LJUBAV, SMRT I SNOVI

Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
 
PrijemFAQ - Često Postavljana PitanjaTražiRegistruj sePristupi
LJUBAV, SMRT I SNOVI - Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
Tema "Za goste i putnike" - otvorena je za komentare virtuelnih putnika. Svi vi koji lutate netom ovde možete ostaviti svoja mišljenja o ovom forumu, postaviti pitanja ili napisati bilo šta.
Svi forumi su dostupni i bez registracionog naloga, ako ste kreativni, ako volite da pišete, dođite, ako ne, čitajte.
Molim one, koji misle da im je nešto ukradeno da se jave u temama koje su otvorene za goste i putnike, te kažu ko, šta i gde je kopirao njihovo.
Rubrika Erotikon je zaključana zbog dece i net manijaka, dozvolu za pristup tražite od administratora foruma !

Share | 
 

 marcela

Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Ići dole 
Idi na stranu : 1, 2, 3, 4  Sledeći
AutorPoruka
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   30/10/2010, 1:36 am

ПОТОПОТ ЗБОРОВЕН ГИ УДАВИ
СИТЕ МОИ ГЛАСОВИ...
А НОЕВАТА АРКА НЕ ДОПЛОВИ
ДА ЗАШТИТИ НЕКОЛКУ ТОНОВИ
...
ДА РАСТУРИ ПРАВ ПЕКОЛНА
ВРЗ ДЕНОТ И НОЌТА ОСАМЕНИ
ДА ЗАТСКРИЕ ОЧИ ЅИРКАЧИ
ДА ЗАМАГЛИ МИСЛИ СКАМЕНЕТИ
ОСЛОБОДИ ГАЛЕБИ БЕЛИ
СО КРИЛЈА СИЛНИ, НЕБЕСНИ
И ЗАДОМИ ГНЕЗДА НИВНИ В
ДУШАВА МОЈА САМОТНА...
...
ВЕРУВА ТАА ВО ИСКОНОТ,
ВЕРУВА ВО НАДЕЖТА,
ВО ДАЛЕЧИНАТА - ШИРИНАТА
НА ХОРИЗОНТОТ РАСПОСЛАН ПРЕД
ПОГЛЕДОТ НЕДОГЛЕДАН...
...
И СТРАВУВА ОД ГРАБЛИВЦИТЕ
И КАНЏИТЕ ЦРВЕНИ СО ПРСТЕНИ
НА РАЦЕ ОД ЖЕНИ БОГАТИ...
...
А ПОТОПОТ НЕ УСПЕА ДА ГО
ДОЧЕКА ГАЛЕБОТ СО ГРАНЧЕ
ЗЕЛЕНО...ПРЕМНОГУ Е ТЕМНО...
...
И ТОА ТРАЕ...И ТРАЕ....
САМО ДУШАТА ВЕРУВА ВО ЕДНО
ВО ГЛАСОТ ОД НОЌТА ИСПРАТЕН
ОД ТЕБЕ ВОЗЉУБЕН МОЈ...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   30/10/2010, 1:37 am

...

ГРЕШНА СУМ
ПРОСТИ МИ...
ГРЕШНА ШТО
СОНУВАМ
ПРЕМНОГУ...
ЦРВЕНО,
ЖОЛТО,
БЕЛО...
ШТО ОЧИ
ЗАТВОРЕНИ
ГЛЕДААТ
И СЕ РАДУВААТ...
ПРОСТИ МИ
МИЛИНО
ЗА СИТЕ
ВОЗНЕМИРУВАЊА
И БРАНУВАЊА
НА ВОДИТЕ ТВОИ
СЕ ЗАНЕСОВ
ДЕКА СРНА СУМ
СЕ ЗАНЕСОВ
И ПОНЕСОВ...
А НЕ ВИДОВ
....
ТВОИ БОЛОВИ,
ТВОИ ПОТРЕБИ,
ТВОИ ...
ПРОСТИ МИ
МИЛИНО....
ПРОСТИ МИ....
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   30/10/2010, 1:38 am

...УМОРНА СУМ....ОД КУЛИТЕ ШТО МИ ГО ПОТИСКААТ СВЕТЛОТО...ГИ ЗАТВАРАМ ВРАТИТЕ НА БЕДЕМИТЕ....НИВНИ....ЗАМИНУВАМ ДА СОНУВАМ МИЛИНО.....И ДА ТЕ СРЕТНАМ ..... А ТЕ ИЗБЕГАМ ОД МНОГУТЕ РАЦЕ КОИ ПОСЕГААТ ПО ТЕБЕ МИЛИНО.....

ПОБАРАЈ МЕ НИЗ ХОДНИЦИТЕ НА ДВАТА ПАРАЛЕЛНИ СВЕТА.....МОЈОТ И ТВОЈОТ....ЌЕ ТЕ ЧЕКАМ НА АГОЛОТ ОД МОЈОТ КОПНЕЖ....
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: 1   30/10/2010, 1:40 am

.........................................
Пишувам зар друго можам ...
кога самотијата
ги прегрнала сетилата мои,
кога блесокот на утрото
магливо бразди врз стаклата
на куќите
распослани по улиците и
остава траги од здивот
на усните,
сврзници меѓу два света
на очите,
ѕвездариуми универзумски
на дланките,
ткајачки на платното магично
на телото,
опијането од мирисот на другото
на душата,
црвена од огнот во неа
на жената,
замајана од вкусот на цигарите...
Пишувам зар друго можам...
кога сонцето е на север
кога падините треперат
кога водата надоаѓа
кога нема кој да зарони во неа...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: 1   31/10/2010, 7:51 am

ДЕНЕСКА ПОСАКАВ ДА ТЕ СОЗДАДАМ
И ПРЕСОЗДАДАМ
И ПОВТОРНО ДОЖИВЕАМ
ДЛАБОКО,
И ЛЕПЛИВО,
И СЛАТКО,
И МИРИСНО,
И ФАТАМОРГАНИЧНО
СЕ ЗАНЕСАМ
ПО ЗОНСКИТЕ
ИСЕЧОЦИ ОД ПАРЧИЊАТА
СРЕДБИ МЕЃУ МЕСЕЦИТЕ
ОД ГОДИНАТА

ТЕ СОЗДАДОВ!!!
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   31/10/2010, 7:56 am

О, божество!
Родена од боговите,
да фрла огнови,
црни, најцрни.

ТОЈ, го гледаше огнот,
и ѕвездите црни
во погледот нејзин
што бараш обожавање.

ТАА, со своите пламени раце
сакаш да го создаде ветрот
Таа, можеш сѐ!
Можеш, зашто љуби.
Го создаде ветрот.

ТОЈ, го почувствува на своето лице
ги отвори очите
виде пеперуга!
Ти си волшебничка
- Ѝ рече!
Создаваш волшебства...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   1/11/2010, 11:28 pm

ПОТОПОТ ЗБОРОВЕН ГИ УДАВИ
СИТЕ МОИ ГЛАСОВИ...
А НОЕВАТА АРКА НЕ ДОПЛОВИ
ДА ЗАШТИТИ НЕКОЛКУ ТОНОВИ
...
ДА РАСТУРИ ПРАВ ПЕКОЛНА
ВРЗ ДЕНОТ И НОЌТА ОСАМЕНИ
ДА ЗАТСКРИЕ ОЧИ ЅИРКАЧИ
ДА ЗАМАГЛИ МИСЛИ СКАМЕНЕТИ
ОСЛОБОДИ ГАЛЕБИ БЕЛИ
СО КРИЛЈА СИЛНИ, НЕБЕСНИ
И ЗАДОМИ ГНЕЗДА НИВНИ В
ДУШАВА МОЈА САМОТНА...
...
ВЕРУВА ТАА ВО ИСКОНОТ,
ВЕРУВА ВО НАДЕЖТА,
ВО ДАЛЕЧИНАТА - ШИРИНАТА
НА ХОРИЗОНТОТ РАСПОСЛАН ПРЕД
ПОГЛЕДОТ НЕДОГЛЕДАН...
...
И СТРАВУВА ОД ГРАБЛИВЦИТЕ
И КАНЏИТЕ ЦРВЕНИ СО ПРСТЕНИ
НА РАЦЕ ОД ЖЕНИ БОГАТИ...
...
А ПОТОПОТ НЕ УСПЕА ДА ГО
ДОЧЕКА ГАЛЕБОТ СО ГРАНЧЕ
ЗЕЛЕНО...ПРЕМНОГУ Е ТЕМНО...
...
И ТОА ТРАЕ...И ТРАЕ....
САМО ДУШАТА ВЕРУВА ВО ЕДНО
ВО ГЛАСОТ ОД НОЌТА ИСПРАТЕН
ОД ТЕБЕ ВОЗЉУБЕН МОЈ...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   1/11/2010, 11:32 pm

МЕ ОБЗЕМА ОГАН И ГОРАМ
ПОСТЕПЕНО, СЛАТКО...
МИ ГИ ВИТКА СИТЕ ВРВОВИ,
ГРЧИ СИТЕ МУСКУЛИ,
ЦЕНТРИ...
СЕ ШИРАМ И РАСПОСТИЛАМ,
А САМА СУМ, И
ИЗГУБЕНА СУМ, И
СЕ ГРЧАМ, И ПРЕПЕЛКАМ
ДА ТЕ ДОФАТАМ, И
ЗАРОБАМ ВО МЕНЕ, И
ТЕ ПОЛЕАМ СО
МОЕТО МОРЕ МИРИСНО,
А ТИ, ЗАПЛОВИШ НИЗ НЕГО, И
ГИ РАЗБРАНУВАШ СИТЕ
МОИ СВЕТОВИ
МЕ ИСПИЕШ,
ЗДРОБИШ,
ОБЕСТЕЛЕСИШ...
ТЕ ЧУВСТВУВАМ
КАКО МЕ БРОДАРИШ,
А САМА СУМ...
...
И ТЕ ОСТАВАМ
ДЛАБОКО ВО МЕНЕ...
...
ЕКСТАЗА!
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   2/11/2010, 12:08 am

ПOБАРАЈ МЕ, НА ПАРАЛЕЛАТА ОД СНИТЕ



САМА СУМ...
И ТРЕПЕРАМ
ЗАРОБЕНА ВО КУЛИТЕ
УБИЈЦИ НА СВЕТЛИНАТА,
А ПОРТИТЕ
ЗАТВОРЕНИ СЕ…
БЕДЕМИТЕ ТЕШКИ,
ПРЕТЕШКИ…
НО, НЕ СТОЈАМ,
ЗАМИНУВАМ...
ЗАМИНУВАМ ДА СОНУВАМ
И ТЕ СРЕТНАМ,
И ТЕ ИЗБЕГАМ ОД
ОНИЕ ШТО ТЕ ГРАБААТ
ОД МЕНЕ....
ЕВЕ СУМ,
МЕЃУ ДВЕТЕ ПАРАЛЕЛИ,
МЕЃУ ДВАТА СВЕТА...
МОЈОТ И ТВОЈОТ....
ПОБАРАЈ МЕ...
ТАМУ СУМ ...
НА АГОЛОТ ОД
КОПНЕЖОТ МОЈ...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   2/11/2010, 12:30 am

ноќ тивка, мириса на занес
од страсти истурени низ воздух
и латици, пурпурно жарести.
тишината броди спокојно, нежно
вдушува вкусови едемски
трепери, лелелее снага.
и ништо не ја страши во
таа ноќ што ветува црно,
покрива памет, малгиви стази,
доживувања, бескрајности разни...
шири крилја и допира кругови
што двојат тела во магија обоени,
со зборови нежни полеани,
со прсти, игриво шара светови,
открива градини овошни,
пие нектар и сокови сладострасни
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   2/11/2010, 12:31 am

Плаво сонце,
Спознание,
Копнеж,
Слобода,
Лет,
Пролет,
Цикличен крај!!!
За тебе, милино моја,
На пат кон дома,
Сликам слики,
Налик на мене,
Зашто сè е во мене!!!
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: marcela   2/11/2010, 12:32 am

Јаболко сум во твоите раце,
Цвет во кристална ваза,
Зрак од сонцето,
Јас сум сè!
Јас сум во јаболкото,
Во цветот,
Во зракот,
Сега,
Утре,
А тие, не се горе,
Не се долу,
Не се до тебе,
Со тебе,
Во тебе,
Околу тебе,
Јас сум илузија,
Свет мал,
Цвет голем,
Јаболко порочно,
Недефинирано постоење.
Сè е само
Илузија!!!
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: 1   4/11/2010, 2:11 pm

око

БРАНОВИ ПИЈАТ ОД ДУШАТА
КАРПЕСТО ИЗВИЕНА НАД БРЕГОТ
ЖИВОТЕН, СКРК И ПЕСОК ПОСЛАН...
ЗРАК СКРИЕН ПОД ЧАДОРОТ СЕ
КИКОТИ ОПИЈАНЕТ ОД МУДРОСТА
СВОЈА, ШТО ЗАВЕЛ ПОЛОВИНА
СФЕРА ОД СВЕСНОСТА МОЈА...
РАДОСНИ НОТИ КОМПОНИРА И
ФУСНОТИ РЕЗОНСКИ АПСТИНИРА,
А ОГНИЛОТО ПРЖИ И ОБГОР ЧИНИ
ВРЗ ЕНДЕМИЧНОСТА НА ОБЛИКОТ
БЕЗ ДУША, А ТЕЛО САМО...
НЕКОЈ СИ ПАТНИК СУМ БИЛА
ДОЗНАВ АДРЕСА СВОЈА, КОГА
НЕБОДЕРИ ЗАСТАНАЛЕ И ЅУНИЦА
СКРИЛЕ... СЕНКИ, СИВИ, СЕНИШНИ,
СВИТКАНИ ВО ЦРНО, НИГДЕ БЕЛО...
САМО ПРКОС ИСКРИ ОД ОЧИ
ПОБЕЛЕНИ ОД ПОГЛЕДОТ ВТРЕНЧЕН
ВО ОТСУТНОСТА ТВОЈА.... ГОРДО
ЗАМИНАТА.... БЕЗ ДА ВИДИ...БЕЗ ДА
ЗНАЕ....КОЛКУ УМОРНО Е ТОА ОКО
ЕДНАШ СИНО, СЕГА БЕЛО...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: 1   5/11/2010, 11:27 pm

понекогаш или секогаш?

ПОНЕКОГАШ ЧУВСТВАТА
ЗАМОРУВААТ И ДЕБИЛНО
ДЕЛУВААТ...КОГА СИТЕ СЕ
ХАРЛИЕВСКИ СРЕЌНИ...
ДОБОЛУВААТ И ДОСАДУВААТ
КОГА СЕНЗУАЛНО МУ СЕ
СМЕАТ НА УМОРНИОТ ДЕН, А
ЛИЦЕ МУ ПРАВАТ...
КОГА ШТИКЛИ ВИСОКИ ОБУВААТ
И ЗА НЕКАДЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ...
А ТЕБЕ ЕМОЦИИТЕ ТЕ ГРИЗАТ КО
ПАРЧЕ ВКУСНО СИРЕЊЕ И
ЛЕБ ДОМАШЕН ОД ФУРНА ИЗВАДЕН.
....
МОЖЕБИ ТОА ПОНЕКОГАШ...
Е ПОВЕЌЕ – СЕКОГАШ... МОЖЕБИ...
И, ЗОШТО ДА НЕ?
СЕ СЛУЧУВА, НЕЛИ?
НАЈЧЕСТО, ПРИ ДОПИРОТ НА
ОБЛАЦИТЕ СО ВРОВИТЕ НА ДУШАТА
КОГА ТАА СĖ УШТЕ НЕ ИЗМИЛА
РАЦЕ ОД ПРАВТА И ПОТТА НА
ДЕНОТ ВРЕЛ.... СЕ СЛУЧУВА СЕКОГАШ
КОГА ЗАБРЗАНО ТРЧА И ВО СВЕТОТ СЕ
ВКЛУЧУВА ЗА ДА ПРОВЕРИ ДАЛИ СИ
ТАМУ НЕКАДЕ ВО ПРОЗОРЕЦОТ СКРИЕН...
...
ДА, ДА, СЕ СЛУЧУВА...ХА, И ТОА
СЕКОГАШ НЕЈЗЕ Й СЕ СЛУЧУВА...
....
НЕДОЗВОЛИВО,
ШОКАНТНО МРМОРЕЊЕ НА НЕРВИТЕ
ПОСЛЕ СЕКОЕ ВИДУВАЊЕ И ....
...
ПОСЛЕ СЕКОЕ СЛЕДНО
ПОВИКУВАЊЕ НА СЕТИЛА, И
ВРИЕЖИ, И ОСЦИЛАЦИИ, И ВИБРАЦИИ И...
БЕСКОНЕЧНО ЦИКЛИЧНИ КОНОТАЦИИ
ОД ПОТРЕБАТА ПО САМО ЕДНО – ТЕБЕ!
...
СЕКОГАШ СЕ СЛУЧУВА, И
САМО НЕЈЗЕ Й СЕ СЛУЧУВА...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: 1   7/11/2010, 6:33 pm


...

Низ падините се пенат немирните води на годините
Се виткаат, вдишуваат и издишуваат
Ко радоста во градите кога ќе се сетат на Нас
....
Со поглед на стар морнар втренчен во далечините
ги галат стрмнините,
Излитени од нежностите на прстите што неуморни пребарувале
....
Скотвени во уморта на мислата
Пркосно прелетуваат надежите за уште еден допир
За да се заклучи крајот на бескрајот
За да се улови почетокот на прапочетокот
....

На квартот во којшто се започна...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: 11111111   8/11/2010, 10:39 am

волим кад киша долази
волим њен меки додир
по уснама мојима
по окицама и прстима
то је додир твој
пољубац твој
поглед твој...
волим кад мој кишобран
скривен у чошку чека
а ја правим се да не видим га
и одлазим ван
да осетим
пољупце твоје
...останем тако
дуго ван...
да бидем с тобом
љубави моја...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:45 am

волим кад киша долази
волим њен меки додир
по уснама мојима
по окицама и прстима
то је додир твој
пољубац твој
поглед твој...
волим кад мој кишобран
скривен у чошку чека
а ја правим се да не видим га
и одлазим ван
да осетим
пољупце твоје
...останем тако
дуго ван...
да бидем с тобом
љубави моја...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:47 am

Ноќва би ги понела
сенките на она што некогаш бевме
пет прсти подадени кон
другите пет,
математика
од нежности ...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:48 am

... те барам меѓу ѕвездите што
ноќва го прелетуваат моето небо,
те видов,
ти беше една од нив,
моја една и единствена желба,
светлина,
што ќе ме пронајде низ игубеноста
на мислите и поривите...
вечерва
си замислив желба,
стојам и чекам да ми долеташ од
север,
таму каде што те испратија
нечии непознати раце...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:48 am

Секундарењето е болно вечерва
боли бавноста на времето што
не се обидува да си се пронајде себеси...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:49 am

СЕ РОДИВМЕ
ЗАВИТКАНИ ВО НОЌТА
ИСЧЕЗНАВМЕ СО ДЕНОТ

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:49 am

Се слејал мигот со тишината,
Oд блискоста на далечината наша...
Те бараат очиве во погледот на молкот,
што ги скина нишките
исплетени од прстите наши...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:50 am

Окови фрли времето, врз мислата,
за неколкуте мига...
Се искршија крвите во текот свој...
Се избришаа боите од сликите во свеста ...
Болат боловите на лицето
од времињата минати ...
Останаа само тие,
неми сведоци
за едно цело...
...
точките
...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:50 am

Човек без љубов е човек без свој лик,
без своја трага,
без свое име, без свое време,
без своја содржина.
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:51 am

По дождот од немири
останаа само насмевки. и
очи позлатени од
месечевиот копнеж
заталкан низ небесната градина,
а достасан до ...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:52 am

Се слејала тишината со мислата,
се поделил зракот со погледот
на едни очи искршени од рабовите
на играта...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:52 am

Некој заѕвони силно, отворив,
а таму, само панделка видов,
црвена ко огнот во ноќта,
се свила над подарокот.
Редови од мислите твои...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   8/11/2010, 10:52 am

Чекорите се бараа себеси
низ галамата и празните отисоци
останати зад нас...
Двата станаа еден пар, осамен
трагач по времето недофатно,
по смеата што се стопила со
дождот слеан од аглите на
сините облици...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:33 am

фусноти...

музиката нежно се впива
во себеси,
во мене и сè околу нас...
во празното...
спонтано, ноншалантно и
најпосле елегантно
како дама со скап парфем
опијанува и,
свест замаглува....
тело свое сензуално обликува,
па илузорно
повикува на танц мистичен...
нежно осмислен,
оставајќи ги на работ на масата
сите причини и последици...
оставајќи го светот да стаи зад вратата
на скалилото прво...
и тивко потпевнува,
јас умеам да говорам кога
молчам... да чувстувам кога
молчам... да живеам кога
молчам...
и играта не застанува во таа
глувост своја...продолжува да
молчи и говори...
да говори и молчи...
лице да допира и,
нежно милува...прости ми....
прости ми.....
и гласот се разлева во зборот,
во неговиот изговор...
и се слепува за сопственото тело
... од преживеаниот мор... nevermore....
некаде на работ на масата каде
времето само лета... каде останаа
заглавени фуснотите... од зборовите
недешифрирани....

[/left]
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:35 am

време

ноќта повторно ги раскрили
портите свои темпорални,
безнадежни,
а времето е време... недофатно,
неперцептивно и објективно туѓо,
модул непостоечки...
глас кој одговор носи надвор
од себе, надвор од погледот на денот...
потчинето со очи што вребаат во окови
од сеќавања исковани, од одговорности
ослободени и незаробени...
времето е траење со неограничен рок,
сегашност и утре, без читливи сенки
некаде стокмено помеѓу небото и земјата,
потопено со водата, обгорено со огнот...
времето не се зборовите кажани, ниту
рацете испружени едни кон други,
ниту мислите растопени од чувствата безброј...
времето е распаѓање на едновремените случки
интервално разделени, на неколку половини
поделени.... без смисла за заедничко постоење...
времето е трепетна маса, дадено доживување
и бескрајно илузорно доближување до
гласовите во ноќта што немир носат...



[center][center]
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:36 am

јас сум

јас сум,
сликарка без кист и штафелај,
работничка без работен ангажман,
и домарка без клуч од вратата влезна
што безимено стои пред
зградата на животот и смртта бедна.
авторка на соништа црвени,
кантавторка на евергрини стари,
и жителка на покривот врел.
јас сум,
стих недовршен, а тенорно совршен,
боја октомвриска, истурена врз платното црно,
години распослани во текстовни рамки,
вкрстени свести, од фикции и стварности разни,
лик сегашен, знаково менлив...
јас сум,
формален концепт на овој не така совршен свет,
постојан дијалог со надежен епилог,
теза и антитеза,
градење и распаѓање,
возможно и невозможно
ново раѓање...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:36 am

создади!

пладнето танцува и те повикува
да го видиш делото свое уништено,
а од копнеж создадено, со
неколку потези изгазено...
те повикува преку ехото
од птицата црна што облаци кине
и реви врз судбата клета...
создади! создади! создади!
создади го она што твое беше...
а само прав остана и мермер белина
и цвеќе суво, обгорено, крв напоено...
и биди сила, и биди слаб... и биди
тоа што си, но создади и повтор
зароди трептеж во пламен од лаги
завиен...создади ако можеш она
што не се создава....она што победено е
она што поразено е... она што готово е...
...создади...пред да се сретнеме повторно
и божилак си дариме....и пламен истуриме
врз поројот ладнокрвно самотен...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:37 am

неспокој...


тивко те замислувам и повикувам,
со името што бури раѓа во мене,
шепотам нежно ко здивот
утрински откинат од грлата вжарени
после долгите ноќни танцувања...
те милувам и нежно прегрнувам
со насмевка полевам, тага да симнам
од очите и рамењата твои силни...
медовина те напојувам и хранам...
да избришам горчини јадовни...
посевам цвеќе во градината
на душата, што убава ти е....раѓам
пеперуги немирни со крилја свилени
милина што дариваат кога моите раце
далеку се...
и копнежи по нив праќам до тебе
милино...умор да ти избришам, тага
да ти украдам и бесплатно ја продадам
на незнајни патници во ноќите црни...
да однесат далеку насобрани грижи
со кочии виорни и коњи галопни...
и ги вратат старите часови со мирис
на сонце и прегратка спокој...
посакувам и молитвам...во неспокој
живот минувам...и знам....соцето
ќе угрее...и знам...ноќта повтор ќе
дојде...и знам...часот заминал и
времето го нацртал....за уште неколку
насмевки и нежни трепети....до повторното
раѓање на утринското поспано сонце
што вели: „Не грижи се, магија таа во срцето
носи, само за тебе чувана милино.
...и додека патуваш низ твоите луњи... и неспокој
те граба и кине...не си сам...таа е со тебе.“
замислувам и гласно шепотам...внимавај
на себе милино...сонцето е сè уште тука
за тебе....
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:38 am

понекогаш или секогаш?

ПОНЕКОГАШ ЧУВСТВАТА
ЗАМОРУВААТ И ДЕБИЛНО
ДЕЛУВААТ...КОГА СИТЕ СЕ
ХАРЛИЕВСКИ СРЕЌНИ...
ДОБОЛУВААТ И ДОСАДУВААТ
КОГА СЕНЗУАЛНО МУ СЕ
СМЕАТ НА УМОРНИОТ ДЕН, А
ЛИЦЕ МУ ПРАВАТ...
КОГА ШТИКЛИ ВИСОКИ ОБУВААТ
И ЗА НЕКАДЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ...
А ТЕБЕ ЕМОЦИИТЕ ТЕ ГРИЗАТ КО
ПАРЧЕ ВКУСНО СИРЕЊЕ И
ЛЕБ ДОМАШЕН ОД ФУРНА ИЗВАДЕН.
....
МОЖЕБИ ТОА ПОНЕКОГАШ...
Е ПОВЕЌЕ – СЕКОГАШ... МОЖЕБИ...
И, ЗОШТО ДА НЕ?
СЕ СЛУЧУВА, НЕЛИ?
НАЈЧЕСТО, ПРИ ДОПИРОТ НА
ОБЛАЦИТЕ СО ВРОВИТЕ НА ДУШАТА
КОГА ТАА СĖ УШТЕ НЕ ИЗМИЛА
РАЦЕ ОД ПРАВТА И ПОТТА НА
ДЕНОТ ВРЕЛ.... СЕ СЛУЧУВА СЕКОГАШ
КОГА ЗАБРЗАНО ТРЧА И ВО СВЕТОТ СЕ
ВКЛУЧУВА ЗА ДА ПРОВЕРИ ДАЛИ СИ
ТАМУ НЕКАДЕ ВО ПРОЗОРЕЦОТ СКРИЕН...
...
ДА, ДА, СЕ СЛУЧУВА...ХА, И ТОА
СЕКОГАШ НЕЈЗЕ Й СЕ СЛУЧУВА...
....
НЕДОЗВОЛИВО,
ШОКАНТНО МРМОРЕЊЕ НА НЕРВИТЕ
ПОСЛЕ СЕКОЕ ВИДУВАЊЕ И ....
...
ПОСЛЕ СЕКОЕ СЛЕДНО
ПОВИКУВАЊЕ НА СЕТИЛА, И
ВРИЕЖИ, И ОСЦИЛАЦИИ, И ВИБРАЦИИ И...
БЕСКОНЕЧНО ЦИКЛИЧНИ КОНОТАЦИИ
ОД ПОТРЕБАТА ПО САМО ЕДНО – ТЕБЕ!
...
СЕКОГАШ СЕ СЛУЧУВА, И
САМО НЕЈЗЕ Й СЕ СЛУЧУВА...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:39 am

патоказ

КОЛКУ УБАВ ДЕН, А СОНЦЕ НЕМА
КОЛКУ УБАВИ СРЕДБИ, А ПРАЗНИНА
КОЛКУ УБАВИ ЛИЦА, А ОТСУТНИ
КОЛКУ УБАВИ ЖЕЛБИ, А НЕДОФАТНИ...

...И УШТЕ КОЛКУ ПАТНИЦИ ПО ПАТ
ТРГНАТИ, А НИКАДЕ НЕ СТИГНАТИ...
... И УШТЕ КОЛКУ ОБЛАЦИ БЕЛИ
ОД НИВНИТЕ ЧЕКОРИ НЕДОГЛЕДНИ...
...И УШТЕ КОЛКУ ПАТОКАЗИ РАЗНОСТРАНИ
НАВЕДНАТО ОСЦИЛИРААТ ПО АВТОПАТИ....

А САМО ЈАС, УБАВ ДЕН - СОНЦЕ ИМАМ,
А САМО ЈАС, СРЕДБА-ФАНТАЗИЈА ДОБИВАМ,
А САМО ЈАС, ЛИЦЕ НАСМЕАНО ОБЛИКУВАМ,
А САМО ЈАС, ЖЕЛБИ ДОФАТУВАМ...

И СТИГНУВАМ,
И ПРАВ ОТФРЛАМ,
И КАРТА В РАЦЕ ИМАМ,
СО СТРЕЛКА ЦРВЕНА,
ШТО ТЕ ДОПИРА....
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:39 am

око

БРАНОВИ ПИЈАТ ОД ДУШАТА
КАРПЕСТО ИЗВИЕНА НАД БРЕГОТ
ЖИВОТЕН, СКРК И ПЕСОК ПОСЛАН...
ЗРАК СКРИЕН ПОД ЧАДОРОТ СЕ
КИКОТИ ОПИЈАНЕТ ОД МУДРОСТА
СВОЈА, ШТО ЗАВЕЛ ПОЛОВИНА
СФЕРА ОД СВЕСНОСТА МОЈА...
РАДОСНИ НОТИ КОМПОНИРА И
ФУСНОТИ РЕЗОНСКИ АПСТИНИРА,
А ОГНИЛОТО ПРЖИ И ОБГОР ЧИНИ
ВРЗ ЕНДЕМИЧНОСТА НА ОБЛИКОТ
БЕЗ ДУША, А ТЕЛО САМО...
НЕКОЈ СИ ПАТНИК СУМ БИЛА
ДОЗНАВ АДРЕСА СВОЈА, КОГА
НЕБОДЕРИ ЗАСТАНАЛЕ И ЅУНИЦА
СКРИЛЕ... СЕНКИ, СИВИ, СЕНИШНИ,
СВИТКАНИ ВО ЦРНО, НИГДЕ БЕЛО...
САМО ПРКОС ИСКРИ ОД ОЧИ
ПОБЕЛЕНИ ОД ПОГЛЕДОТ ВТРЕНЧЕН
ВО ОТСУТНОСТА ТВОЈА.... ГОРДО
ЗАМИНАТА.... БЕЗ ДА ВИДИ...БЕЗ ДА
ЗНАЕ....КОЛКУ УМОРНО Е ТОА ОКО
ЕДНАШ СИНО, СЕГА БЕЛО...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:40 am

полноќна

И НОЌВА СТИХОТВОРУВАМ,
И ПЕСНА СОЗДАВАМ, ЕДНА...
ОСАМЕНА СКИТНИЧКА СО
СТАПАЛА БОСИ ШТО ТЕТЕРАВИ...
ПОСАКУВАМ ДА ЈА ПРОНАЈДЕШ
И ЈА ДОПРЕШ СО ДУШАТА,
И ЈА ПРЕГРНЕШ СО МИСЛАТА,
И ЈА ПОНЕСЕШ СО СЕБЕ ОНАМУ
КАДЕ СВЕТЛИНАТА СЕ СПОЈУВА
СО МРАКОТ, ОНАМУ КАДЕ
ОСАМЕН ПЕЈАЧ ГЛАС СТИШУВА
ДА НЕ ВЕСКРЕСНЕ ДЕМОНИ,
НЕСПОКОЈНИ, ДИВИ...
СТИХОТВОРУВАМ, А НА НЕБИДНИНА
МИСЛАМ, НА МРАК ВЕЧНОСТ ШТО
СОТВОРУВА.... РЕВ НЕБЕСЕН...ШТО
ПРАВ ГОЛТА И ПРОГОЛТУВА....А
САМО ЕДНО НЕ УСПЕВА,
ДА ГО УКРАДЕ ОРИГИНАЛОТ МОЈ,
ТОЈ УНИКАТЕН ВРИЕЖ, КРВОТОК
БЕСЕН... ТАА ГЛАД ПО ЖИВОТОТ,
ПО ПЕСНАТА И ЦВЕТОТ ВО РАКАТА
ТВОЈА...ДОДЕКА ТРЕПЕРАМ И ЗАСПИВАМ
ВРЗ ТОПЛОТО КРИЛО И ТВОЕТО БИЛО...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:42 am

без наслов

САМА СУМ...
И ТРЕПЕРАМ
ЗАРОБЕНА ВО КУЛИТЕ
УБИЈЦИ НА СВЕТЛИНАТА,
А ПОРТИТЕ
ЗАТВОРЕНИ СЕ…
БЕДЕМИТЕ ТЕШКИ,
ПРЕТЕШКИ…
НО, НЕ СТОЈАМ,
ЗАМИНУВАМ...
ЗАМИНУВАМ ДА СОНУВАМ
И ТЕ СРЕТНАМ,
И ТЕ ИЗБЕГАМ ОД
ОНИЕ ШТО ТЕ ГРАБААТ
ОД МЕНЕ....
ЕВЕ СУМ,
МЕЃУ ДВЕТЕ ПАРАЛЕЛИ,
МЕЃУ ДВАТА СВЕТА...
МОЈОТ И ТВОЈОТ....
ПОБАРАЈ МЕ...
ТАМУ СУМ ...
НА АГОЛОТ ОД
КОПНЕЖОТ МОЈ...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:45 am

секогаш ти...

СОНЦЕГЛЕД,
СТРЕМЕЖЕН...
КОПРЕНА ДУШЕВНА,
ТОПЛИНА, СЛАЧ,
ФЛУИД БЕСКРАЕН...
СОНЕТНО СИЛЕН,
ВАРИЈАБИЛЕН....
НАБОИ ДИВИ,
ДИНАМИЧНИ,
ЕРУПТИВНИ,
КРЕАТИВНИ,
СЕНЗИБИЛНИ,
СЕМИ И ДИЛЕМИ...
ЗА МИЛИОНИ
ЖЕНИ ...
ОПИЈАНЕТИ ОД
КАПКИТЕ ВИНО,
МИРИСОТ И ЗДИВОТ
ПЛАМЕНЕН....
ПОГЛЕДОТ ДИВ,
И ДОПИР ЖЕРАВЕН,
СТРУЈНО – УДАРЕН....
ПОСЛЕДЕН,
НЕЗАБОРАВЕН....


...мој неспокој...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:46 am

што сум?

ТАЈНА СУМ НА МЕСЕЧИНАТА,

СФИНГА ЗАГАДОЧНА,

ФОРТУНА ОД МАГЛИ СОЗДАДЕНА...

НЕБЕСЕН КРИК, РЕКВИЕМ СОНОРЕН,

ЛАВИНА ОДЛЕАНА НИЗ

БРЕГОВИ И ДОЛИНИ ТЕЛЕСНИ,

ПЛАМЕН ПРОМЕТЕЈСКИ,

ЧУВАР НА ДНИТЕ НАТАЖЕНИ...

СОНЧЕВ ЛАЧ, БЛЕСОК ПОРОЧЕН...

СЕМАНТИЧКИ НЕДОРЕЧЕНА,

МОРФОЛОШКИ ОДРЕЧЕНА,

МИТОЛОГИЈА И УТОПИЈА,

СМЕСА ХОМЕГЕНА, ГЛИНЕНА...

ВО РАЦЕТЕ ТВОИ ЗАРОБЕНА...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:47 am

букви...


ПРСТИТЕ ТИПКААТ НЕМО
ПО ЛИНИИТЕ НИЗ КОИ
БУКВИТЕ РАСФРЛЕНИ ЛЕЖАТ.
НЕЖНО ГИ СОБИРААТ,
РЕДАТ, ПОТОА
РАЗРЕДУВААТ И,
ТАГУВААТ...
САМИ СЕ, СМРЗНАТИ И БОЛНИ
ОД ДАЛЕЧИНИТЕ НЕДООДНИ,
ОД МИСЛИТЕ НЕДОЛЕТНИ,
ОД ТАНЦОТ НЕДОИГРАН, ОД...
...А САКААТ ДА СЕ РАДУВААТ
И НАСМЕВНУВААТ И,
СРЕЌНО БИТИСУВААТ...
... НО ЕВЕ ГИ, УЛОВЕНИ И
ЗАРОБЕНИ ПОД ВРВОТ НА
ПРСТИТЕ, ДРАЗБА
ЧУВСТВУВАТ, ТОПЛИНА И
НЕЖНОСТ ОД КРВТА ШТО
НЕ СТОИ, САМО КЛОКОТИ И
БЕСНЕЕ...
БУКВИТЕ ЗБОРИВИ СТАНУВААТ,
ЗБОРОВИТЕ – СЛИКИ,
СЛИКИТЕ – ПЛАТНА,
ПЛАТНАТА – ПОСТЕЛА
СИНО - НЕБЕСНА,
ЦРВЕНО – ЖАРЕСТА,
ЖОЛТО – СОНЧЕВА,
ЗРЕЛО – СЛАДЕСТА...
ТАНТАЛ СЕ СМИРИ И
НА НОЌТА И ДОЗВОЛИ ДА
ТИШИНИ И НЕМО ОТПЛОВИ
ДО БРЕГОВИТЕ ТВОИ
НОСЕЈЌИ ТИ ДАРОВИ
ОД МЕД И ВИНО ЦРВЕНО,
ЉУБОВНО...

for you...my...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:48 am

* * *

ЖИВОТ...
ЧОВЕКОТ НЕ Е ПЛАНИНА,
НИТУ СОНЦЕ ЖАРКО,
НИТУ ЛИНИЈА НА ХОРИЗОНТОТ,
НИТУ НЕМИРНА РЕКА...
ЧОВЕКОТ Е ПРОЛЕТ,
ЛЕТО,
ЕСЕН,
А ПОТОА
ЗИМА СТУДЕНА...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:48 am

песна...

ЗАМИНИ, МУ ВЕЛАМ НА ЗБОРОТ -
ЗАМИНУВАЊЕ!
ЗАМИНИ ВО МИНЛИВОСТА СВОЈА,
ВО ДОМОТ СВОЈ НЕДОДОМЕН,
ЗАМИНИ И НЕ ВРТИ ПОГЛЕД
КОН МЕНЕ....
ПРОДОЛЖИ, МУ ВЕЛАМ НА
ПРЕМОЛЧЕНОТО, НА НЕДОРЕЧЕНОТО,
СВРТИ СТРАНИЦА СВОЈА БЕЗБОЈНА,
И ОСТАВИ ПЕСНАТА МОЈА
ПРОСТОРИ СВОИ ДА ОТВАРИ,
ПРАЗНИЧНО ДА ЧЕСТВУВА И
СЕ РАДУВА НА РАДОСТА ОД
СПОКОЈОТ, СМИСЛАТА И
ПОЛНЕЖОТ ОД ЧЕКОРОТ ВО НОЌТА
ТРГНАТ КОН НЕА,
ДА ЈА МИЛУВА,
ПРЕГРНУВА, ВОЗДИГНУВА...
И ЗАСТАНАТ ПОД ПРОЗОРЕЦОТ
НА СВОЈАТА САКАНА, СОНИШТА
И РАЗБУДУВА ...
ЈА БРАНУВА...
ОД ОСАМАТА ЈА КРАДЕ,
ОД БЕСМИСЛАТА И НЕСПОКОЈОТ...
ВО ПЕСНАТА,
ВО СПОКОЈОТ,
ВО НЕЈЗИНИОТ НЕПРЕМОЛК
ЈА ВГРАДУВА...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:49 am

глас...

ГЛАСОВИ, СТИШЕНИ
СТИХУВААТ ВО ОЧЕКУВАЊЕ
НА ТВОЕТО ЈАВУВАЊЕ...
ЕКОНОМИЧНО ВИЗУЕЛИЗИРААТ
СЛИКИ ОД АГЛИ РАЗНИ,
ПОНЕКОГАШ ПРОМАШЕНИ,
ПРАЗНИ....
ИЗГУБЕНИ ОД НЕУМЕШНИ
ПОТЕЗИ НА СЛИКАРОТ ЛАИК...
ОПАЧИНСКИ СВРТЕНИ,
ИЛУЗОРНО ПРИФАТЕНИ ОД
ПОСТОТ НА ДУШАТА,
ЗАЖЕДНЕТА ДА СМЕСТИ
БАРЕМ НЕШТО ВО УТРОБАТА...
ФОКУСИРА ТОГАШ ТАА,
СЕКАКВОСТИ, ПАЛАВОСТИ И,
ДРУГОСТИ ВО ЗАМЕНА НА
УНИКАТНОСТА ТВОЈА...
НО, СĖ ШТО ПРАЗНО ДОАЃА,
ПРАЗНО СИ ОДИ...СЕНОВИТО,
ИЗРАЗНО НЕБЕЛЕЖИТО...
КОНЦЕПТУАЛНО БАНАЛНО,
УБИСТВЕНО И ТРАВИЈАЛНО...
И САМО ЕДЕН Е ИСКОН НЕБЕСЕН,
СОЗДАТЕЛ НА СТИХОВИТЕ ,
ИСКУШИТЕЛ НА СТРАСТИТЕ,
УРИВАЧ НА ЕДНОСТАВНОСТИТЕ,
ЅИДАР НА ОСТВАРЛИВИТЕ
РЕАЛНОСТИ...
ЕДЕН ГЛАС СЕТИЛЕН,
ДЛАБОКО СЕМЕНТИЧКИ РАЗВИЕН...
ТВОЈОТ ГЛАС БУДИЛЕН...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:49 am

море...

ПОВЕЛИ,
ВЛЕЗИ НИЗ ПОРТИТЕ
НА ВРЕМЕТО
НИЗ БРЕГОВИТЕ И
БЕДЕМИТЕ ДВА
ОГНИ ШТО ГИ
ГОРАТ... И
КОЦКЕСТО СЕ ШИРАТ
И РАСЛОЈУВААТ,
РАСПУКУВААТ,
ИЗНИКНУВААТ И ПОВТОР
ПОТОНУВААТ ВО
ВОДИТЕ ПЕНЛИВИ...
ИЗГУБЕНИ,
ТРЕПЕРЛИВИ,
ЗГРЧЕНИ...
ПОВЕЛИ,
ЗАПЛОВИ НИЗ
МОРЕТО МИРИСНО,
РАЗБРАНУВАЈ
СВЕТОВИ МОИ,
ЗАРОБИ СНИ,
БЕСТЕЛЕСНИ, А
ЧУВСТВИТЕЛНИ...
ПОВЕЛИ,
ЗАБРОДИ НИЗ МОРЕТО
ПЕНЛИВО,
НЕСПОКОЈНО...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:50 am

создадени...

ЈАС СУМ РЕБРО
ОД ТВОЕТО ТЕЛО.
ТИ СИ ДЕЛ
ОД МОЕТО ЦЕЛО.
СОЗДАДЕНА
ОД ТЕБЕ
СОЗДАДЕН
ЗА МЕНЕ...
ЉУБЕНА ДА СУМ
ТВОЈА,
ЉУБОВ МОЈА
ДА СИ...
ДВЕ ТЕЛА, ДУША
ЕДНА...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:52 am

молк...

МИ РЕЧЕ: - МЕ ВОЗДИГНУВАШ МИЛА!
МОЛЧЕВ... А ВОСКЛИКАВ ВО СЕБЕ.

МИ РЕЧЕ: - СЕ ЧУВСТВУВАМ ПОЧЕСТЕНО.
МОЛЧЕВ... А ЖЕДНЕЕВ ЗА ТЕБЕ.

МИ РЕЧЕ: - МЕ ПРАВИШ ПОСЕБЕН ДУШО!
МОЛЧЕВ... А УМИРАВ ПО ТЕБЕ.

ПРЕМНОГУ МОЛЧЕВ, И ТИ,
СИ ЗАМИНА ОД МЕНЕ...
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:52 am

замислувам...

ГО ЗАМИСЛУВАМ ПРАЗНИКОТ НА
СОНЦЕТО, СЛАДОСЕН Е...

ГО ЗАМИСЛУВАМ ПРАЗНИКОТ НА
ЦВЕЌЕТО, АМБРОЗИЕН Е...

ГО ЗАМИСЛУВАМ ПРАЗНИКОТ НА
ПРИРОДАТА, ГЕТЕОВСКИ Е...

ГО ЗАМИСЛУВАМ ПРАЗНИКОТ НА
СВЕТОТ, СИЗИФОВСКИ Е...

ГО ЗАМИСЛУВАМ ПРАЗНИКОТ НА
ЧОВЕКОТ, ДИОГЕНОВСКИ Е...

Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:55 am

будење...

УТРОВО МЕ ПРОБУДИ ШЕПОТОТ ТВОЈ:

- ДЕНЕСКА СИ ПРЕКРАСНА, ДУШО...
СОНЦЕ СИ ВО ПОГЛЕДОТ МОЈ, СЈАЈ
ЅВЕЗДЕН СО ВКУС НА КАПКА РОСА…


ИМА ЛИ ПОУБАВО БУДЕЊЕ ОД
БУДЕЊЕТО МОЕ?

[img]
Nazad na vrh Ići dole
marcela

avatar

Ženski
Broj poruka : 2789
Godina : 47
Datum upisa : 05.10.2010

PočaljiNaslov: Re: marcela   13/11/2010, 8:57 am

ден обичен...

ДЕН ОБИЧЕН...ПООБИЧЕН
ОД СЕКОЈ ДРУГ ДЕН, А МОЕТО
СРЦЕ НЕ МИСЛИ ТАКА....
СЕ СОБРАЛЕ ОД НЕКАДЕ, ЛУДИТЕ
СТАРИ СПОМЕНИ, ДА ПОМАТАТ
БОИ НАДЕЖНИ... И СМЕСА ПРАВАТ
ТИЕ ОД ГОДИНИ, ДНИ, ЧАСОВИ...
БЕСКРАЈНО – БЕСКРАЈНA - БЕСПРЕДМЕТНА...

ДЕН ОБИЧЕН...НАЈОБИЧЕН ЗА СИТЕ,
САМО ЗА МЕНЕ...ТАГОВЕН...
ОД НЕДОСТАТОК НА СИТЕ МОИ
ТОПЛИНИ, ОД СИТЕ ЛИЦА ШТО
ПРЕМНОГУ МИ ЗНАЧАТ....

ДЕН ОБИЧЕН....А ТОЛКУ НЕОБИЧНО
ОСАМЕН...БЕЗ НИВНИТЕ НАСМЕВКИ
И ТОПЛИ ЗБОРОВИ НАДЕЖНИ...

ДЕН ОБИЧЕН....ОКТОМВРИСКИ...НЕДОРЕЧЕН...
[center]


Poslednji izmenio marcela dana 13/11/2010, 9:07 am, izmenjeno ukupno 1 puta
Nazad na vrh Ići dole
Sponsored content




PočaljiNaslov: Re: marcela   

Nazad na vrh Ići dole
 
marcela
Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Nazad na vrh 
Strana 1 od 4Idi na stranu : 1, 2, 3, 4  Sledeći

Dozvole ovog foruma:Ne možete odgovarati na teme u ovom forumu
LJUBAV, SMRT I SNOVI :: Naša autorska dela- piše se i čita u temama ispod naslovne :: Poezija-
Skoči na: