
...
а одамна спиев
одамна храна сончевина не примав
одамна насмевката в зимнина остана
и нежноста не ги беше измила
нотите од песните
дамнешни, неслушани
...
пронајди ме
меѓу зраците утрински
меѓу зениците на луѓето
меѓу нивните зборови
...
пронајди ме
на балконот каде живеам
каде постојам
секој ден
секоја ноќ
додека светлата на возилата
покрај мене нимуваат
а јас им се радувам
на свежината
и белината
на мирисот
заплеткан во конците на покривките
за телата соголени
...
се радувам на душите
богати ко трпеза
вкусни ко есента
топли ко огнот в зима
...
пронајди ме
меѓу развиорените платна
за телата со души богати
marcela
Nazad na vrh Ići dole
panonski galeb

avatar

Ženski
Broj poruka : 639
Location : negde u ravnici
Datum upisa : 23.02.2012

PočaljiNaslov: Re: marcela   31/10/2012, 2:40 pm

marcela ::
- и попатно, застанав до клавирот. посакав да, од мене ја родам најубавата музика, онаа која ќе ти каже дека постојам. јас. која сум посилна од ветрот. подива од гепардот. побрза од пантерот. понежна од цветот. јас. која сум таква какав што сум. без наивности и баналности посеани во дворот на моите зборови. jaс, koja сум богата во дарувањето љубезност на тие што копнеат по неа. јас. која сум само - жена која не знае да свири клавир. а сака да го прави тоа за тебе - убавино. marcela




Nazad na vrh Ići dole
Sponsored content




PočaljiNaslov: Re: marcela   

Nazad na vrh Ići dole
 
marcela
Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Nazad na vrh 
Strana 4 od 5Idi na stranu : Prethodni  1, 2, 3, 4, 5  Sledeći

Dozvole ovog foruma:Ne možete odgovarati na teme u ovom forumu
LJUBAV, SMRT I SNOVI :: Naša autorska dela- piše se i čita u temama ispod naslovne :: Poezija-
Skoči na: