LJUBAV, SMRT I SNOVI

Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
 
PrijemČesto Postavljana PitanjaTražiRegistruj sePristupi
LJUBAV, SMRT I SNOVI - Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
Tema "Za goste i putnike" - otvorena je za komentare virtuelnih putnika. Svi vi koji lutate netom ovde možete ostaviti svoja mišljenja o ovom forumu, postaviti pitanja ili napisati bilo šta.
Svi forumi su dostupni i bez registracionog naloga, ako ste kreativni, ako volite da pišete, dođite, ako ne, čitajte.
Molim one, koji misle da im je nešto ukradeno da se jave u temama koje su otvorene za goste i putnike, te kažu ko, šta i gde je kopirao njihovo.
Rubrika Erotikon je zaključana zbog dece i net manijaka, dozvolu za pristup tražite od administratora foruma !

Delite | 
 

 marcela

Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Ići dole 
Idi na stranu : Prethodni  1, 2, 3, 4, 5  Sledeći
AutorPoruka
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:29 pm

душо моја...

душо моја, прстите твои волшебни се,
допирот нивен небото го отвари
нежно, галежно и водата од него ја ослободи.
душо моја, прстите твои волшебни се,
допирот нивен образите ми ги разгорува,
пламен во нив раѓа и насмевка крилеста
раскрилува ко галеб, што од мене до тебе долетува.
душо моја, прстите твои волшебни се,
допирот нивен што жиците на гитарата ги минува
звуците ги облагородува кога песна создава.
душо моја, прстите твои волшебни се,
допирот нивен од боите жената ја раѓаат
нежна, најнежна со кожа мека сомотна, трепетна.
душо моја, прстите твои волшебни се,
допирот нивен неспокој мој се, жед за живот
роден едно попладне врз асфалтот пеколен...


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:30 pm

~ ~ ~

добро утро велам и сонце
за сите посакувам...
добар ден велам и насмевка
од душа откинувам...
добра ноќ велам, а немир
во себе чувствувам...
............................................
сонцето во очите задомува,
насмевката бренд станува, а
само немирот растреперува
срце, душа и раце.
додека го гушкаат букетот, што
во сон на подарок го добија...


Poslednji izmenio marcela dana 13/5/2011, 8:37 pm, izmenjeno ukupno 1 puta
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:31 pm

in memory of my brother

***
везам редови од мисли уморни
прескокнувам линии и упорам
во потрагата по нови логичности
а насекаде, нелогичности од игри
судбински, остварени за да болат...
прекинувам, не чекорам, не мислам,
не пишувам... а тие постојат, се редат
и одат против мене... се пополнуваат
и тогаш кога треба да мируваат,
и тогаш кога треба да спијат и се молат,
и тогаш кога свеста ги пополнува местата
празни, пусти, изделени од себеси...
и тогаш кога знаат само за тебе,
и тогаш кога гледаат низ очите твои,
и мислат низ мислите твои,
и тогаш кога плачат низ солзите твои...
и тогаш кога се поклонуваат пред сознанието
за неминовноста од резот на судбината
што прошарал низ средината на душата,
што одзел дел од неа, ја расцепкал на
неколку дела, без основа да се спојат некогаш.
ме кине гледањето низ боите на непостоењето,
ме срамнува со нееднаквоста на денот и ноќта
што бесшумно, а грчевито заминуваат во
тишината и сенката на боровите сведнати
над главите што тажат....врз осаменоста нивна,
врз полињата со цветови што на тага мирисаат
и глуво во вечноста заминуваат без да се свртат
и уште еднаш й се поклонат на конструкцијата
од овој живот...обмислена да нè заведе, а потоа
одведе до полето на бескрајноста.... со разделбата
втемелена во последен поглед без мечти и
смисловни илузии за уште еден ден постоење...


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/5/2011, 8:32 pm

каде сум?

ме бараш, а не ме наоѓаш?
каде сум?
ме бараш онаму каде не сум.
каде сум?
ме бараш во градината со цвеќе,
таму не сум.
ме бараш на брегот морски,
таму не сум.
ме бараш во одаите од куќата сламена,
таму не сум.
каде сум?
во косата твоја, заробена од сјајот месечев во неа.
во душата твоја, заробена од копнежот нејзин.
во погледот твој, заштитена од дождот летен.
во огнените ноќни ноти што распалени насекаде се.
таму сум...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2011, 10:15 pm

~тага~

во погледот на денот
ја барам сликата за мене.
шарам на сите страни,
се потопувам во боите,
се лизгам низ линиите безброј,
некаде скршнувам,
некаде се поткачувам и
ѕирнувам во височините,
некаде се спуштам и
пливам во длабочините,
блиску до корењата,
а и подлабоко од нив.
и никаде ништо не наоѓам...
никаде ме нема,
кој знае каде сум застанала,
на која точка останала.
можеби сето е само сон,
само имагинација и
илузорна реакција на
стварноста превртена,
на опачината на денот
и лицето на ноќта,
кога сите по облаците пловат
и светлината ја уживаат,
а само луната спие во недрата
на последниот степски волк,
и јас, која кој знае каде сум...
без можност да дојдам до
мигот посакуван...
до насмевката твоја, човеку
отцртан на дланките мои
од дамнина, од кој знае кога...
само јас треперам и се борам
со мислата за минливоста
на денот и ноќта, кога
кој знае каде сум....
само до тебе не сум
душо моја .
..



Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2011, 10:17 pm

денеска минутите течет без мене.
ги испратив на средба со облаците
сами, без мислите мои.
јас, и моето некое јас, самуваме
ги собираме остатоците дожд
испратени од аглите на погледот.
од нив бисери се раѓаат што
галеж душевен се.
тие и јас си замислуваме, сонуваме
дека дар од твојата рака се,
дека дланки околу моите рамења се,
дека обрач околу моите прсти се
кога во празното фигури од копнежи
вајаат...
кога сами се...
кога сами се...
денеска минутите течат без мене.
ги испратив на средба со облаците
сами, без моите крилја кои воздух немаат
тој да ги раскрили, развиори, разнежни...
ги пратив до тебе да долетаат,
да ти шепнат колку им недостигаш
додека јас треперам во бескрајот на
просторот ограничен, а толку безграничен.
денеска минутите течат без мене.
ги испратив на средба со облаците,
додека љубовта со бела боја на бела хартија
испишана е...
додека во очекување на твојот шеп
от се...


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2011, 10:18 pm

биди добра ...
... а,
посакувам да купам билет во еден правец,
да ја допишам приказната на која ќе се смеам,
да го испијам во тишина последното утринско кафе,
да ја разберам причината на демонската хемија
која ме тера да пишувам
за да бидам добро ...
да бидам добро ...
бидам добро ...
добро ...
...
кога билетите никој не ги продава,
фирмата во стечај заминала,
возовите на станицата дремат,
патиштата нови насоки имаат,
и пак да бидам добро,
кога чекорам во круг од мене до мене,
кога ги читам туѓите приказни на кои плачам,
кога го пијам некое си кафе ...
кога повторно не ја разбирам причината на хемијата ...
кога будењето на утрото во твоите очи,
кога сонцето напладне во твоите коси ,
кога ноќта залепена на твоите усни,
далеку е ...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2011, 10:18 pm

дождот ги избриша боите на денот
окото ја скри сината
птицата преживеа
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2011, 10:20 pm

за денот кој, победник е сам!

победникот е сам, ечи мислата
за денот исцаден од аглите на синото, a
заминат ко светлината на брзиот воз
што реткост е во време на апатија,
во време на тркала меки кои го
будат дремежот на афалтот врел
додека огнот ги пукоти, прџи, гори ...
додека камењата треперат и се ладат
од телата на оние што лазат кога
во далечините заминуваат, исчезнуваат...
додека трае кружната, бессона алхемија,
а ехото родено од омаената тишина, царува
во долината на неисполнетите мечти
свиткани во меки, трепетни повои
кодирани од висечката месечина,
koи ги испраќа со последниот шепот
и маглив ламтеж низ виугите пламени...
таму, во центарот на постоењето
се ромоли убавината од линиите
кои ги обрабуваат нежните свитоци
во тело, откриено низ патеките од нежности,
за да низ нив зајачат неспокоите од
пространствата на љубовта
заробени со копјето судбинско, додека
галопираат низ беспатието на денот, кој
победник е сам, и додека
ниедна пукнатина не еруптира, и
ниеден поглед не заминува,
само последниот бакнеж останува
фосилно заробен врз асфалтот врел
во очекување на чекорот цврст, воден од
мажот единствен... во денот кој, победник е сам!


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2011, 10:21 pm

la linea

што е утинското кафе без
нет конекција?
што е пладнето без
лајкување и топло смешкање
од изразите на групната
фотографија ?
што е ноќта без чат
сесијата со пријател кој
радосно те очекува на
својот отворен прозорец?
...
нова веб фантазија?
...
да, отворен линк за
користење на веб порталот од
копи – пеист животната комбинација!


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2011, 10:22 pm

постојано или случајно?

тунел, долг, темен и
жена.
„каде си душо?“ – прашува.
патиштата го проголтаа
ехото и него.
тишина.
зошто лага нова?
зошто кога,
утрото стаса на првата
универзумска граница!?
и без беседа, во
маглива раскошност
обликува смелост,
раце подава,
празнина допира.

подготовка за разделба.

неуспешна разделба.

од аглите на срцето
покана за повторен обид.
трескавично врати отвара,
трепери, а започнува
игра со сенки,
игра со сино,
игра со ноќ,
игра со ден,
игра со вечност
и ново патување
во ден нов спознаен,
спасен од уривање,
спасен од разделба,
спасен од недоразбирање...

тишина.

оган скапоцен пламени,
чувства допира,
буди длабочини,
успани емоции.
од грлото на жената
спирално се повторува
белата дофатливост
на постоењето.


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2011, 10:23 pm

~обоени потреби~

жена во жолто
жена во црвено
жена во сино, бело и црно
со прсти лепливи
со помисла слатка и
усни зашеќерени
живее во сварноста
на еден од катовите во
куќата многукатна
...
солзи од утрото краде
со нив очи полни додека
мирисот на липа
во креветот и’ се вовлекува
и срцето и’ го нагризува
...
жена во црно, бело и сино
жена во црвено
жена во жолто
со лепливи соништа
со слатки мисли и
зашеќерени усни
обликува часови реалност
со својата имагинација
додека сама живее
на еден од катовите во
куќата со одаи празни
...
конци од месечината
распарува, сни закрпува
лик еден да сочува од
вистината во бои разни обоена
...
жена во црно, сино...


[img][/img]
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2011, 10:24 pm

ќе дозволиш ли малку подолго да постојам?

зашто, зборовните измислици
поискрени од некогаш се кога
трагаат по својата лева страна,
по билото и животот
онаму, каде заборавени останаа
сандалите од лани
наполнети со песок и
време ѕвездено,
онаму, каде совршената бавност
ги роди насмевките
и деновите среќа од допирот на
хоризонтот со височините,
онаму, каде бескрајното поле
ги распупи црвените божури
за во нив да трчаат босите нозе
на ноќните желби,
онаму, каде математичките и
граматичките закони
во една точка масовно исчезнуваат,
додека некој не забележи
со каква големина
нашето тивко постоење
ги полни полноќта и денот,
додека ги обувам стутканите платна
распослани врз искрените желби
исткајани од мисли во густа плетка
со светлина и зов љубовен и
мирис на лепливата тишина,
додека ги отвара зениците кога далеку од мене си
недостигу,
ТИ


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/7/2011, 10:26 pm

~*~*~
жена во жолто
жена во црвено
жена во сино, бело и црно
со прсти лепливи
со помисла слатка и
усни зашеќерени
живее во стварноста
на еден од катовите во
куќата многукатна
...
солзи од утрото краде
со нив очи полни додека
мирисот на липа
во креветот и’ се вовлекува
и срцето и’ го нагризува
...
жена во црно, бело и сино
жена во црвено
жена во жолто
со лепливи соништа
со слатки мисли и
зашеќерени усни
обликува часови реалност
со својата имагинација
додека сама живее
на еден од катовите во
куѓата со одаи празни
...
конци од месечината
распарува, сни закрпува
лик еден да сочува од
вистината во бои разни обоена
...
жена во црно, сино...


Nazad na vrh Ići dole
DANI

avatar

Ženski
Broj poruka : 169
Godina : 49
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   20/7/2011, 1:18 am

marcela ::
денеска минутите течет без мене.
ги испратив на средба со облаците
сами, без мислите мои.
јас, и моето некое јас, самуваме
ги собираме остатоците дожд
испратени од аглите на погледот.
од нив бисери се раѓаат што
галеж душевен се.
тие и јас си замислуваме, сонуваме
дека дар од твојата рака се,
дека дланки околу моите рамења се,
дека обрач околу моите прсти се
кога во празното фигури од копнежи
вајаат...
кога сами се...
кога сами се...
денеска минутите течат без мене.
ги испратив на средба со облаците
сами, без моите крилја кои воздух немаат
тој да ги раскрили, развиори, разнежни...
ги пратив до тебе да долетаат,
да ти шепнат колку им недостигаш
додека јас треперам во бескрајот на
просторот ограничен, а толку безграничен.
денеска минутите течат без мене.
ги испратив на средба со облаците,
додека љубовта со бела боја на бела хартија
испишана е...
додека во очекување на твојот шеп
от се...



Мило моеSmileПрекрасна си и ти и твојата поезија hepi
Nazad na vrh Ići dole
meseceva rosa

avatar

Ženski
Broj poruka : 10753
Location : u jutrima koja sanjare...
Datum upisa : 25.08.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   28/8/2011, 12:24 pm

marcela ::
посакувам...

посакувам,
будна да не сум,
нека се’ мое замине
онаму, времето каде
скриено е.
посакувам,
сонот да ми биде одземен,
на лицитација даден,
откупен,
никогаш вратен.
посакувам,
друг да си купам,
нов,
насмеан,
допадливо искрен.
посакувам,
друг ден да се роди,
друго сонце да свети,
друга песна да напишам,
посакувам,
некој нежно да ми шепоти,
и коси ми милува,
додека посакувам
да заспијам од
топлината на гласот
кој за мене
песна ќе измисли
и цвет месечев
ми подари.




neznam jesam li bas dobro prevela,
ali od srca ti poklanjam marcela:




zelim,
da nisam budna
neka sve moje
mine u vreme
neko skriveno.
zelim
san da mi oduzmu,
na licitaciju daju,
otkupe,
nikad da ga ne vrate.
zelim,
drugi da kupim,
nov,
nasmejan,
dopadljivo iskren.
zelim,
drugi dan da se rodi,
drugo sunce da sija,
drugu pesmu da napisem.
zelim,
da mi neko nezno sapuce,
i kosu mi milije,
zelim da usnim
toplinom glasa
koji ce za mene
pesmu izmisliti
i mesecev mi cvet
podariti.




____________________________________________
Tamo gde je ljubav nikad nije mrak...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   12/2/2012, 9:16 am

***
постоиме
во замислата,
во кружницата,
во концепцијата,
во илузијата,
во повторувањата,
во моментите,
во минатото,
во сега,
во релативноста
на времето,
во бесконечноста
и
неповратната
постојбина
на
траењето.
...
постоиме.
***
Nazad na vrh Ići dole
GentleGiant

avatar

Muški
Broj poruka : 19
Datum upisa : 17.02.2012

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/2/2012, 9:31 am

Hvala ti na prevodu, Marcela, jako mi je zao sto ne citam ruski jezik. Ali tvoj izraz probija jezicnu barijeru, tvoje pjesme su divne.
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   18/2/2012, 4:57 pm

GentleGiant ::
Hvala ti na prevodu, Marcela, jako mi je zao sto ne citam ruski jezik. Ali tvoj izraz probija jezicnu barijeru, tvoje pjesme su divne.


Hvala na citanje GentleGiant ... osjecaj da neko zapaza ono sto je sazdano u jednom dahu je divan ... no, duzna sam da pojasnim jednu stvar ... jezik nije ruski vec makedonski ... a bilo bi divno kad bi to bilo istina ... Stay in touch!
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   2/3/2012, 6:13 pm

„како си?“ – шепотиш
„онака“ – трепкам и воздивнувам
„насмевни се“ – продолжуваш
се смеам, сакам среќен да си
„убава си“ – тивко додаваш
се бојам во свежина
метаморфно крилја добивам
полетувам
светам
цветам
допирам остатоци магливо вчера
чезнат сетилните израстоци
на слепите недоаѓања и далечини
обликувани сеќавања ...
„дојди“ - жерават твоите усни
жедно пиејќи од нашето постоење
исченувам ...

Nazad na vrh Ići dole
meseceva rosa

avatar

Ženski
Broj poruka : 10753
Location : u jutrima koja sanjare...
Datum upisa : 25.08.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   2/3/2012, 11:14 pm



Culna pesma , oseti se svaki drhtaj duse koja je pisala:)

____________________________________________
Tamo gde je ljubav nikad nije mrak...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   3/3/2012, 8:03 am

meseceva rosa ::


Culna pesma , oseti se svaki drhtaj duse koja je pisala:)

HVALA OD SRCA M.R. hepi TE
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   10/3/2012, 8:23 am

***
сонуваш за
за жената со маска
за жената со круна
за жената во прегратка
на тигар бел
сонуваш за
илузијата на сонот
фантазијата на кралот
блудницата на шутот
сонуваш за
дамата пик
кралицата ди
куртизаната од мулен руж
сонуваш за неа
која мириса на блуд
и парфен скап
измешан со здивот див
на мажите налактени
врз истиот сон
на кој се потпираш ти
кој сонуваш конфузни
клиширани сни
ти
кој таинсвен маг си
***
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   10/3/2012, 7:50 pm

посакувам
да ...
престанат сите патувања
од никаде до секаде
да ...
зазорат ноќните платна
послани со сенки
да ...
се сронат маглините збрани
во срца црвојадни
да ...
животот трошка среќен
прерано застуден запролети
да ...
љубовта мрежи фрли
во води заливски каде сонот
копнежи крие од погледи крадливи


Nazad na vrh Ići dole
meseceva rosa

avatar

Ženski
Broj poruka : 10753
Location : u jutrima koja sanjare...
Datum upisa : 25.08.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   14/3/2012, 8:18 pm

marcela ::
посакувам
да ...
престанат сите патувања
од никаде до секаде
да ...
зазорат ноќните платна
послани со сенки
да ...
се сронат маглините збрани
во срца црвојадни
да ...
животот трошка среќен
прерано застуден запролети
да ...
љубовта мрежи фрли
во води заливски каде сонот
копнежи крие од погледи крадливи







Sonjice ja sam je ovako prevela,
ako prevod nije dobar, ispravi i ja cu je ponovo oslikati hepi



____________________________________________
Tamo gde je ljubav nikad nije mrak...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/3/2012, 1:13 am

meseceva rosa ::
marcela ::
посакувам
да ...
престанат сите патувања
од никаде до секаде
да ...
зазорат ноќните платна
послани со сенки
да ...
се сронат маглините збрани
во срца црвојадни
да ...
животот трошка среќен
прерано застуден запролети
да ...
љубовта мрежи фрли
во води заливски каде сонот
копнежи крие од погледи крадливи







Sonjice ja sam je ovako prevela,
ako prevod nije dobar, ispravi i ja cu je ponovo oslikati hepi




hepi TE KRASNICE .... PREVOD JE VISE NEGO ODLICAN.... hepi
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   26/3/2012, 1:14 am

јас сум:
набљудувач на
конзервирани импресии,
необични приказни,
посети на музеи,
едноминутни новели...
остров
прогонуван од
треската што мисли,
од тебе кој
не си странец тука,
ниту странец повеќе од една година,
во земјата на магијата.
една година јас сум:
девојка што паѓа од
тајните импресии
на нашиот
природен роман во кој
има
за секого по нешто, за некого ништо,
за нас остатоци од продавницата за цимет
и
парфеми
во големиот куфер
спомени за нашето утре.
~магма~

marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   27/3/2012, 2:34 pm

се будиш,
трепериш,
а во близина
балдахински допири
спијат врз абажурот кој
ноќва танцуваше во погледот
милоснички ...
се раскрилуваш,
со погледот милувиден,
со капки сон во него затаени.
допираш паралели,
светови,
тајни скриени од себеси.
толкуваш
задушена воља,
квадратни кругови осцилирачи
врз сонцето - мисловен недопир.
се тркалаш,
мазиш,
трепериш
и
воздивнуваш.
ги празниш градите полни плам,
ги прегрнуваш останките копнеж,
ги грстиш, притискаш, галиш
и
уживаш во слободата
на тајните
кои бараат да се остварат.

marcela


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   6/4/2012, 5:11 pm

* * *

некогаш,
неодамна,
не знам кога,
ги гледав
како
паѓаат
ноќта и дождот
врз припитомените
скитници,
врз дотераните
градови,
непостоечките
чекори,
насловните
залепени врз излозите
без погледи,
безнадежни
да преживеат
уште еден април
повлекувајќи линии
врз метафизичките
закотвени центри
на моќ.

ги гледав

некогаш

не знам кога ...

marcela


Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   6/4/2012, 5:12 pm

* * *

во тебе го препознав детето на светот,
тој посебен народ, раритет денешен.
со тебе го видов местото каде сонцето
се раѓа кога со злато светот го дарува.
го запознав животот без дефиниции
и празни смешни коалиции од таа и тој,
и додека со тебе го пиев првото утринско кафе,
денот лукаво ми намигна и за тебе ми шепна:
- ти стоиш пред сезамовата врата, сети се на
зборовите, па влези во неговата градина што
само за тебе со убавини е посадена...

во тебе...со тебе...секогаш....и засекогаш.... ти...

marcela


Nazad na vrh Ići dole
meseceva rosa

avatar

Ženski
Broj poruka : 10753
Location : u jutrima koja sanjare...
Datum upisa : 25.08.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/4/2012, 11:48 am


____________________________________________
Tamo gde je ljubav nikad nije mrak...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   14/5/2012, 7:29 pm

ноќ. тивка. питома.
постоечки постоења.
латино звуци.
јас и евора, сами.
таа низ ритмот живее.
јас приказна раскажувам
за жената со коса лелеава,
за жената со поглед, далечина,
за жената со љубов опијанета.
за неа, која, ти, ја создаде...
...а беше ноќ. тивка. питома.
недопрени допири.
ѕвездени шепоти.
музика во тивкост заробена.
таа и мирисите летни, сами.
потребите беснеат.
зборот урива сон несонет.
некаде помеѓу световите, светлина.
живот.
непознати познанства.
средби судбински.
допири печати.
тела и души, удвоени.
...и беа ноќи. тивки.питоми.
и денови. сончеви. насмеани.
од таа и тој создадени.
...беа и сė уште
постоењата постојат
за оние што веруваат
за тие што нема да дозволат
непоканети во нивната приказна
други да влезат.
... евора пее yamore,
јас раскажувам за љубовта на
таа што, ти, ја создаде. единствен.

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   1/6/2012, 9:56 pm

ги очекуваш ко неспокој моите голи мисли.
посакуваш со дланки да ги нежниш
со усни да ги топиш
нескротено, без збор.

желбата, таа посилна од тебе е.
а сама не тостои
тебе те очекува на аголот од ноќта.

помогни ми низ недрата на соништата да зачекорам
ти, којшто сакаш неспокои од ноќи украдени.
помогни ми родена да бидам во заборавот да не останам.


marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   1/6/2012, 9:57 pm

ден дождлив.
битка, недобиена.
апел за помош.
глувота.
раце
полни вода.
ноќ, намќореста.
болна од копјата
на капките.
парализа.
мажи, жени,
останати.
насмеани.
меѓу нив јас, ти.
меѓу нив ние.
меѓу нив вие.
среќни.


marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   12/6/2012, 1:11 am

почеток на полноќ.
последна опомена:
каде отиде љубовта?

мистериозен господин,
патник низ времето
мрази станици,
полноќни спомени,
љубовни истории,
срца во кутии,
човечки сознанија.

чудесна грација
обвиткана со пената
на денот,
замаена од
моќта на љубовта
заронета во
катедралата од сните,
плови низ
вечното сегашно време

лавиринт.
од
прапочетоци
на сите љубови
зачнати
после дожд,
неспокои.


marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   12/6/2012, 1:13 am

си ...
безимен.
ти кој допатува
со возот ноќен
и остана
оживеан во стиховите
и заедничките сни.
не оди си.
застани.
прегрни ги барем
линиите со знаци граматички
меѓу кои живеат
јас и ти, ти и јас.
си ...
безимен.
ти кој времето
во книгите го скри.
зароби.
остани во него
прегрни ме
не оди си,
не боли ме
во моите ноќни сни.
безимен.


marcela
[center][center]
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   12/6/2012, 1:14 am

*****
исчезнати погледи.
масовни фигури.
мисловен свет.
принудена љубов.
човечка добрина.
нечија обземеност.
негова,
нејзина.
изговорени лаги
катаден.
постоење – непостоење.
никогаш не може
да замисли дом
зад неговите граници
на движење,
зад неговото нејасно
постоење.
тој не би бил тој.
таа не би била
причина без последица.
нивното обликување
недоброволно – недоволно.
едноставно: незавршено.


marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   12/6/2012, 1:15 am

сакам да кажам:

љубовта е поезија.
поезијата е љубов.
ги љубам и двете.
и љубовта
и поезијата.
те љубам и тебе.
ти ~ кој копнеж си
што ги врзува нив
со мене... мене со тебе.
те љубам ко што се љуби
првиот збор, оној:
на почетокот...
во бог и бог во него што е.
зборот кој е извор на
сите радости, на
сите сладости, на
сите магии, на
сите насмевки ... прегратки
разбудени после дожд од спомени
растрчани во моето срце
напишани врз парче хартија
со мастило во боја.
за да докаже едно:
љубовта е поезија.
поезијата е љубов
едноставно: ~ти~


marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   22/6/2012, 9:10 pm

воздухот, сув, попарен.
вибрациите, тешки, здебелени.
животот мириса на капки вода
миксирани со морска пена.
летото под конзервативни импресии
тешко користи глаголи, придавки.
изговара именки, по некое „да“, „не“
молчи, дреме и боледува бестелесно
седејќи врз сеќавањата.
набљудувајќи ја недопишаната
новела за сонот.
зачувана и недопрена од
опседнати погледи на
душите ненајдени во гнездата свои.
...
магма.
...
надвор ламтеж – внатре спокој.
надвор слики – внатре љубов.
надвор презентации – внатре импресии.
за секого по нешто.
...
за човекот, за жената,
светлина.
задоволени потреби за повеќе од еден ден.

p.s. .... you


marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   29/6/2012, 11:23 pm

песни

десет,
девет,
осум,
седум,
шест,
пет,
четири,
три,
две
и
една
досега
неиспеана,
а
конкретна,
сонувана,
разголена,
полноќна,
дива,
рецитална,
со ликови
вљубени
и досега необјавена.
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   2/7/2012, 6:16 pm

хм

недокажан збор
недослушан шепот
невидена убавина
недооден пат
недопрени емоции
неизрадуванa радостa
невидени солзи
непозната среќа
негалена нежност
...
немост
немоќ
нерешеност
...
да се доживее
една жена

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   2/7/2012, 6:19 pm

жената се заљуби во мажот.
не.
мажот се заљуби во жената.
на прв поглед.
вториот беше изгубен во зениците.
добро беше што седеа на маса
за да не се изгубат од трепетот
кога усните ги допираат ушите и
шепотат слатки, чувствителни зборови.
од сега до староста.
од неа до него.
од него до неа.
од првото кафе до сметката за него.
од првиот до последниот немир во нив.
од играта без движења до дишењето без здив.
од почетокот до крајот на претставата
прерасната во прецртана мисла за важен
миг.

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   4/7/2012, 12:40 pm

некаде во четири после полноќ
самата од себе се роди оваа
хронологија на еден сон
во ноќта без сон
...
колибена палата
сламени балдахини
среќа спознаена
трепет блаженствен
мирис на плима и осека
...
време вистинско
улица плочеста
парфем
нежност
траење
неодоливост
...
убавина пронајдена
компас на еден живот
судбина
...
генијална сетилна идолатрија
масивна духовна манија
транс амброзија
сексуално спознајна
врела убавина на
душевно гола
небулозна
дива
лавица со
маска црвена демонска
...
крај
без почеток
на сон нов
свеж
надежен
реален
за тебе
кој си заробен
...
во сон без сон
...
убиствен

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   4/7/2012, 6:43 pm

нежностите
тие секогаш се на рабовите
од креветот,
од денот,
од ноќта,
од усните,
од погледот,
од прстите,
од најнежното во допирот.
...
таа се буди полека.
тој ја допира жедно.
сака да ја вдише
распалената миризма на кожата,
да ја испие сокта на бакнежите,
на согласките залепени во грлот
и самогласките разлетани низ воздухот.
...
тој ја допира
таа трепери.
ништо не кажува.
седнува на работ од креветот
каде се собрани сите посакувања,
шарманти
копнежи
со мирис на роза
и влажни бранови коса.
...
средба немисловна
...
рабовите – губат форма.

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   5/7/2012, 5:28 pm

танцување

му дозволив - пловидба
на телото мое од материја.
му дозволив - лебдење
меѓу просторот и непросторот.
му дозоволив - посакувања
грабеж без болка од одземеност.
му дозовлив обземеност
од кругот месечев и
острите убоди на ѕвездите недофатни.
му дозоволив се’ што е недозволено
без религија,
декаденција,
мамурлива ноќна империја,
соединета со универзумската
култна потреба
од искуство
за хармонија
длабок мир
љубов
совршена
вонземна.
...

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   6/7/2012, 11:01 pm

поглед изгладнет
зборови убавина
пат до душата

.....

не свртувај се
некаде постојам за
првпат - постојам

.....

убаво ми е
кога кружам во себе
мирисам на сон

.....
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   6/7/2012, 11:10 pm

се случи
... се случи туѓата приказна
да затропа на мојата врата
си замина
... си замина од мене
сонце мое кое те чував ко ангел
украден од процепот
меѓу јавето и сонот
... стојам на прагот од
времето
... долго, долго, најдолго
и неуморно
опрост за тебе барам,
да имаш ден убав, насмеан
оној што го немавме
а за кој соневме
милино...
глуво е
... глас тивок слушам ...
далечен, а силен и твој
милино...
... ќе се вратам душо,
ќе се вратам
таму каде се спојуваат
денот и ноќта,
улиците меѓу тебе и мене,
линиите од дланките наши
... милино ...
ќе се вратам ♥

marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   6/7/2012, 11:14 pm

кружно размислувам
кога за тебе букви нижам.
коцкесто говорам
кога надежам и за рабовите
се држам, да не се изгубам
во пирамидалноста
на животот многуаголен
што ко ѕвезда аглеста
над мене стои и неспокои
собира, дели, множи
и онака блажено
ми дофрлува: „насмевни се ти,
непозната големино ...
не оди ваму-таму кога
равенката на животот сė уште
не ти е решена, а времето
зад аголот ѕирка и те очекува“
marcela
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   14/7/2012, 10:12 pm

таинствени немири.
уште потаинствени погледи
заробени во жолтото сандаче
покрај патот, во весникот.
кафето е веќе испиено.
одлучив.
весникот нема да го читам.
ќе се заштитам од немирите.
од сите мамења.
одлучив.
ќе го свиткам и
фрлам во аголот зад мојот грб.
погледите ме следат.
никој не ја разбира бавноста
на уметникот.
ја разбираат само брзината.
растењето.
блесокот.
за нив времето е дофат.
престиж.
бавноста им била страшна.
растеглива.
несилна пред времето.
бавноста никогаш не
завршувала.
траела.
била ко провев за да низ него се протне
минатото.
она што едвам преживеало во сеќавањата.
но тиe не знаат.
не знаат ништо за бавноста.
таа изгоре со брзите информации
во весниците зоробени во жолтото сандаче.
изгоре со пламенот
и огнот на прегрнатите болки
од осаменоста.
насилната осаменост и
одлуката
да се испие црното кафе без шеќер.
и без тебе.

marcela

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 1385
Godina : 48
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   14/7/2012, 10:13 pm

мириса на него.
не сум изненадена.
таква е поврзаноста.
без прашања
ти се вовлекуваат мирисите
егзистираат во тебе.
ги носиш насекаде.
ти се читаат на челото.
во зениците.
во недокажаните зборови.
мирисаш на портокалов цвет.
на величествениот пар танчари
кои играта своја ја набљудуваат
во огледалото зад себе.
мирисаш на шише виски
и отпушоци од цигарите
заборавени во пепелникот.
или можеби намерно заборавени
да мирисаат на него.
мирисаш на темнина.
на грч.
на допири од прстите.
на показалецот ставен врз усните
да ги замолчат пред да заплачат
од онаа ужасна работа.
заминувањето.

marcela

Nazad na vrh Ići dole
Sponsored content




PočaljiNaslov: Re: marcela   

Nazad na vrh Ići dole
 
marcela
Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Nazad na vrh 
Strana 3 od 5Idi na stranu : Prethodni  1, 2, 3, 4, 5  Sledeći

Dozvole ovog foruma:Ne možete odgovarati na teme u ovom forumu
LJUBAV, SMRT I SNOVI :: Naša autorska dela- piše se i čita u temama ispod naslovne :: Poezija-
Skoči na: