LJUBAV, SMRT I SNOVI

Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
 
PrijemČesto Postavljana PitanjaTražiRegistruj sePristupi
LJUBAV, SMRT I SNOVI - Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
Tema "Za goste i putnike" - otvorena je za komentare virtuelnih putnika. Svi vi koji lutate netom ovde možete ostaviti svoja mišljenja o ovom forumu, postaviti pitanja ili napisati bilo šta.
Svi forumi su dostupni i bez registracionog naloga, ako ste kreativni, ako volite da pišete, dođite, ako ne, čitajte.
Molim one, koji misle da im je nešto ukradeno da se jave u temama koje su otvorene za goste i putnike, te kažu ko, šta i gde je kopirao njihovo.
Rubrika Erotikon je zaključana zbog dece i net manijaka, dozvolu za pristup tražite od administratora foruma !

Delite | 
 

 Tragovi snova - cernodrimski

Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Ići dole 
AutorPoruka
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Tragovi snova - cernodrimski   19/2/2010, 9:12 pm

Трагови



Трагови снова
Остали су записани
На тамном облаку
Који је носио твоје сузе
Сањала си сваки дан
За само једно јутро
Јутро које неће бити
Исто како јуче
Исто како прекјуче

Трагови твог осмеха
Однели су ласте
Негде далеко
Где ће сада свити своје гнездо
Са топлином твог осмеха
Гријаће своје младе

Мени су оставили
Ова тужна јесен
И пожутело лишће

Трагови прошлости
Остали су записани
На белом снегу
На самом врху старе планине
Орлови је чувају
Да их нико не може да избрише
Сада ми је лакше
када знам
Да и луна може да чита
Сваку ноћ.

никодин чернодримски 2009
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   19/2/2010, 9:13 pm

Како да верујем



Како да верујем своме оку
Када је пустило сузу још у рану зору
Видели су то неколико људи
Али сада причају свуда
Да сам слабић
Да плачем још од раног јутра
Ниси знали да је то суза радосница
Нису знали они
Да се још од раног јутра
Радујем новом дану
како да верујем своме оку
када је пустило две сузе
баш тачно на подне
видели су сузе много пролазника
и сада сви знају
и сада сви причају да плачем
на сваком тргу
на сваком углу
нису знали они тада
да су то сузе радоснице
полетели су од радости
долазила је моја драга
у загрљај мој
како сада свима да испричам
да нисам слабић
да не плачем без разлога
како да верујем свом оку?

Никодин Чернодримски 2009
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   19/2/2010, 9:14 pm

Некад и негде


Негде у твојим сновима
Кријеш љубоморно твоју последњу сузу
Чуваш је за наш растанак

Негде у твојим нежним уздасима
Кријеш свој задњи болни крик
Чуваш га за црну таму

Негде у твојим речима
Кријеш своју пјесму тужалку
Чуваш је за миг од кога се бојиш

Негде у некој твојој нади
Кријеш наш спомен први
Чуваш га за самотињу проклету

Некад у неко време
Некад ја била само суза једна
Некад бићу само крик
Некад бићу само пјесма тужна
Некад бићу само спомен први
Некад и негде

Никодин Чернодримски 2009
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   21/2/2010, 10:19 am

Ѕвонливи Молитви

Се креваат внебеса ѕвонливи молитви
липаат своја тага далечни земји
тоа е песна за мојата крвава душа

Ветерот ми цеди од очите солзи
во гората завива волк или волчица,сеедно ми е
останувам да се скаменувам под белата прекривка

им го слушам молкот на луѓето
наоколу испаруваат соништата на мојата младост
го нема веќе таму моето име

Од мојата крв цедам мелем за тагата
магиско вино за чудотворци
должен сум да го вратам времето барем еден ден

се молам во ова сказание да не сум веќе
роден како магла во магла
како ноќ во сенишна ноќ
празнина во празнина кои некои го викаат живот.
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   21/2/2010, 10:20 am

Меѓи Ѕвезди и Пеперутки


Мина бран кобна тишина
Одлета бела птица преселница
Се откина душа страдалничка од гнило месо.

Несватлива смеа од злобник одекна
Безличните сенки го потикнаа
За недоречениот стих што го прекинаа

Скаменет ковчег сурна суводолица
Со врата од мов зелена накитена
Збеснат пењав ѓавол ја чува

Згуснати збиени снегулки пишуваат небесна вистина
Мразови пукаат непокорени спили
Огниште ноќва згасна пепел го пркри

Усна молитва низ стисната дланка излета
Умирам судбино меѓу ѕвезди и пеперутки
Ететиго таму трупот ладен.
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   21/2/2010, 10:20 am

ДУХ НА МИНАТОТО


Ти
Немирен скитачу
Разбуден дух на минатото
Ти
Кој го знаеш крајот на времето
Кажими ноќва
Додека полниов месец празнува
Каде е почетокот
Да застанам
Првото раѓање да го видам
Првиот зрак повторно да го допрам
Праисконот да ме благослови
Гревовите да ги изгори
Прашината од вековите збрана да ја одвее
Се збрала ридови тешки станале
Тежат сеќавањата од патувањата
Ти
Немирен скитачу
Разбуден дух на минатото
Ти
Кој го знаеш крајот на времето
Кажими ноќва
Дал буден да бидам
Ил сништата да ги канам повторно.
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   21/2/2010, 10:21 am

Миг Лудило



Во прегратките на ноќта некаде далеку
Плачот на детето се изгуби

Копнежот за уште една месечина остана
Тлее како пепелта во огништето заборавено

Крадешкум една мисла заминува
Остана глува тишина во глува доба

Цинични насмевки сенките разнесуваат
Стравот од пламенот на свеќата го немаат

Дојде и тој кобникот гласникот на несреќи
Да колва длабоко во душата распарталена

Црниот гавран црна песна запеа
Патилата ги разбуди во оро ги поведе

Ни полноќ уште недошло тивок крик евего
Го бара времето изминато со лажни надежи

Миг чекор ли е потребен извика детето
За ова лудило да измине сонот да пристигне
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
Masada
Administrator
avatar

Muški
Broj poruka : 11332
Godina : 55
Location : Zemun
Humor : Jok
Datum upisa : 05.10.2007

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   21/2/2010, 10:50 am

Поезија ти је одлична друже. Уколико неко не разуме неку реч, надам се да ћеш је превести на Српски, мада имамо горе у углу Гугл преводилац тако да чланови могу и сами да направе превод.

____________________________________________
Kuda tako žurno ti ratniče hodiš ?
Ka sudbini !
Nazad na vrh Ići dole
http://poezija.6forum.info
besherat

avatar

Ženski
Broj poruka : 5475
Datum upisa : 18.03.2009

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   21/2/2010, 11:00 am

Nije problem za prevod, mnogo ljepše zvuči na makedonskom, jako lijepi stihovi.

____________________________________________
"Poezija je samo trag zivota.
Plamti li tvoj zivot, poezija je samo pepeo plamteceg zara."

Leonard Cohen
Nazad na vrh Ići dole
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   21/2/2010, 2:23 pm

Није проблем за превод Масада,направиćу,али проблем је што не познајем толико добро српска граматика,па пјесма губи и на јачину и на поетичност,плус у многих мојим пјесама наласе се архаичне речи који су карактеристични само за неко наречје код нас у Македонија,па и колико да тражим соодветна замена није то то,али како си рекао,има гугл транслатор  па ко воли нек преведи и суштина пјесме разумеће.као шта радим ја када идем на руске,бугарсе,или енглеске сајтов,неговорим али са гугл је сада лакше.у сваком случају пуно хвала на похвалне речи.
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   21/2/2010, 2:27 pm

Измислена измама

Ова е млак сон или невидлива мисла
Таен жрец сум бил
Во три кожи,на три страни
Во три столетија продувани и извејани
Тајните на черепот тогај ги корнев
И смислата на животот
До старечка изгниеност сум ја носел
Узнав во сонот
За страшниот косач на живо месо
Бесилен сум бил само со некоја молитва
Во прво столетие
На месечина полна со русалки сум играл
Стопена руда од звездите сум леел
Младоста на голи девици сум ја тошел
И по некоја блудница,или грешница сеедно е
Да рти семето да роди земјата
Во второ столетие
Мудроста ми го усвитила темето
Во тврдина со урнати кули
Зад дабови врати што ни пеколот не ги рушел
Ноќите сонот го шмукале лакомо
Додека ода на апокалиптичното искушение сум го поел
Во трето столетие
Од вселенскиот талог ука сум земал
Ѕвездочетач ќе да е тоа
До глобочините на животниот корен сум четел
Ноќите жедно сум ги пиел во осој на присој
Всемог маѓесник со кораб без трпеза ете сум бил
Ја измислив измамата дека сонувам.
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   21/2/2010, 2:29 pm

 


 


Безнадежен
дожд


 


 


Се истури
безнадежен дожд


Ги накваси
литите партали на неутешните души


Така подобро
им ја разјадува сопствената измама


Им покани
гаврани на гозба


Кутрите тие
клечеа крај темна грмушка


Безгласно како
кобници се молеа


За миг сончево
злато на дланки да го имаат


Се скрвија
очите си ги испоганија самите


Измамени беа


Ви измамата им
секна машката жед


Глуви станаа


Не ја слушаа
веќе ноќната песна


Само пустошот
во душата бука им беше


Се плашеа


Стравот им се
читаше во погледите крвјосани


Во сопствениот
круг само мрмореа


Ќе тргнат
мртвите души на полноќ


Во амбисот на
заборавот ли ќе не ноат


Нека


Робови на
сопствената амбиција бевме


 
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
Masada
Administrator
avatar

Muški
Broj poruka : 11332
Godina : 55
Location : Zemun
Humor : Jok
Datum upisa : 05.10.2007

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   21/2/2010, 5:29 pm

cernodrimski ::
Није проблем за превод Масада,направићу,али проблем је што не познајем толико добро српска граматика,па пјесма губи и на јачину и на поетичност,плус у многих мојим пјесама наласе се архаичне речи који су карактеристични само за неко наречје код нас у Македонија,па и колико да трашим соодветна замена није то то,али како си рекао,има гугл транслатор  па ко воли нек преведи и суштина пјесме разумече.као шта радим ја када идем на руске,бугарсе,или енглеске сајтов,неговорим али са гугл је сада лакше.у сваком случају пуно хвала на похвалне речи.

Знам да се губи смисао, мени је већина речи јасна, можда понека ми је непознаница али у суштини боље је писати изворно.

____________________________________________
Kuda tako žurno ti ratniče hodiš ?
Ka sudbini !
Nazad na vrh Ići dole
http://poezija.6forum.info
Beskraj

avatar

Ženski
Broj poruka : 64948
Godina : 40
Location : Na pola puta sreci
Humor : Uvek nasmejana
Datum upisa : 20.03.2009

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   21/2/2010, 7:08 pm

Prelepo, zaista sam veceras uzivala u tvojim stihovima,Nekada i Negde i Tragovi su ono sto bi ja izdvojila ovoga puta.

____________________________________________
Ja volim samoubilacki-krvnicki nemilosrdno i brutalno.
Necu drugacije. Ko to moze da izdrzi, a upoznah samo jednog.
'Moja je krv moj put do tebe'

http://www.youtube.com/watch?v=XoaSOYGedjg&feature=player_embedded
Nazad na vrh Ići dole
bealiever

avatar

Ženski
Broj poruka : 878
Godina : 40
Location : Tako blizu ali ipak daleko...
Humor : uvek :)
Datum upisa : 31.07.2008

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   22/2/2010, 1:21 pm

се молам во ова сказание да не сум веќе
роден како магла во магла
како ноќ во сенишна ноќ
празнина во празнина кои некои го викаат живот.

Прелепо, мислим да треба да пишеш на македонском, доста је јаче, упечатљивије. Настави са писањем, читам Smile

____________________________________________
Možda su moji snovi suviše jaki i veliki da bi bili deo ove stvarnosti..
a možda je i ova stvarnost samo mali delić mojih snova...
Nazad na vrh Ići dole
http://www.bealiever.blog.rs
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   25/2/2010, 4:03 pm

Полноќен Шепот


Вечерва низ шепот
Ја пееме со гавранот песната
За патилата и црнилата
Строфата прва ја отпеав јас
За црнилата на ноќта
Кога напати ме морничавеше
Стравот низ коските како ветар го пушташе
Напати со месечината ме милуваше
И за љубовта ми зборуваше
Втората строфа ја кажа гавранот
За патилата во денот
Рече тагувам веќе долго од злото на луѓето
Осамен сум тука
Љубовта моја сега пепелта ја љуби
Ме сторија самотник без надеж
Заборавот го барам во него д се скријам

Третата строфа ветерот ја украде
Рече со злокобен фиук
Ќе ја сторам тајна вечна
Зборовите не се за смртници да ги слушнат
Нема да ги разберат
Повторно како кобење ќе ги сватат
Одете сега во маглине густи
Таму ве чека утеха мала
Осамен миг кој тага ќе ви носи
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   25/2/2010, 4:06 pm

Неповрзани мисли



Сакам вечерва очите да не гледаат
Времето да застане
Молитвата на тишината ќе ја кажам
Ја знаат многумина
Се плашат да ја повторат

Срцето не го лажев,каменот ми е сведок
Само молчи и тој сега
Светлината ја љубев,ветриштата нека ви кажат
Себични станаа и само луто свират

О проклети зборови
Повторно во часов овој ме издадовте
Ве затворив во дневник еден
Таен го нареков вие така подли станавте

Го живеес сонот кој не постоеше
Неисполнет во маглините утрински замина
Остана некаде во сенката на месечината
Се сокри и нечија желба да не го најде

Лажното време ме благослови
За мене утре да нема
Небото никогаш со дождови да не заплаче
Не ми даде никогаш да заборавам

Сакав вечерва очите да не гледаат
Времето да застане
Молитвата на тишината да ја кажам
Кобник ли бев што неповрзани мисли ме преплавија



Заминувам



Заминувам

Не ме прашувај зошто

Снегулките ме канат да танцуваме

Којзнае можеби во вечноста ќе ме внесат

Мртви се пепрутките

Го снема ројот голем

Еден фенер заборавен ги прегоре

Крилцата со кој симфонијата ја свиреа

Им ги изгоре пепел ги стори

Сега во белилово

Само волкот самотник отпротива завива

Незнам

Навистина незнам дали е негово добредојде

Или рик што соперник добил

Заминувам со снегулките

Одам да го најдам феникс

Незнам

Некаде прочитав во вечноста се сокрил

Од пепелта ако треба ќе украдам

Пеперутките да ги воскреснам

Заминувам

Не ме прашувај зошто

Однекаде виулица доаѓа

Лути и студени се тие снегулки.
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   1/3/2010, 5:23 pm

Воскреснат Сликар


Неук сликар на Животното платно сум
Ги бојам дните со врела адска боја
Ги белам ноќите со пенлива бигорна вода
Во длабокото извориште саде црпам
Дамарите неуморно со кокот бликаат
Некогаш кога со восхит сум наранет
Ги прскам утрата со сјајот на росата
На гранките од старата липа
Скаменети кристали фрлам таму
Ѕвонлива песна сакам тогаш да ми пеат
Но некогаш кога чемерот ќе ме натисне
Со грмотевици го кинам платното
Стравот го мелам низ порои збеснати
Со сив превез се прекривам
Со денови со месеци
Се лелееш,тогај ќе рече некој
Како призрак во измислена приказна
Се разјадувам на сто парчина
Во аловина се нурнувам да прегорам
Смраморен до утрото кога феникс воскреснува.
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   22/3/2010, 1:02 pm

 


Непокор


 


 


Низ молкот како
ранет ѕвер


Се борам со
смрта


Тој бескраен
крај-ако е крај


Несакам да станам
душа без тело


Срце без грам
топлина


Зарем тивкото
утро нема да буди


Зарем крвта
нема да клокоти


Нерасонетото  сонце се крие


Капката роса
бега


Кревкото ливче
се крши


Дланката на
вечноста е тука


Заборавот се
разбуди


Станав надвременски
спокоен


Отпечатокот на
лицето грч стана


Онемен во
постела ,во руменилото на зората


Низ вратата на
вечноста


Пеперутката за
последен пат ја галам


Таа нескротлива
танчерка на ветерот


Далечни липања
се гушат во солзи


Заминувам,додека
дождот ги мие трагите


Додека ветерот
ги брише патеките


Заминувам додека
сонцето ги пржи дните


Заминувам додека
виорот не дошол


Правта и пепелта
да ја крене


Белегот од
љубовта


Со само една
солза ќе го напишам


На небото ќе
го оставам паметник да биде


За непокорот
да раскажува


 


 


 
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   30/3/2010, 10:18 pm

Скаменето време
 
 

Заврши свадбата
на дивите волци

Во окота на
молителот се скамени солза

Црнобрадо
сениште сега коски глода

Во другото око
се распосла сонот во пајажина

Човек сум,се
прекрсти,но како сенка сум

Бев летач во висините
бескрајни

Ветерот го
впрегнував,со узди од леска

Ѕвездите мамузи
ми беа,го бодињав слабина

Старите духови
тајните ми ги откриваа

За небото,за
каменот

За водата,за
земјата

За човекот,за
ѕверовите

Така станав син
на земјата

Миленик на
небото

Безумие ден
дојде,јаваше на троглав ат

Ѕирнав во
книгата на живите,проклетие човечко

Грозоморни
писаниа,безимени гробови имаше

Дните вериги ги
врзав,писание сторив

Да се знае за
навек до век

Ѕвезда
северница пизма ми стори

Бесна матна крв
ми шурна

Сват молител на
волчја свадба да бидам

На полноќ
скаменето време да бројам.
 
 
 
 
 
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
Masada
Administrator
avatar

Muški
Broj poruka : 11332
Godina : 55
Location : Zemun
Humor : Jok
Datum upisa : 05.10.2007

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   30/3/2010, 10:23 pm

Лепо друже, није те дуго било. Мало освежења !

____________________________________________
Kuda tako žurno ti ratniče hodiš ?
Ka sudbini !
Nazad na vrh Ići dole
http://poezija.6forum.info
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   31/3/2010, 8:45 pm

није ме било,пошто припремам нова стихозбирка,од рукопис морам да је ставим у електронској форми,па тако плус обавеза на послу,али увек када имам времена јавим се,само имам један мали проблем,као ста видиш пјесме које постављам нису у оном збијеном редоследу,у чему је проблем
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   23/4/2010, 7:27 pm

Dobrovece svim clanovima,ipo moje dobro vece,jedni malo izvinenje zbog mog otsustva,ali imam dobar razlog,zasto nije me bilo,imeno u toku izminuliv skoro dva meseca,sam pripremao tri stihozbirke,od rukopisi u elektronskov izdanju,i sad sam krenu u potrazi po izdavac,znaci na um sam da izdajem tri knige,zato nije me bilo,ali u tom otsustvo,nisam prestao da tvorim i evo jedna pesma koja se nadam da ce vam se svizeti.Незнам зошто ја напишав оваа песна,и незнам кој наслов да и го дадам,но некоја црна река со црни води,каде мислите кутри се давеа во таа смола,незнам,ги гледав ги слушав како крикаат ,можеби можеби ги спасив од црните водовртежи,но можеби сега кога се на суво,на некои нема да им се допаднат,па ќе ме прекогар што сум сум бил во мигот тој спасите нивни

Три лелеави сенки
Во три ноќи со густ,леплив лигав мрак
Крик болка,рик здивен мират
Зошто ли , зошто е потребно
Да пиеме повторно од чашата на гревот
Кога проклетие едно не мори
Кога страдание од раѓање не гони
Зошто ли зошто е потребно
Пурпурната зора
Пламенот од очите да ни го кради
Слепи сме,ли,стана веќе вечер по задисонце
Губитници сме,ли,мракот не голта лакомо
Сон ли беше,јаве ли беше,што ли беше
Со Синовите на пламенот игри игравме
На камена пољана завет дававме
Сонцето со тријазични камшици не благослови
Мислите,троглави роглави али беа
Пламен громови,летаа Авадон го викаа
Никој ,никој,никој,по сенки да не плаче
Тие се привид,тие се слуги,тие се ништо
Никој,никој,никој,по мртви да не плаче
Таткото на светлината,заморот им го зеде
Мене бездната ми ја даде со нови сенки
Седум месечини беа....
Не девет месечини беа...
Сенки лелеави,клетви клетви фрлаат
Зошто ли зошто,зошто е потребно
Да пиеме повторно од чашата на гревот
Тој што сенки не стори,тој што со проклетие не мори
Тој срце камен да им,лице пламен да гали,
Таинствено писмо на крвава месечина да пишува
Во река со црни бели таласи да плови,со кораб трул гнил
Три лелеави сенки
Во три ноќи со густ,леплив лигав мрак
Крик болка,рик здивен мират
Зошто ли , зошто е потребно
Да пиеме повторно од чашата на гревот
Зошто ли зошто
Повторно во седумте имиња не можеме да се викаме
И трепер бура срце да ни крева
И желба,и страст,и сон веќе нема
Само поглед безнадежен,само сува црна испукана земја
И непознат и таен копнеж
За трите небеса,за трите сонциња,за трите болскотни месечини
Три лелеави сенки
Во три ноќи со густ,леплив лигав мрак
Крик болка,рик здивен мират
Зошто ли , зошто е потребно
Да пиеме повторно од чашата на гревот
Кога проклетие едно не мори
Кога страдание од раѓање не гони
Зошто ли зошто е потребно
pjesma je bez naslov,ako neko ima neki prelog slobodno neka kaze.
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
Masada
Administrator
avatar

Muški
Broj poruka : 11332
Godina : 55
Location : Zemun
Humor : Jok
Datum upisa : 05.10.2007

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   23/4/2010, 8:04 pm

А што наслов не би био: Једноставно без наслова ?

____________________________________________
Kuda tako žurno ti ratniče hodiš ?
Ka sudbini !
Nazad na vrh Ići dole
http://poezija.6forum.info
Masada
Administrator
avatar

Muški
Broj poruka : 11332
Godina : 55
Location : Zemun
Humor : Jok
Datum upisa : 05.10.2007

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   1/7/2010, 2:00 pm

Никодин Чернодримски ве поканува,да го преземете бесплатно новото,но и последното поетско дело"Ова не е Мојот ЛИк,Ова не се Мои Зборови"...сега зошто последно,со објавување на ова поетско дело,засекогаш го затворам едно поглавје на мојот живот,поетското перо,засекогаш ќе го фрлам во заборавот,додека инспирацијата,ќе ја умртвам,и угушам,да никогаш повеќе не излезе на виделина,и ме доведе во исклушение да творам,во наредниов период,само ќе ги завршам,прозните дела кои се во ракопис,,да засекогаш заборавам на творечкиот елан со кој сум бил исполнет, во изминативе години....единствено ,можеби ќе ги разочарам само оние,кои морале да ги читаат моите творби.

делото можете да го преземете од следнава адреса

http://cc.org.mk/index.php?option=com_docman&task=cat_view&gid=21&&Itemid=32


free download of the latest poetic work Nikodin Chernodrimski next site


изтеглите безплатно последната поетична творба на Никодин Чернодримски от следващия сайт



____________________________________________
Kuda tako žurno ti ratniče hodiš ?
Ka sudbini !
Nazad na vrh Ići dole
http://poezija.6forum.info
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   8/8/2010, 2:57 am


Ова е мојата тајна.



Ако некогаш го видиш темниот облак,тој предвесникот на бурата
Се смее кисело,невесело,со малку лукавост во себе
Намигниму исто како мене,ќе знам дека не си ме заборавила
А јас низ ветерот поздрав ќе ти пратам,еден пожолтен лист

Тоа ќе биде твојата мала тајна,ќе ја чувам и тука во бескрајот

Ако некогаш некој продава ефтини сништа,не ги купувај.
Празни се,со дождови ладни полни се,низ магли ќе те водат
Незнам од каде знам,но сигурно знам,непријателите ќе ме паметат
Пријателите со првата есен ќе ме заборават,но само ти ќе трепериш за мене.

Тоа ќе биде твојата тајна,ќе ја чувам и тука во бескрајот.

На крајот мој дознав зошто сум роден,сега го барам почетокот повторен
За тоа каменот зборува,земјата слуша,птиците раскажуваа,ти само гледај
Којзнае можеби ќе се скријам и во ружа некоја,мириснија добро во градината наша
Да би постоел повторно небесениот лик треба да го створам,да ме видиш со срцето твое.

Тоа ќе биде твојата тајна,ќе ја чувам и тука во бескрајот.

Простими вечерва брзам,ме бара тишината вечна,сака да и шепотам зборови непознати
Оставам трага влажна со солзава моја,чуваја тридена на дланките твои нема да исчезне
Не кажувам збогом,несакам песнава да биде тажна,несакам секој збор да те пече
Тргни во иднината,не се врти назад,не го гледај танцот на сенките,тажен танц играат.

Ова е мојата тајна,ја носам и тука во бескрајот.





Никодин Чернодримски
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   8/8/2010, 2:57 am





Избришано минато




Можеби јас не чекорам веќе,тоа мојата сенка се лизга само
Не,сега знам, пламенот од свеќата го брише минатото
Пенливата тага ја нема веќе на карпите ладни да стои
Она што остана ветришата ќе го раскинат на парчиња сто
Луѓето ќе прашуваат дали сум постоел некогаш и некаде
Во милиони минути,во многи лета ,и безброј дни
Каде уморено и папсано скитав и бегав од сомнежи туѓу
Понекогаш правеа да се чуствувам дека никој неможе да ме види

Можеби јас не чекорам веќе,тоа мојата сенка се лизга само
Не,сега знам,пламенот од свеќата го брише минатото.



Никодин Чернодримски
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
Masada
Administrator
avatar

Muški
Broj poruka : 11332
Godina : 55
Location : Zemun
Humor : Jok
Datum upisa : 05.10.2007

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   25/11/2010, 4:04 pm

Четири Невини Детски Очи



Кришум,како крадец го пречекорив прагот
На љубовта во која се колнеше дека и во третиот живот ќе живее
Бариери животни низ времето ќе пробива
За последен пат,со грст солзи го измив

Одрината беше тажна и малку овената
Ја видов набрзина во мугрите
Незнам,дали од студенилото утринско
Или од бигорот кој го расејував низ дворот.

Некаде позади мене остана топлата постела,и
Твојата скриена насмевка
Твојот триумф над 22годишната свежа хумка
Под кој лежеа стотици спомени.

Рече,наместо збогум,пред месечината да ми се насмевне за утеха
Пес скитник сум,скитникот нема дом
Ни пак стреата е достојна заштитник да му биди
Одиси,мирисаш на земја,а јас сакам живот.

Ги прибрав остатоците на деновите изминати
Во стариот куфер,малку избледен,но силен за товарот деноноќен
Моите воздишки таму ги ставив,со нив чемерот ќе го топам.

Зачекорив по улицата,мојот нов дом
Без огниште,ни пак трпеза ширна,со емиши полна
Без насмевки детски,подадени раце за прегратка.

И сега,и вчера,и завчера
Крај стерната маркова седам осамен
Во матната зовриена вода која клокоти
Болката што ја направи во тие четири очи да ја видам.

Низ ехото на нивниот далечен скриен ноќен плач да ја пиам
Во празните дамари,ете таму ќе ја собирам и сместувам
Требаше со идни насмевки и стотици весели утра да се полнат.

Тука нема мостови каде да преминам
Ни пак дождови кои лијат како лажни солзи
Времето тука е само поим
Минувачите случајни кои тивко ме одминуваат.

Невелам судбина било,велам згазен завет беше.

____________________________________________
Kuda tako žurno ti ratniče hodiš ?
Ka sudbini !
Nazad na vrh Ići dole
http://poezija.6forum.info
Masada
Administrator
avatar

Muški
Broj poruka : 11332
Godina : 55
Location : Zemun
Humor : Jok
Datum upisa : 05.10.2007

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   29/11/2010, 10:46 am


Волк Самотник



Во мислите твои ,волк самотник сум
Во пештери неможеш да ме најдеш
Кај ордите многу ги има не ме барај
Ни пак мегу дрвјата многулетни

Те демнам,не во сништата
Не на јавето
Не од спомените

Те демнам во болката моја
Со секој крик нем
Со секоја моја ладна воздишка

Од вчера до денес,стотина пати крикнав
Завчера,карпата ладна ме гонеше
И досадив со студенилото мое
Рече,достамие моето,
одиси во осојон со магли прекриен.

Во мислите твои,волк самотник сум
Таков ме наслика на платното недогледно
Ридовите сам ги создадов
Студенилото ти ми го подари
Некаде во долината каде сонцето грее
Осамена волчица со урлик довикува
Се плаши од осаменоста
И студенилото на карпите
низ урликот тагата ја лие,каскаќи зад ордата.

____________________________________________
Kuda tako žurno ti ratniče hodiš ?
Ka sudbini !
Nazad na vrh Ići dole
http://poezija.6forum.info
Masada
Administrator
avatar

Muški
Broj poruka : 11332
Godina : 55
Location : Zemun
Humor : Jok
Datum upisa : 05.10.2007

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   30/11/2010, 8:48 pm

Крадец себичен


Крадец себичен ми рекоа сум станал
Не знаеа навистина овие луѓе минувачи низ времето
Крадец себичен навистина станав
Крадав од виорот временски
Спомени ,со прав на заборав непокриени

Бурава пустинска ме плаши
Тука на пољанава со пиреј прекриена
Многу песок носи,и прашина со себе
Којзнае колку дебел пласт ќе направи

Посакувам повторно,да е недела ден
Годината не е важна,ни пак месецот
Важно е само утрото со насмевка исполнето
И некаде во тие насмевки напишани миговите идни

Простете,но навистина се занесон со мојата кражба
Сирените на злокобниот ветар се близу
Но морам да бегам некаде,но каде
Напред е келијата темна,бездна без дно.

____________________________________________
Kuda tako žurno ti ratniče hodiš ?
Ka sudbini !
Nazad na vrh Ići dole
http://poezija.6forum.info
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   26/2/2011, 8:27 am


Твојата сенка ја украдов


На самиот праг од ноќта сонот ме напушти
Јас и Ангелот,од каде ли се створи
Плачеме на каменов ладен
Незнам дали со тоа ја мирими тишината
Или веќе започнав буден да сонувам кошмари
Некоја бура подмолна ќе спрема
Тоа го вели Ангелот со погледот

Го прашувам онака човечки,дали навистина плаче,или е тоа производ на самотијава,некоја илузија која сега ја гледам,некој нов облик што досега не сум го видел,некој нов лик кој можеби треба да го научам да го врежувам во некој од ѕидиштава,како слика да виси извесен период
-не ,кажува со својата нежна смирувачка мисла...не јас неплачам,неможам и несмеам,ја замолив неродената пролетна роса ,истата онаа роса која требаше да роси во твојата раскошна и преубава градина каде ги негуваше твоите бели прекрасни рози,ја замолив ете тука да дојди и својата благородност да ја расфрли секаде околу тебе,да те ороси овде во ова студенило и те облее со топлина,знаеш...зборува сега малку налутено...знаеш за нејзината топлина,да те ороси насекаде и некаде во твојата сега сивопепеласта почва на која газиш,ја насее надежта,гледам дека мртвило те прегрнало,гледам само некоја црна крв тече низ твоите вени,гледам дека гневот те обзел,киптиш и се бориш со спомените како Црн Витез...ајде стани...сега навистина беше тажно да се гледа грчот на негово преубаво и нежно божествено лице,грчот кој се залепи....ајде стани од каменов ладен,тој и утре и задутре ќе биде тука,тука е вечно,стани и започни да одиш,со секој нов чекор росата капка по капка ќе те капи,оставиго студенилово нека владее со беживотните сенки...
Незнам ни самиот кој беше тој бес што ме обзеде во мигот,но навистина бев бесен,бесен во вистинска смисла,го отурнав грубо,грбот му го завртив и заминав,на заминување само го прашав.
-прости но сега неверувам веќе во тие роси,мојата градина е пепел сторена,ниедна роса сега не е моќна да воскресни и само една жила на таа земја,таму каде што газев сега нема место за мојата улога на градинар,јас заминувам во бескрајнава пустина на сурови денови,....гледај гледај...викав со некој нечовечки глас...гледаја колку е морничава онаа карпа,гладна е веќе три века,а јас морам да се прилепам на неа,да ја нахранам со мојата млакост што вирее.....и те молам одиси,оди во твојата димензија и оставиме мене да се покријам со темнинава.

Што ли стори Ангелот додека стоеше и немееше покрај каменот на кој седевме замене веќе небеше важно......

........Заминав
Незнаеш,додека спиеше тивко во постела
Твојата сенка ја украдов
На себе ја залепив со лепакот на еден единствен спомен
Тоа е мојата пустинска антерија која сила ќе ми дава
тоа е мојата свечена одежда со кој сум нагрнат
моите лити партали ми ги зеде
соголен вчера пред вистината стоев
можеби се покаав,но што сега вреди вреди.

Никодин Чернодримски 2011-Како Станав Лита Сенка-Стихозбирка




Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   26/2/2011, 8:28 am


Ќе те наречам мој најубав спомен



Ќе ти ја посветувам оваа песна Тебе
Од мене,за секогаш да бидеш сеќавање
Со женски лик
Со име кое ќе го шепотам додека ја мирам тагата
А потоа,потоа листот ќе го оставам на прозорот
Нека месечината ја прочита на глас
Знам,ѕвездите ќе слушаат треливо
Некоја можеби и солза ќе пушти
За мене и за тебе.

Сликата твоја сеуште ја чувам
Не е во ниеден албум
Не е на ниеден ѕид закачена
Ни пак покрај постелата ладна
Ја чувам,во едно мало парче од срцево
Тоа остана неповредено

Гласот твој го паметам
Низ црното вино што го пијам
Одекнува по вените
И тогаш малку среќен сум
Не ,не сум пијан од виното ако мислиш
Но секогаш после втората чаша
Ехото ми го носи шепотот твој

За очите ли сега да зборувам
Немирни се како брановите на Егејот
Низ темнината ги слушам како шумолат
И песната на галебите тука некаде одекнува
Ги мириш само со трепкање
Исто како што ја миреше мојата душа

Сега ќе те наречам мој најубав спомен
Со споменот болката ќе ми биде помала
Со споменот сонот ќе ми биде помире
Со споменот денот ќе ми биде посветол
Со споменот ноќта ќе ми биде поубава

Никодин Чернодримски 2011-Како Станав Лита Сенка-стихозбирка








Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
cernodrimski

avatar

Muški
Broj poruka : 34
Godina : 53
Location : skopje
Datum upisa : 18.02.2010

PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   26/2/2011, 8:29 am

Ја прашувам судбината


Ја прашувам судбината,а таа молчи
Дали налукувам на човечко суштество
Чуствувам дека станав бестелесна сенка
Или подобро сенка на мојата сенка
Осудена вечно ли,да се движи и ползи по земјата
Со вечен глад за изгубената љубов
И болно талкање низ ридови од болка

Како одговор
Го подотвора малку прозорот на времето
Со нежен ветар кој носи мирис на јоргован ме гали
Минал низ градината твоја
Каде седиш на плетен кауч од бамбус
Читаќија твојата омилена љубовна приказна
Те гледам навистина,со срцето,или тоа што наликува на него

Барем научив
Невреди да се трудиш да им се допаднеш на луѓето
Од тоа имав само штета
Понекогаш од ова и разни сознаниа
Се чуствувам,затворен во камен саркограф сум
Птица без криља
Волк самотник без шума

Не му судам на никого
Ни пак ќе му судам некогаш
Очите ,можат да излажат
Не сум вообразил никогаш,ама никогаш
Дека човештвото ми е должник
Некои ме гледаа така

Тука,во ладнава бесчуствителна самотија
Имам потреба да се смеам
Но,смеата и јас сега сме два различни света
Одалечени со километри
Разделени со планини со високи врвови
Со реки во кој тече матна и бучава вода

Болката од спомените
Ме пронижува,ме пара.ме сечи
Извикувам напати,зборовите стануваат ехо морничаво
Ги мразам спомените
Исто колку што се мразам себеси
Исто колку што ја мразам самотијава

Си бил слеп
Повторно извикува Судбината
Сеуште не си подготвен да се враќаш во минатото
Гледаш дека болката таму те чека
Причекај љуњиве збеснати нека се смират
Ќе ја видиш во новото утро патеката твоја
Сега
Сега си сам,не се грижи дека ќе повредиш некого
Бесчуствителна е тишината
Не се издаваш себеси со тоа
Само понекогаш,наслушниго гласот што одзвонува
Во длабочините на твојата душа
Мислеше дека е одамна мртво.

Сега се поклонуваш пред Богот на сонот
Живееш во царството на сенките
Одиш меѓу свесното и несвесното
Избегано животно си станал
Се плашиш дека твоите ќе те раскинат
Па скиташ по пустинава деноноќно

Повторно судбината се огласи
Сега научи,самиот да ја бираш болката
Кога остануваш без зборови
Со денови,со недели,со години трпеше
Невиде дека стана сечиј жртвен јарец
Емоциите те совладуваа,и кога се тресеше од бес и гнев.

Те слушав напати
Како ги проколнуваш ветриштата кога те шибаа
А ти само молитва една кажуваше
Сакаше да ти биде топло во прегратка
Шепотеше со гнев кон небото
Зарем нема вистинска ѕвезда во бескрајот
Која ете,својот оган да го подели со мене

Пехарот свој да ти го подаде
Амброзија да пиеж жедно
Ете тоа беше твојот копнеж
Да гледаш во тие очи,во кој нема бес,нема презир
Недознаа тие очи дека воопшто постоиш
Не го сонуваше твојот сон
Сонуваше надреални туѓи мигови

И повторно се огласи
Те гледам во тунелите на времето се криеш
Со студенилото гробно се прегрнуваш
Мирисот земјин го вдишуваш
Што бараш тука, извика во вик на грмотевица

Не си роб на љубовта
Ни пак нејзин вечен должник
Беше лојален поданик
Подадија раката
Препознаја добрината
Вистината ја спозна
Ти давам избор,тргни најдија твојата заспана душа
Ѕвездите нетреба да плачат
Тие треба да се смеат
Тргни најдија твојата ѕвезда
Без неа и на сонцето да живееш ќе ти биде студено
Тоа е твојата конечна судбина


Никодин Чернодримски 2011-Како Станав Лита Сенка-стихозбирка
Nazad na vrh Ići dole
http://www.nikodin.hit.bg
Sponsored content




PočaljiNaslov: Re: Tragovi snova - cernodrimski   

Nazad na vrh Ići dole
 
Tragovi snova - cernodrimski
Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Nazad na vrh 
Strana 1 od 1
 Similar topics
-
» Tragovi snova - cernodrimski
» Na plaži snova
» Kankun - destinacija iz snova
» Od nadanja i trazenja do snova i jave
» O cemu razmisljate pred spavanje?, Uvertira u carstvo snova.

Dozvole ovog foruma:Ne možete odgovarati na teme u ovom forumu
LJUBAV, SMRT I SNOVI :: Naša autorska dela- piše se i čita u temama ispod naslovne :: Poezija-
Skoči na: